Љубовни проблеми

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Јас никаде не реков дека од марихуана се умира:) Само реков дека штом користи и кокаин, кога и кажал и видел реакција, дека многу веројатно е да користи и нешто друго а не и кажува.

Секако дека човекот не го направив најстрашен наркоман.

Знаеш, ќе земам една паралела. Еве изневерување да речеме. На некоја не и смета дечкото да и "шврља" наоколу, се дури се враќа кај неа на крај. Јас ова не би можела да го замислам. Еднаш да замине со некоја друга и толку, тоа е крајот. И не, не се правам силна, сум раскинала голема љубов заради оваа причина. Истово и со марихуанава. Некому му смета, конкретно и јас сум на исто мислење со девојчево. Ако неа и смета, не треба само да седи и да молчи.

Не знам, се изместија некако границиве на она што е нормално. Знам дека денес пушењето марихуана не е којзнае каков проблем, ете и легално го направија, ама има луѓе на кои им смета. И уште еднаш повторувам, иако и јас не би можела да одам со некој кој пуши марихуана, не ги сметам луѓето што пушат за наркомани, пропалици и не знам што не таму:)

Зависи, јас имам слушано од најмалку 30-40 души дека имале пробано кокаин а во реалноста најблиску до кокаин биле кога гледале на нешнл џиографик емисија за Колумбија... незрели муабети во стилот `ja brat so arkan tikvi sadef ne znaes ti koj sum ja`.
Кокаинот е најскапа дрога и имање на кокаинска навика е можна само со поседување на огромни своти пари. Пример имам читано дека многу добитници на лото на запад стекнале таква навика. Сомнителен исказ во секој случај... фалбаџиско срање на задоцнети адолесценти. Од друга страна пак можно е и да шмрка линии којзнае...

Повременото користење на трева не е никаков проблем, доколку не се работи за сериозно лабилна личност. Прејадувањето и бидувањето дебел е сериозна пречка во животот и здравствен ризик кој е неспоредливо поголем од тревата. Да истрча 200м ќе го стрефи нешто. Притисок, ризик од дијабетес, терет на зглобовите па пробеми со истите и све и свашта.

Изневерувањето го поведува партнерот, емотивно. Изневерувањето е предавство кое може да повлече разни други срања. Се прекинуваат планови за заедничка иднина, ако пак се работи за брак и деца - може да страдаат децата, разводи, насилство...
Пушењето трева - не го повредува партнерот. Што значи тоа `и смета`? Мирисот (ако пуши веднаш до неа), смеењето, правењето шеги?! Ако некој каже дека нешто му смета а не каже причина зошто - се работи за ирационална особа.

Користењето марихуана не е воопшто некаква нова мода или пошаст модерног доба. Дружењето на човекот со канабисот започнал уште пред да постојат држави, граници, закони... и продолжува и понатаму. Нелегален е некои 60-70 години, пред тоа за цело време на постоење на човекот бил сосема легален. Во овие краишта најпопуларен бил опиумот, го користеле масовно/цело село со векови ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Хоуп* and parvati

parvati

Сангвиник
14 февруари 2012
6,710
13,879
973
Абе уцена е добра, мара е лоша дада, а цигаре што легално труе миљони и миљарде људи у сфет?

А од кога марихуаната е дрога?
Од седми јануар : )))

Еј а нели да јеbеш нечие размислување е навреда? А модератори?
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
А од кога марихуаната е дрога?
Добро готово ете така нека е, не знам што да кажам веќе а да не се повторам.

Пак ќе се повторам... мојот севкупен став околу проблемот е изграден од нејзиниот пост каде самата кажува дека не е само марихуана во игра. И да е, ете нејзе и пречи. И тоа прави длабок засек во врската, што значи за неа е голем проблем. Прифаќањето може да биде еве да речеме тој има мали рамења, не е нешто згоден, но се пребродува тоа. Но ете пуши мара, што за неа е нешто неописиво. Башка како што самата си кажува користел кокаин. Едно со друго повлекува. Ако е така, тогаш кажи ми дали на еден кантар би ја ставила неговата зависност а на сосема другата страна би ја ставила нејзината детерминираност да го спречи да прави таква глупост, и при тоа да ставиш огромна тежина на овоа второто и да го оправдуваш првото?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Selene

