Колективни стереотипи

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Не е до гените дека ако си роден во Македонија ќе имаш трпеливост,и црнец да би се родил во Македонија и одгледан во овој менталитет би го имал истиот како и сите останати што го имаат овој менталитет.Поточно кажано,заедницата влијае. Незнам дали проблемот е што Македончето никогаш немало своја татковина,секогаш поробувано и оставано на другите да владеат,преголемиот страв и закани,се доста видливи и денес.Кажете колку се осмелиле работници во некоја робовска конфекција да се побунат за платите што ги земаат од 6500 денари? Сум правел муабет со луѓе, земаат плата од 8500 денари од нив дел мора да вратат на тој начин работодавецот е чист пред законот а платите сепак ги намалува. Не сакаат да се побунат, изговорите се секогаш исти “Ќе ме избркаат,кај ќе барам друга работа, никој нема да се согласи на тоа, побрзо ќе не издај некој дека ќе се буниме него ли да се организираме...“
Секогаш истиот страв,истите причини : Предавство,Скратување на основните ресурси за живот,Трпеливост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and existence

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Темава ќе да ја има истата намена ко темава.
Да ги спојувам или да ја тераме оваа во насока на „специфичностите“ на Македончето, па после според контекстот да ѝ најдеме соодветно место?

Нека остане посебна тема бидејќи не е само за трпеливоста, може да се смени насловот - `колективни стереотипи` или нешто слично, не знам какво име да се стави...повеќе е околу стереотипите за поголеми, масовни колективи и дали се оправдани.
Секако со акцент на маќедончето и поимот за трпеливост од едноставна причина што судбината била сурова и сме се родиле тука па имаме најдобар увид во тоа... За власи,евреи и шкоти е лесно, се е` тоа скржаво до смрт :D

Исто и дали луѓето се идентификуваат со замислените или реални особини како припадници на одредена група, во случајов етничка или национална.

Затоа пак има телемити, тие се релативно нова група и целосно се идентификуваат со имагинарните вредности кои ги прокламираат. Но има една значајна разлика, македонче или било што друго се станува по дифолт, со раѓање, нема избор, а за телемитство има избор, тоа е доброволна заедница. Дали припаѓање кон дифолтна и доброволна заедница може да е конфликтно? Дали Албанец може да е телемит и обратно ?

th_template-philosoraptor.jpg


Не е до гените дека ако си роден во Македонија ќе имаш трпеливост,и црнец да би се родил во Македонија и одгледан во овој менталитет би го имал истиот како и сите останати што го имаат овој менталитет.Поточно кажано,заедницата влијае. Незнам дали проблемот е што Македончето никогаш немало своја татковина,секогаш поробувано и оставано на другите да владеат,преголемиот страв и закани,се доста видливи и денес.Кажете колку се осмелиле работници во некоја робовска конфекција да се побунат за платите што ги земаат од 6500 денари? Сум правел муабет со луѓе, земаат плата од 8500 денари од нив дел мора да вратат на тој начин работодавецот е чист пред законот а платите сепак ги намалува. Не сакаат да се побунат, изговорите се секогаш исти “Ќе ме избркаат,кај ќе барам друга работа, никој нема да се согласи на тоа, побрзо ќе не издај некој дека ќе се буниме него ли да се организираме...“
Секогаш истиот страв,истите причини : Предавство,Скратување на основните ресурси за живот,Трпеливост.
Којзнае, ако мислиш на постоење на национална држава маќедончето ја има од 1944... и воопшто сите `народи` имаат `домовини` не постари од 250 години откако идејата за нација-држава се појавила на сцената. Пред тоа поими како татковина биле непостоечки, имало власт, цар, богаташи, попови - и раја...
Хаити има држава-нација веќе 210 години но сепак е болесна дупка. Шкотска и Велс не се држави одамна арно ама...
Можеби проблемот е на друго место.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra

Podem

Староседелец
15 февруари 2012
363
356
1,063
300.000.000 BC
Којзнае, ако мислиш на постоење на национална држава маќедончето ја има од 1944... и воопшто сите `народи` имаат `домовини` не постари од 250 години откако идејата за нација-држава се појавила на сцената. Пред тоа поими како татковина биле непостоечки, имало власт, цар, богаташи, попови - и раја...
Хаити има држава-нација веќе 210 години но сепак е болесна дупка. Шкотска и Велс не се држави одамна арно ама...
Можеби проблемот е на друго место.


