Колективни стереотипи

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во склоп на теориите за етничка и национална припадност се и одредени стереотипи кои постојат во поглед на луѓе кои себеси се идентификуваат како припадници на одредена група која ја именуваат како нација.

Веројатно за сите `етнички` заедници во светот постои по некој стереотип иако тие се разликуваат по квалитет, па така имаме стереотипи за храбри, чесни, работливи народи а од друга страна за корумпирани, скржави, примитивни, глупави... па дури и сексуални ориентации се во игра (грците, нели).
Во случајов да ги разгледаме стереотипите за рајата која вирее на овие 25.713км2 познати како РМ. Иако не мора да се ограничи дискусијата само на нив. Секако јас кога отворам тема имам склоност и сам да реплицирам на неа па вие како сакате (wasntme)

Дали има вистина во стереотипот за трпеливото македонче? Дали дури и не се работи за стереотип туку за вистина? Имајќи ппредвид последните неколку години од кризата во 2008 и сите протести, демонстрации и бунтови кои се случија низ цел свет, вклучително и Балканот и Источна Европа како региони блиски по менталитет и стандард на овдешниот - јасно е дека РМ е своевидна Оаза каде нема никакви проблеми. Или дека Трпе не случајно е сосема оригинално име.

Дали се доживувате себе како припадници на трпелива раја?
Кои сé стереотипи ви се познати за Македончето, па и останатите народи?
Колкава е вистината на истите?
 

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,279
9,121
1,683
Има еден вистинит скеч од К-15 каде што Цацко зборува за Македончето. Вистинит е.
Код:
http://www.youtube.com/watch?v=Rai-q3DEmUM#t=236
 

TheQueen

Истакнат Член
2 ноември 2013
495
376
173
Планетата Земја
Се доживувам себе како човечко суштество, створче (мојот нов омилен збор).
Сум се родила овде и тоа е се.
Не може сите кои се родиле овде да се исти.
На пример, последен збор со кој некој кој ме познава, а и јас самата би се опишала себе е трпелива.

Сега, понекогаш може да се употреби некоја ситна компарација поврзана со оваа во секојдневниот живот.
На пример, „Скржав си како влав“ или слично... Онака, како фраза или нешто. Како влијание од моите.
 

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Трпе е онј лик од вицеви на кога му извадисфа миљон работе, жалу га човека. Мене не су ми фејврит тија вицеви, кд прочитам дека бија си Трпе и дома га чекала жена му Трпана.... не га ни читам виц : )

Трпе е име кое наише ни одговара на нас. Ми смо народ бајче,кое ќути и трпи, блее како офца у шарени врата, данаци ни се трпаф, давачке и казне големи,цене на производи раснеф а само наши напатени плате су исти веќ петнаес годинке
Трпеле смо ропстфо пет века, трпимo гу и овуј дваес пет годишну тортруру, странци у сфоју државу, али тој е веќ политика...
Сакам да га виду какфо е македонче кд ке пукне, дали уопште ке пукне некад? Што треа да се деси за да пукне
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Да ми кажеш, сакаш сега веднаш да заминеш на одмор во Сен Тропе и тоа цел месец или пак, сакаш да почекаш пола година и да идеш на Хаваи (моето омилено место) на една недела, веднаш го бирам второто. Воопшто не ми смета да бидам трпелива и да почекам за да го постигнам/добијам тоа што го сакам. Кога работам на нешто, се трудам да работам внимателно и да ги промислам добро работите. Иако едвај чекам да го видам исходот, сепак гледам убавина и во "чекањето", односно процесот. Полн си со надеж и исчекување за утре, добиваш нови идеи, нова работа, плус време. И на крајот, послатки се позитивните резултати кога си бил трпелив. Не сметам дека трпеливоста е доблест, ниту пак маана. Јас така функционирам, но понекогаш треба да се биде импулсивен и да се реагира брзо.

Тоа го мислам за себе си лично, но не и за целата нација. Постојат премногу услови и премногу индивидуални приказни за да можам да кажам дека таа особина не окарактеризирува како луѓе, нас Македонците. Повеќе би рекла дека кај нас владее еден општ страв во комбинација со тоа што секој гледа само за себе, па можеби делуваме како трпеливи луѓе кои чекаат работите да се сменат.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
А што мислиш, Pat од каде доаѓа? : )

Од Патрик ваљда, сеа незнам на латински шо значи - имало некој поп Патрик и бркал змии во Ирска па така станало популарно име меѓу рисјаните...веројатно доаѓа од патрициј шо значело аристократ во Рим, благородност... е сега постои име Пејшнс ама тоа би било Pet само не знам дали се употребува денес, повеќе ми делува како од викторијанско доба. Или Петунија.