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Хоуп*
Не се обидувам да ти наметнам ништо. Дури и да сакам, искрено ме здоболе третото око за какви се твоите ставови и дали треба да се сменат. И пак ќе ти кажам, прочитај уште еднаш што и како пишав и размисли зошто постои празен ред меѓу тоа што ти го коментирав цитатот и тоа другото ; )
 

Selene

Модератор
6 јуни 2012
720
1,865
1,103
Изневерувањето го поведува партнерот, емотивно. Изневерувањето е предавство кое може да повлече разни други срања. Се прекинуваат планови за заедничка иднина, ако пак се работи за брак и деца - може да страдаат децата, разводи, насилство...
Пушењето трева - не го повредува партнерот. Што значи тоа `и смета`? Мирисот (ако пуши веднаш до неа), смеењето, правењето шеги?! Ако некој каже дека нешто му смета а не каже причина зошто - се работи за ирационална особа.


Се согласувам од а до ш. Имам другарка која е на мислење дека не и е битно што тој "се празни" кај други, неа и е битно што тој пак неа ќе и се врати. See my point? Проблемите постојат во нашата глава и се големи колку што ние им придаваме значење. Она што за мене е најмал проблем, за некого е огромен и обратно. Кај неа конкретно, марихуанава е проблем. Кај човек каде што не е, нека си пуши слободно, ич нема да го осудам. Мене не ми сметаат луѓе што консумираат марихуана, ама кажав, јас не би одела со таков човек.

Ок е да и смета, ама не е ок да се бараат решенија што и одговараат само на едната страна.
Вие и велите ако те сака ќе престане. Зошто кога е така да не е и обратно?
Што правиме со него?
И да прифати, утре може ќе му мирисаат чорапите ќе и смета и тоа и тоа ќе биде голем проблем. На секое за се ли да го уценува со крај?


Тој е компромисот бе душо. Да седнат и да разговараат за опциите. На крај исходот го кажа Саладин, или ќе си останат заедно (љубовта ќе победи, тој ќе се откаже, таа ќе се навикне) или ќе се скараат. Ние не можеме да им најдеме компромис, тоа го можат само тие двајца. И не гледам друго НЗС, искрено. Или ќе престане да пуши, или нема. Ако знаеш друга опција, кажи и нејзе. Јас не би знаела:)

Се надевам и двајцата ова го сметате за дебата, не сакам ничие мислење да навредам, си дебатираме најнормално за проблемов.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: existence and melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Се согласувам од а до ш. Имам другарка која е на мислење дека не и е битно што тој "се празни" кај други, неа и е битно што тој пак неа ќе и се врати. See my point? Проблемите постојат во нашата глава и се големи колку што ние им придаваме значење. Она што за мене е најмал проблем, за некого е огромен и обратно. Кај неа конкретно, марихуанава е проблем. Кај човек каде што не е, нека си пуши слободно, ич нема да го осудам. Мене не ми сметаат луѓе што консумираат марихуана, ама кажав, јас не би одела со таков човек.




Тој е компромисот бе душо. Да седнат и да разговараат за опциите. На крај исходот го кажа Саладин, или ќе си останат заедно (љубовта ќе победи, тој ќе се откаже, таа ќе се навикне) или ќе се скараат. Ние не можеме да им најдеме компромис, тоа го можат само тие двајца. И не гледам друго НЗС, искрено. Или ќе престане да пуши, или нема. Ако знаеш друга опција, кажи и нејзе. Јас не би знаела:)

Се надевам и двајцата ова го сметате за дебата, не сакам ничие мислење да навредам, си дебатираме најнормално за проблемов.

Проблемот е што тревата и изневерувањето спаѓаат во две категории со сосема различни ефекти. За изневерувањето веќе ги споменавме последиците. Треба да се знае дали тревата и/му предизвикува било какви проблеми, дали типот има лош однос кон неа заради тоа и слично. Ако нема никакви лоши ефекти не гледам место за паника или за барање причини за раскин. Останува значи морално-просветителскиот момент и потребата за `промена` на партнерот, моделирање, кобна особина која растурила многу врски.

