Простувам...секогаш можам да простам.Му фрли око со омраза на срцево,го удри ко да е најгрдата бижутерија и го фрли далеку од тебе и луѓето околу тебе.Сепак,златни срца не постојат,срцата се стаклени.Еднаш можеш да ги скршиш,но секој нареден пат кога ќе пробаш да ги удриш ќе искрвариш.Мило ми е што сум со скршено срце,сам и доволен на себе си.
Толку изгубено време,а денеска сфатив дека идеалот и чистотата треба да престанам да ги барам,дека се во мене,само треба добра личност да застане до нив и да ги цени и да знае да им се восхитува.Не станав егоист,ниту поданик на суетата,ама излегување и неколку чаши рум ми го покажаа лицето на паганизмот,паганизам присутен кај сите,паганизам каде што се поклонуваат на сечии колена а им ја придаваат душата како жртва.
Општествово стана ко некој пантеон на повеќеличноста,алчноста и измамата,а сите забораваме дека имаме еден вистински во нас,кој оставаме времето и туѓата жед да го еродираат.Денов не ми беше обична сабота,беше од оние ретки саботи кои најмногу ги сакам,скоро цел ден сам во соба со погледот вперен во таванот и во душава размислувајќи што и како понатаму.Сабота ме изгради како личност и сабота си ја посветувам на себе,ден на бистриот ум,одморено тело и добро поткована иднина.Фала ти животе.