Не мислев на држава создадена на тапија, поточно она што го мислев е ЗАЕДНИЦА ОД ОДРЕДЕНА ГРУПА НА НАРОД СО СВОЈ ЈАЗИК,КУЛТУРА ОБИЧАИ И ВЛАДЕТЕЛ.
Во македонија не опстојувало долго време тоа,разно разните војни,влијаниа окупации мислам дека придонесле да има ваков лош менталитет македончето.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Не мислев на држава создадена на тапија, поточно она што го мислев е ЗАЕДНИЦА ОД ОДРЕДЕНА ГРУПА НА НАРОД СО СВОЈ ЈАЗИК,КУЛТУРА ОБИЧАИ И ВЛАДЕТЕЛ.
Во македонија не опстојувало долго време тоа,разно разните војни,влијаниа окупации мислам дека придонесле да има ваков лош менталитет македончето.

Можно е, но се сомневам бидејќи постојат `народи` кои биле подолго во ропство, немале `свои` држави т.е. нивниот владетел не го им го зборувал јазикот а денес имаат многу поголема социјална свест и се избориле за многу поголем стандард од овдешниот. Ирска е пример. Па и оние од погоре кои и ден денес немаат држава.
И да имало држава маќедончето пред 100 или 200 години таа ќе била тиранија полоша од Отоманската. Премногу се идеализираат т.н. `борци за слобода` за кои би се знаело какви би биле тек ако дојделе на власт. Па така можеби Ј.Сандански би имал сметки во швајцарија каде би ги депонирал средствата собрани од корупција...:kafe

П.С. Зошто претходниот пост е искасапен од модератори?! Da fuck?
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
П.С. Зошто претходниот пост е искасапен од модератори?! Da fuck?
Јас го едитирав по забелешка на друг модератор. Темава опфаќа секаков вид стереотипи, но нема потреба од реченици од типот
„штета нема шиптарчиња овде, тие се вакви/онакви“.
Постојат многу други зборови со кои може да се долови истата поента.

Внимавајте дечки на речникот при окарактеризување на стереотипиве, да не навлекуваме закачки непотребно.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Pica pica

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас го едитирав по забелешка на друг модератор. Темава опфаќа секаков вид стереотипи, но нема потреба од реченици од типот
„штета нема шиптарчиња овде, тие се вакви/онакви“.
Постојат многу други зборови со кои може да се долови истата поента.

Внимавајте дечки на речникот при окарактеризување на стереотипиве, да не навлекуваме закачки непотребно.

Тоа во спојлерот не сум го напишал воопшто, пишуваше дека лицата од именуваната група се повеќе подложни на колективна идентификација. Што е и една од поентите на муабетот.
Дали има форумско правило кое забранува користење на поимот од спојлерот? Тој поим инаку е и официјален со кој наведената етничка група се декларира себеси.

Shqip(ë)tar (plural: Shqip(ë)tarët, feminine: Shqip(ë)tare) is an Albanian language ethnonym (autonym), by which Albanians call themselves
http://en.wikipedia.org/wiki/Shqiptar

Дали речникот е непримерен само во контекст на таа етничка група или и поимот `евреј` би требало да се цензурира?
Секако, се извинувам ако ги навредив непостоечките членови на форумот од именуваната етничка заедница.

П.С. Ескимите се за никаде, инуитите се појаки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur

Благодарам, но за етимологија може нова тема да си отвориме, ако веќе не постои. И не можеш да знаеш дали има или не некој од наведената група.
Можеш едноставно да ги нарекуваш Албанци, ништо нема да те чини. И црнците меѓусебно се викаат нига, па белец го јаде стапот ако ги нарече така.
Што се однесуваше до мене, го оставив, но штом некој нашол забелешка дека има зајадлива конотација и не треба така да стои, а истата држи вода, мое е само да ја спроведам. Ако има уште нешто, имам ПП и профил, да не ти ја тераме темава кај што не треба.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Има такво правило црно на бело на црно-бело или тоа е самоцензурирачки рефлекс роден од потребата за `модерирање`?

