Колку сте трпеливи?

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
Често забрзан и стресен, животот не остава доволно простор за толку потребниот одмор
. Ситуацијата е загрижувачка бидејќи се покажува дека луѓето денес до таа мера се нетрпеливи што не можат да ја поднесат ниту тишината.
Психолозите тврдат дека живееме во општество каде што секој е свртен кон себеси, а да се биде трпелив значи дека треба да ги почитуваме и поднесуваме и другите. Стрпливоста не е вродена особина, таа се учи. Ова тврдење се покажува вистинито на примерот со новороденчињата – нестрпливкото во вистинската смисла на зборот се учи во текот на растењето дека треба да почека, да има трпение.
Трпението е добра и корисна способност, мајка на мудроста. Со него полесно и пообјективно ја согледуваме реалноста
. Оној кој дејствува брзо греши лесно, за разлика од успешниот кој секогаш првин размислува пред да донесе одлука.
Поради тоа стрпливоста се смета за карактеристика на мудрите и силни личности. Нетрпеливата личност се смета за незрела, често е незаинтересирана за тоа што се случува околу неа. Неуспехот го доживува како понижување, не се снаоѓа во општеството и не гледа ништо друго освен губитник во огледалото.
Нестрпливоста не само што не е добра како карактеристика туку е и штетна за здравјето. Го забрзува работењето на срцето, доведува до лачење на адреналин и го намалува имунитетот. Толку е силно нејзиното дејство што може да предизвика сериозно нарушување што може да се претвори во опседнатост.
Колку вие,и дали сте трпеливи,што најчесто ве прави нетрпеливи?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: JaMi

Hexasto

Истакнат Член
16 февруари 2012
1,095
1,633
113
Македонија
Па сум прилично трпелив...од една страна е добро али од друга мислам дека е лошо пошто коа собираш повеке време на крај знам силно да избувнам за мала причина..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Scars31

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Зависно од ситуацијата. Некогаш сум трпелив, некогаш не сум. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin

Avona Vi

Истакнат Член
15 февруари 2012
493
630
93
Трпелива сум.. некогаш и превише од шо треба :)
 

Alex M.

Староседелец
17 февруари 2012
330
523
693
London,UK
Трпелива сум и тоа премногу трпам трпам и на крајот :bomb
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
на долги стази баш знамда бидам трпелива...понекогаш се изненадувам и од сама себе...
а на кратки стази не баш :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
31
Струмица
Немам многу трпение, баш и поради тоа многу се нервирам на моменти... најчесто избувнувам за мали работи, не пак за некоја поголема работа :frantic
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Anakin and cece17

cece17

Староседелец
21 февруари 2012
273
204
1,043
не сум трпелива личност одма избувнувам