Дали знаете да простувате и колку често го правите тоа?

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Дали знаеш дека непростувањето е најголемиот грев!??
Незнаев и јас но предмалку гуглав нешто по тоа религиите, духовноста и најдов една тема за гревови....така да обиди се да простуваш;)
Инаку? Ќе горам во пеколот?
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
Навистина незнаев!
Всушност, не е најголем. Вака се класифицирани: Гордост, Алчност, Сладострастие(копнеж), Завист, Дрчност, Ненаситност, Лутина(бес) и Мрзливост. :) Ама да знаеш, ги нема овие во Библијата. После ги имаат „накалемено“ на христијанството :) Така да, чим не ги кажал Исус, нема @existence да гори во пеколот :)
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253

хахаххаааааааааа..а тебе ти е за негоооооооо:roflда не горел:D..ај добро ке му простиме и ке се молиме за него да не гори..инаку колку што прочитав има 7 најголеми гревови каде непростувањето и прв а пота останатите, незнам само од каде ти ги извади осум..
 
Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,849
1,153
хахаххаааааааааа..а тебе ти е за негоооооооо:roflда не горел:D..ај добро ке му простиме и ке се молиме за него да не гори..инаку колку што прочитав има 7 најголеми гревови каде непростувањето и прв а пота останатите, незнам само од каде ти ги извади осум..
Еее, еден од ракав си извадив, по втор пат ја кажав алчноста од невнимание, ама како „ненаситност“ :)
Прв грев е Гордоста. И тоа се поврзува со еден апокриф и уште многу други приказни за тоа како сатаната ради гордост(паднатиот ангел) е оцрнет и паднат во пеколот, подземјето :).
 
diva orhideja

Член со 30 казнени поени
26 февруари 2014
2,224
1,747
253
Еее, еден од ракав си извадив, по втор пат ја кажав алчноста од невнимание, ама како „ненаситност“ :)
Прв грев е Гордоста. И тоа се поврзува со еден апокриф и уште многу други приказни за тоа како сатаната ради гордост(паднатиот ангел) е оцрнет и паднат во пеколот, подземјето :).
Интересно, убаво би било да отвориш една темичка за гревови наместо да кажуваш каква боја на коса има женати....ова е само за шала последново.
 
Alaysa

Полноправен Член
17 декември 2015
68
15
18
Да, простувам секогаш, но максимум еднаш, и ако видам дека стварно некој се кае за нештото. Пошто ако си способен да ја направиш истата грешка што ти е простена нема логика да ја простувам и по втор пат. Ако личноста ја направи грешката по втор пат може и по трет и четврт и незнам уште колку, така да :)
 
●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Простувам секогаш, често..
Не заборавам и не наговарам пак за сторената грешка ама доколку човек искрено се покае..
На 90% од луѓето што ми згрешиле и што прошка побарале сум им простила и не се каам за тоа..
Мирна ми е душава. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica and malo

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Имам еден жолт картон за луѓе кои шо ете по некои пресметки сум проценил дека ќе се управат некако.А за непоправливите само црвен картон и клоца ( и враќање дупло) од мојот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Ох, па јас се мразам бре за ова.
Ич не сум злопамтило, знам дека секој може да згреши, па попуштам кога-тогаш.
Јес да ако ми значат, се лутам доста на почеток (во зависност од “штетата“), ама после ми мине.
Доволно е некој само да се покаже ко човек и дека навистина се кае, за да помине.
Нормално, неќам да дозволам да ме прават будала и си има и такви што од прва сум ги збришала од животот, ама сепак давам многу, премногу шанси. Но ако тие упорно си ги прокоцкуваат и продолжуваат по свое, трпам одреден период со надеж дека ќе се смени, ама затоа кога ќе ми пукне, прелесно ми е да ги збришам.
Што фино било кога си помал и наивен. Да не ја отворев темава, немаше да видам како пред речиси 4 години сум се тешела дека е вака лесно. :zelen
Е сега, зависи од сериозноста на ситуацијата, ама сфаќам дека ги бришам луѓето пошто не можам целосно да им простам. Тоа, или ако останат, односите никогаш веќе не се исти и секогаш ќе имам доза одбивност и недоверба кон тие ликови. Факт е дека ми го тепа егото некој кога ми потценува памет, а тоа не трпам.
Секогаш иде период кога направеното веќе не те боли, ама и секогаш истото ќе го поврзуваш со негативни чувства.
А тоа, за мене, не е простување. Не знам дали човек навистина простува или само се помирува пошто не може да го смени тоа што прошло. Не за друго, туку знам дека во над 90% случаи, секој е свесен и одговорен за своите акции, па вреѓа само ако пробаат да те направат будала со изговори дека они биле немоќни, виши сили вмешале прсти, итн. итн. Важи. (y)