Трпе е онј лик од вицеви на кога му извадисфа миљон работе, жалу га човека. Мене не су ми фејврит тија вицеви, кд прочитам дека бија си Трпе и дома га чекала жена му Трпана.... не га ни читам виц : )

Трпе е име кое наише ни одговара на нас. Ми смо народ бајче,кое ќути и трпи, блее како офца у шарени врата, данаци ни се трпаф, давачке и казне големи,цене на производи раснеф а само наши напатени плате су исти веќ петнаес годинке
Трпеле смо ропстфо пет века, трпимo гу и овуј дваес пет годишну тортруру, странци у сфоју државу, али тој е веќ политика...
Сакам да га виду какфо е македонче кд ке пукне, дали уопште ке пукне некад? Што треа да се деси за да пукне

Не може да пукне бидејќи нема социјална свест. Ако има таа е на апсолутна нула, на 0 келвини или така нешто...:ladno
Од друга страна фрустрациите, нервозите и неурозите кои ги добива на работно место, пред шалтер или по образовни институции маќедончето ги истура дома, на домашните, на деците, на жената, на комшиите, на родбина, ќе изгребе кола со клучеви, ќе скрши улична ламба.......олвејз на самарот никогаш на магарето.

Да ми кажеш, сакаш сега веднаш да заминеш на одмор во Сен Тропе и тоа цел месец или пак, сакаш да почекаш пола година и да идеш на Хаваи (моето омилено место) на една недела, веднаш го бирам второто. Воопшто не ми смета да бидам трпелива и да почекам за да го постигнам/добијам тоа што го сакам. Кога работам на нешто, се трудам да работам внимателно и да ги промислам добро работите. Иако едвај чекам да го видам исходот, сепак гледам убавина и во "чекањето", односно процесот. Полн си со надеж и исчекување за утре, добиваш нови идеи, нова работа, плус време. И на крајот, послатки се позитивните резултати кога си бил трпелив. Не сметам дека трпеливоста е доблест, ниту пак маана. Јас така функционирам, но понекогаш треба да се биде импулсивен и да се реагира брзо.

Тоа го мислам за себе си лично, но не и за целата нација. Постојат премногу услови и премногу индивидуални приказни за да можам да кажам дека таа особина не окарактеризирува како луѓе, нас Македонците. Повеќе би рекла дека кај нас владее еден општ страв во комбинација со тоа што секој гледа само за себе, па можеби делуваме како трпеливи луѓе кои чекаат работите да се сменат.

Тоа си во право, за позитивната страна на трпението, кога е во прашање позитивен исход, но сепак ако се зборува за колективитет (а како дел од таков се декларираат барем 1.2 милиони раја, барем по пописот од пред бајаги години) нема сомнение дека се работи за раја за која не може да се најде скоро ниеден позитивен епитет. И минатото и сегашноста се јасен показател. Трпењето на неправдата е преќутно согласување со истата.

Друг пример е Немачка и холокаустот, до ден денес за рајата која се перцепира како немци постојат стереотипи...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Outrider
аналогијата би била вака некако:
Patience -> Pat
Трпение -> Трпе
:D


Конкретно околу тоа дека нацијата ни е најдобро претставена со Трпе се сложувам целосно и јас го оправдувам тој стереотип. Чисто колку за споредба може да се земат случувањата во комшилукот на Трпе каде што никој не трпи туку излегува на улица и кажува дека нешто не е во ред наместо да си седи дома и да се смее дека протестантите си ги подвиткале опавчињата откако никој не им излегол во пресрет и за џабе дремеле на студот/жештината.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Темава ќе да ја има истата намена ко темава.
Да ги спојувам или да ја тераме оваа во насока на „специфичностите“ на Македончето, па после според контекстот да ѝ најдеме соодветно место?

Едит: Насловот е сменет по предлог на авторот и додадов уште две прашања, чисто да се „заопшти“ темата. :)
 

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Темава ќе да ја има истата намена ко темава.
Да ги спојувам или да ја тераме оваа во насока на „специфичностите“ на Македончето, па после според контекстот да ѝ најдеме соодветно место?
Јас гласам да остане посебна оваа, ама сепак мислам дека е најдобро авторот да се изјасни.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider and Electra