Што мислиш, дали сум во право или не, треба да се отвори категорија на Скокачи, кога некој модератор ќе го "нападнеш" одма друг модератор скока во одбрана а не е ни прозван(а дали е во право или не, тука нема тоа).Категорија за најдобар хумор, заборавиле да стават црн хумор, досега на листата видов предложен само способен од најцрниот(бели нема одамна).Категорија на форумџија висачи...има уште многу категории што фалат....изборот ма модератори неуспешен, нема никакви подобри резултати......
@alf зареми ти и
@Abraxas не сте ставени во религија????
Во право си, еден со друг се штитат и тоа не е толку лошо, ако нека се штитат ,но тоа што е симтоматично e што не умееат да си најдат место на форумот.
На пример,
@Outrider има многу добра смисла за хумор, умее да се нашали и во негов стил иронично да ја поврзе смеата со реалноста..би бил одличен во темата за хумор или играчница, воедно познавањето на спортските настани му е уште еден поен да го води пдф спорт.Таму најдобро би делувал,едноставно ќе си пронајде место на форумот кое најдобро му лежи.
Во религија,
@Electra , беше одличен модератор, секогаш знаеше кога треба да реагира кога јас и
@Abraxas се препукувавме со што двајцата веднаш реагиравме на тоа, покажувајќи респект спрема неа.Исто така имаше квалитетни мислења, потикнувајќи размислувања кај сите членови кој го посетуваат пдф религија.
Незнам од која причина ја сменија,но ако е тоа нејзин избор, во ред е.
Поентата е секој да си најде место каде ќе делува според својот стил на живот и она што го исполнува.
Така да,неможеш да ставиш подбуцнуваш,шегобиец и мајтапчија во пдф каде имаш осетлива темата како што е верување,приоритет ни е да се зголеми членството,да има поголем број мислења,па нека има и препукувања,но сето тоа во рамките на правилникот.
Еве на пример имавме член
@balerina која проба да си искаже во што верува, веднаш како волци и се нафрлија со што членот веќе не е присутен, (ова само како пример)
За жал сега имаме гарнитура која сеуште го нема најдено своето место , да се надеваме дека набрзо ќе направаат соодветен избор и ќе ги распределат модераторските места според категории кој ќе одговараат на членовите со пдф што ќе го модерираат.
Сите сме различни,но и за сите има место, да не дозволиме да се фаворизираат еднолични членови.