Со сегашниот партнер околу една година комунициравме и се дружевме а сега сме заедно 3 месеци. Но проблемот e тоа што некако ни се изменија односите т.е тој стана поладен спрема мене и поретко комуницираме. Пред 3 недели се видовме и разговаравме за тој проблем и ми рече:Jaс не сум бил обврзан на тој начин да имам сериозна врска,туку само да се гледам онака без обврска.Јас гледам и сум свесен дека тоа е нечовечно што ти го правам,се однесувам како да имам 15 год. те повредувам и ти е тешко,но ете ти го реков проблемот и за тоа би сакал да ми дадеш време да променам некој работи кај мене но да продолжиме со комуникацијата. Јас го прашав да не има некои нерасчистени чувства или сл. и на тоа ми речe:Со минатото ми е се разрешено. Со бившата што ми беше пред 3 години имам комуникација нема што да те лажам но пријателски однос бидејќи ако ја сакам ќе бидам со неа а не со тебе да разговарам а исто и со таа што ми беше пред некој месец.
И од кога разговаравме кога комуницираме кога не и не знам што да правам. Го прашав како му оди ми рече дека пополека се ќе се среди и дека кога ќе се видиме ќе разговараме на таа тема не преку фб. Ве молам за совет бидејќи викендот би требало да се видиме а многу ми значи и страв ми е да не сака да прекинеме.
Извинете за одвоеното време. Поздрав!