Во склоп на теориите за етничка и национална припадност се и одредени стереотипи кои постојат во поглед на луѓе кои себеси се идентификуваат како припадници на одредена група која ја именуваат како нација.
Веројатно за сите `етнички` заедници во светот постои по некој стереотип иако тие се разликуваат по квалитет, па така имаме стереотипи за храбри, чесни, работливи народи а од друга страна за корумпирани, скржави, примитивни, глупави... па дури и сексуални ориентации се во игра (грците, нели).
Во случајов да ги разгледаме стереотипите за рајата која вирее на овие 25.713км2 познати како РМ. Иако не мора да се ограничи дискусијата само на нив. Секако јас кога отворам тема имам склоност и сам да реплицирам на неа па вие како сакате
Дали има вистина во стереотипот за трпеливото македонче? Дали дури и не се работи за стереотип туку за вистина? Имајќи ппредвид последните неколку години од кризата во 2008 и сите протести, демонстрации и бунтови кои се случија низ цел свет, вклучително и Балканот и Источна Европа како региони блиски по менталитет и стандард на овдешниот - јасно е дека РМ е своевидна Оаза каде нема никакви проблеми. Или дека Трпе не случајно е сосема оригинално име.
Дали се доживувате себе како припадници на трпелива раја?
Кои сé стереотипи ви се познати за Македончето, па и останатите народи?
Колкава е вистината на истите?