Колективни стереотипи

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ниеден проблем не може да се реши со дискусија на форум, ако тоа е предуслов тогаш целата виртуела треба да згасне. Освен Анонимус, Сноуден, Асанж и дејт сајтовите:)
Сепак некаде некој треба да почне да размислува во тој правец, не за друго - гледаме до каде стигнува лудилото на `навредените` и на хунзите.
Јас како горда етничка Мумија се грозам од стереотипите кои Холивуд ги пласира за нас, ама тоа е веќе друга тема...
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Lets just save it for a couple of beers.
Јасно е дека не може да се реши, но може да се создаде. Зависи кој како ги гледа работите.
 

МалиСашко

Истакнат Член
12 јануари 2014
466
347
173
31
домче
Мене ми се врвна работа...И ектремно сум ЗА. Во секој од нив има доволно вистина за некогаш да ти засмета.
Во секој случај... практикувам водење според нив. Си имам категории кои не ги сакам и ги избегнувам. Просто - место да се ставиш во неповолна ситуација, одбегни ја комплетно! Па сега вие како сакате сватете.
 

Точка

Истакнат Член
20 декември 2013
41
69
318
Мислам дека сосем ни одговара името Трпе, и тоа не заради тоа што сме трпеливи - наместо утре, ќе бидам трпелива, ќе чекам да ми го вратиш заемот другиот месец, туку затоа што сме се навикнале постојано да трпиме, и тоа дури и ни е нормално. Од внатре ќе вриеме - ама ќе трпиме. Сме имале право да се побуниме, за добивање барем минимални плати предвидени со закон, за платено пензиско/здравствено осигурување без скусувања, за подобри услови во студентските домови/училиштата... за се’ имаме право, ама подобро ќути си, терај дури се тера, не можеме ние ништо да смениме - што до некаде и држи вода. На ум прво што ми паѓа - за капиталистите. Имаме дупки во законите, во нивна полза. Им се даваат можности за забушавање - па си користат. Од таквите случаи, се губи надеж за сите други. Ќути и трај. Така и не’ воспитуваат - не можеш ти сите/се’ да смениш... Трпи си.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во услови кога егзистенцијата е условена со припадност кон одреден ентитет и исполнување на барањата кои тој ентитет ги поставува, дилемата околу стереотипи делува сувишно.
Возрасни луѓе кои се одрекуваат од својата индивидуалност за одреден, најчесто ситен интерес - според мене се одрекуваат и од човечкиот род.
А каде припаѓаат ако не во човечкиот род?
Не би сакал да ги навредам хиените и лебарките со споредби, затоа би рекол дека стануваат дел од една нова, сива зона.
Многумина се чуделе како тоа мирниот и учтив Германец наеднаш станал соучесник со масовни убиства. Г-ѓа Хана Аренд има пишувано околу тој феномен и прилично добро го објаснува.
Иако се работи за помал интензитет, и денес истата анимална приклонетост кон ситниот интерес си го прави своето. За среќа, времето и локацијата се такви што нема масовни убиства. Но има масовна корупција и легализиран грабеж.

Возрасна раја ја продава иднината на сопствените деца за 200 евра месечно.
Проблемот е секогаш во претходните генерации кои оставаат таков сакат систем во игра, а по чии правила ќе треба да играат и новите генерации.
И пред читањето на Аренд ми беше сомнителен култот кон постарите. Сега ми е јасно и зошто. Култот бил самореплицирачка мантра на постарите за да не се доведе во прашање нивниот интегритет. Кој е соодветен на камењарка.

Само што камењарката не продава ефтини мантри.

П.С. Чудно е кога треба да се напушти некој со кој некогаш си имал нешто заедничко, кој делел слично мислење за партиските морони......пред и самиот да стане партиски морон.(facepalm) Сега по принцип на крвно сродство треба да толерирам муабети за рајот во кој живееме ама не сме свесни? Муабети кои не постоеле до пред два месеци? Јас сум бил крив шо не сум `се снашол` на време?

Ма иди убиј се роџаче.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and existence