Нигер бил погрден израз кој го користеле робовласници и слична весела раја, официјален назив за црнци во САД е афроамериканци како што официјален назив за албанци е *******. Сакаш да кажеш дека официјалниот назив на оваа етничка група на сопствениот им јазик е навредлив? :kafe

Сериозно, раја го пријавила постот ради наведениот поим? :eek: Можеби е некој од именуваната група па ете се навредил. Иако се сомневам.
Што не носи до уште една ствар кој преминува од стереотип во реален опис на припадник на одредена група.
Маќедонче = кодош.
True or false?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Сериозно, раја го пријавила постот ради наведениот поим? :eek: Можеби е некој од именуваната група па ете се навредил. Иако се сомневам.
Што не носи до уште една ствар кој преминува од стереотип во реален опис на припадник на одредена група.
Маќедонче = кодош.
True or false?
А Македончето има маана секогаш да се докаже дека е во право? Да/не? :zelen
Замисли, не сите толерираат таков речник. А ко некој што пола град го дели со наведената група, со глава ти тврдам дека зољата и ножот на лице место може да заиграат без око да им трепне ако им се обратиш со тој израз. И тоа не е ни стереотип, за жал, туку чиста реалност.

И да не биде цело време само ти солам по темава, „кодошењето“ за постот си беше добра забелешка, ама дека општа слика за Македончето е дека е кодош - е.
Ќе кодоши, ќе се упикува и улизува дури има полза, црева ќе ти се превртуваат од лицемерието што ќе го гледаш од страна...и на крај, кога ползата ќе престане, ќе заврти грб. И обратно. Кај што се плука - се лиже, па ако треба и по х пати.
Што не води до нешто трето - дали навистина го имаме оној цврст карактер т.е. свое јас? Нели, лавовски срца...
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А Македончето има маана секогаш да се докаже дека е во право? Да/не? :zelen
Замисли, не сите толерираат таков речник. А ко некој што пола град го дели со наведената група, со глава ти тврдам дека зољата и ножот на лице место може да заиграат без око да им трепне ако им се обратиш со тој израз. И тоа не е ни стереотип, за жал, туку чиста реалност.

И да не биде цело време само ти солам по темава, „кодошењето“ за постот си беше добра забелешка, ама дека општа слика за Македончето е дека е кодош - е.
Ќе кодоши, ќе се упикува и улизува дури има полза, црева ќе ти се превртуваат од лицемерието што ќе го гледаш од страна...и на крај, кога ползата ќе престане, ќе заврти грб. И обратно. Кај што се плука - се лиже, па ако треба и по х пати.
Што не води до нешто трето - дали навистина го имаме оној цврст карактер т.е. свое јас?

Сум слушнал за тоа дека се навредувале, иако сум присуствувал на сцени каде поединечни припадници на наведената група не се навредиле при спомен на тој израз. Некои викаат дека се вреѓале само ако се во во група и само ако се повеќемина од навредувачите но не сум сигурен, може да е стереотип.

Сепак постојат луѓе кои се навредуваат на споменување на нивната група на нивниот матичен јазик. Веројатно единствени во светот. Можеби потсвеста ровари па се навредени од самата припадност кон својата група. Ионака дифолтната припадност е сериозно забегана работа, без разлика дали е религиска или секуларна и слободно може да се каже, извор на зло.

Кодошењето е вековна традиција на овдешната популација која продолжува со несмален интензитет и во новата вечна транзиција. Колку луѓе изгубиле позиции, работа, здравје, живот.... може само да се нагаѓа. Познатиот Голи Оток бил полнет со раја која ја накодошиле поради лични интереси и непријателство, без никаква врска со политика или идеологија, посебно оние кои отишле оттука... Нормално, мора да е и системот таков да фаворизира кодошење. Таков бил и во турско и во српско и во југословенско а таков е и сега.
А глобално, the police likes the kodosch. Наспроти сериите со паметни детективи кои дедуцираат и кршат кичми, најмногу случаи се решавале благодарејќи на поткажувачи.