Чет муабети (ти реков-ми рече)

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
  • Ми се допаѓа
Реакции: Io Sono and Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Исто ко твоето и на другарчињава твои посебно @Outrider мислам човекот и во сон се расправа со мене што и да пишам ќе најде начин да сврти за политика или да ме спомене мене.

Болдираното е во доменот на хард кор научната фантастика.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Имам километарски импресии од местово. :zelen
Фино местенце, ама многу неорганизирано. Се познава дека штотуку пркнува на туристички план.
Не знам, имам чувство дека на луѓето таму им недостигаат некои основни манири на повеќе полиња.
Пред некој ден се вратив, бевме сместени во Нов Дојран поради недостаток на смештај, па не начекаа и самите да си платиме за туристичка такса...не знам дали е пракса тоа, ама бар досега други ни немаат барано.
Имаат само две таксиња. Две! И истите користат да ти земат 100 денари за 4-5 км...ама со оглед на тоа што минимум два пати во денот моравме до град и назад, пешачењето и не беше секогаш најпаметна опција. Од вкупно 5-6те таксисти во двете места, 4ца беа арогантни. Речат дека ќе дојдат, па ги нема по час-два, бркаат други патници, бараат по 200 денари ако сме сакале да ги резервираме однапред...последниот не сјеба и на автобуска да не однесе, среќа автобусот мина откај нас, иначе ќе се замиевме за враќање. Постариве келнери се исто некако збунети, изгубени, се расправаат со муштерии, им се познава нетрпеливост на лицето ако прашаш нешто, еден гледа минува мајка со количка во тесно, меѓу две маси, тој се втурнува да пројде истовремено со неа.
Ако оди човек пешки од Нов до Стар, 4 од 5 коли ќе му свирнат. Не знам, може е поздрав од љубезност, ама да добивавме 10 денари за секое свиркање, ќе си ги покриевме трошоците за такси...или бар да беа љубезни да прашаат да не треба превоз, кога веќе се наканиле да освојуваат. :D
Тоа за народот.
Местото, ко место, е фино. Луѓето што беа периодот, му дадоа убав шмек и позитивни вибрации. Тоа вредеше.
Водата е топла, малку зашљакана од алгите, ама воглавно океј. Се осеќаш ко Исус кога одиш сред езеро, а водата ти е едвај до половина. Кејот ми се допаѓа, пријатен е за шетање, пазарчето и маркетите имаат фини продукти за солидни цени. Е, али никаде нема T-Mobile ваучери. (worried)
Воглавно, цути користољубие. Цените на Д Фестивал беа смешни...кога им стана јасно дека пијан народ бара вода, магично никна понудата 2л флаша за 250 денари. Не ме јеби...златен Бер Грилс ќе си бидам.
Отидов, видов...да не е фестивалот, никогаш повеќе не би стапнала.

Не спомена ништо за комарците, легендата вели дека Дојран бил познат по посебно крвожедни комарци :zelen
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Не спомена ништо за комарците, легендата вели дека Дојран бил познат по посебно крвожедни комарци :zelen
Абе, знаш оно као...не идат по лоша, секташка крв. (smoke)
Не знам, мене ниту еднаш не ме касна ништо, а користевме и Аутан. Тоа, или не осеќав чешање од што бев препржена и лепрозна. :D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Другар ги глеаше у Србија коа отвараа за Maiden, настапиште!
(envy)
Ме настрви да му љубоморам. Сеа по Америка ќе идат, ќе се замијам...

Патем, хепи брдеј и само убавини! (party)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Solstice

Solstice

Nujabes
28 август 2012
1,406
1,537
1,133
32
(envy)
Ме настрви да му љубоморам. Сеа по Америка ќе идат, ќе се замијам...

Патем, хепи брдеј и само убавини! (party)
Фала чедо, се надевам и јас некогаш дека ќе ги гледам во живо. Патем, фаќај ова!

 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Брат не го сфаќај ова како причина за расправија омраза но кога некој ќе одговори на некоја тема која е за вистинска дискусија со океј, да, не, нз и ништо повеќе ми личи како да си билда мислења
Бар образложи зошто не :-P
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
Брат не го сфаќај ова како причина за расправија омраза но кога некој ќе одговори на некоја тема која е за вистинска дискусија со океј, да, не, нз и ништо повеќе ми личи како да си билда мислења
Бар образложи зошто не :-P
Не е штетен бидејќи секој роден Македонец треба како прво да си ја поштова националноста бидејќи е роден како таков, никој не смее да ни го земе ова парче татковина што ни останало и според мене продавањето на националноста и добро познатото пишење Бугарин за подобар материјален живот не те прави богат, богат си кога го имаш она што е твое и го почитуваш и не само националноста тука е и мојата религија јас сум роден православен христијанин и таков ќе останам не треба работите да ги менуваме според мене грев е да не се бориш за својата нација, име, религија!
И не е расправија само си кажав мое мислење ете ова се крие под моето НЕ.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Makedonec