Од зависност на степенот на душевната болка што ќе ми ја предизвикаат, знам да простувам, да прогледам низ прсти, трпелива и разумна сум во одредени ситуации дури и многу повеќе, меѓутоа ако некој ја премине границата тогаш јеби си матер.
Јас не сум Исус, со надмоќи, да ме злоупотребуваш, да ме распнеш на крст. Да ме повредуваш, а јас да простувам секој пат. Кога ќе ми дојде преку глава ќе те измарширам од мојот живот и толку. Било кој да е, вклучувајќи ја и родената мајка. Па и татко. Ако веќе морам, нит простувам, нит сакам да ги видам понатака во мојот живот присутни.
Како што јас пазам и гледам да му удоволам секому, сакам со иста мера да ми возвраќаат. Во реалноста секој мој збор што го кажувам, е внимателно одбран, се со цел од спротивната страна не ме сфати погрешно или го навредам и слично. Е толку сум внимателна. Сум била во многу ситуации каде што морав да простувам за да биде понатака се како што треба, ама ставив прст на глава, каде јас згрешив се запрашав, што морам јас да простам за нешто?! Нека ми опростат тие, што сега ќе кренам еден бунт и неќам никад во живот да ја видам таа особа пред мене. Се претворив во лавица, се` изнакажав и што мислам и не мислам, на крај ја плукнав у фаца и ете ја таа особа, 8 години не се појавила пред мене, а нит да крене телефон.
Е, зашто 8 години не ми опрости за тоа?! ...а претходно и опростував за се, буквално... „Ако-Ако, така е- така е, бело е-бело е, црно е-црно е“... Епа нема више така, не е нит бело, нит црно, а најмалце ако.
Ми ја сфаќате поентата на муабетот?! Тоа е тоа. Затоа луѓе не е убаво секој пат да се опростуваат за работи, на некои лица, што воопшто не ни заслужуваат да се дел од вашиот живот. Па и без разлика, општо за опростувањето.