Инаку ќе испадне она - Не јадиш пача - збогум!:D

Бизарно но вистинито - никој не виде проблем во дебелината, сите во тревата...
 

goodgod

Истакнат Член
26 декември 2012
433
304
163
пред компјутер
Можеби многу си го замарам мозокот со "неговите" глупости, но кога веќе ми е дечко 4 години, па можеби и не се само негови глупости. Вака сега да си го кажам она што ми лежи на срце. Како што кажав имам дечко, 4 години сме заедно, happy in love, но имаме еден проблем со кој се мачиме повеќе време. Кога почнавме со врската тој беше буцко-срцко(дебелко сакам да кажам), а сега е исушен, а единствена причина(според мене) е што користи дрога, односно марихуана. Е сега имавме многу расправии во врска со таа тема "марихуаната" и тој вети дека ќе ја откаже. Порано ми кажуваше кога пушеше, а јас збеснував како животно и сега или прекина со користење или прекина да ми кажува. Но уште едно нешто што ме мачи е тоа што има користено и кокаин, неколку пати, според тоа што тој го кажува. Проблемот е што јас сум од тие таквите што не можат да поднесат дроги, такви ми ти глупости. И сега тој ми вети дека ќе прекине со се, но јас не му верувам некако си мислам дека уште ги користи. Пробав неколку пати да го оставам, но тој молеше, плачеше, се направи за да бидам со него и ајде ме фати жал и ништо од тоа. Сега можеби оваа нема да ви изгледа како кој знае каков проблем, но мене тоа не ми излегува од глава и не знам како да дознаам дали уште користи и не можам да му верувам.


Довербата е најбитна.
Имаш 2 опции:
1. Да почнаш и ти да пушиш марихуана или кокаин што и да прими тој, па така ќе имате и двајцата доверба и ќе се сакате
2. Да го мајниш под итно чим го нејќеш таков, не ти треба 4 години и сеуште немаш доверба во него или обратно
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Довербата е најбитна.
Имаш 2 опции:
1. Да почнаш и ти да пушиш марихуана или кокаин што и да прими тој, па така ќе имате и двајцата доверба и ќе се сакате
2. Да го мајниш под итно чим го нејќеш таков, не ти треба 4 години и сеуште немаш доверба во него или обратно

Да го залапа кокаинот :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Redhead and Хоуп*

existence

Boolean
Член на администрација
Админ
3 март 2012
7,448
9,155
1,683
Кушкундалево
Проблемот е што тревата и изневерувањето спаѓаат во две категории со сосема различни ефекти. За изневерувањето веќе ги споменавме последиците. Треба да се знае дали тревата и/му предизвикува било какви проблеми, дали типот има лош однос кон неа заради тоа и слично. Ако нема никакви лоши ефекти не гледам место за паника или за барање причини за раскин. Останува значи морално-просветителскиот момент и потребата за `промена` на партнерот, моделирање, кобна особина која растурила многу врски.

Инаку ќе испадне она - Не јадиш пача - збогум!:D

Бизарно но вистинито - никој не виде проблем во дебелината, сите во тревата...
Moжеби затоа што е лесно отстранлив проблем и лесно може да се надмине. Ко што ја разбрав, малку поправен/буцкаст јас не замислувам човек кој има 200 кила со истурен стомак кој паѓа над гаќите.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Moжеби затоа што е лесно отстранлив проблем и лесно може да се надмине. Ко што ја разбрав, малку поправен/буцкаст јас не замислувам човек кој има 200 кила со истурен стомак кој паѓа над гаќите.

Не е баш толку лесно да се отстрани за што сведочи се поголемата бројка дебели луѓе заедно со пропратните здравствени проблеми. Треба голема воља и за тоа. И јас не замислив некој кој што треба со дизалица да го дигнат од кревет и да го срушат ѕидот за да го изнесат од собата, како што има случаи во САД, just an assumption of overweightness... нормално и тоа не е некоја причина за паника но често е сериозен проблем кој се игнорира бидејќи е социјално прифатлив. Останува прашањето за тоа какво влијание би имала тревата врз една врска.