Е многу комплицирате. TheGirl ископирала текст од некаде, и со тоа всушност го направила овој процес научна фантастика.
Бондирањето е всушност додатна врска на пломбата со забот и дефинитивно не е нова техника. Таа бондирачка течност е фосфорна киселина, па кога се става околу кавитетот нагризува и прави микропорозности. Бондот не е реставративен материјал, бондот е додатна врска.
Anaskopje во врска со ламинатите што ги спомнуваш поназад... Јас не сум голем фан затоа што тие се маска, не се целосна коронка, и пред се служат за естетика, па затоа и се употребуваат на предните заби. Но ефтини се, крајниот резултат од естетски аспект е прилично задоволувачки, па се доста употребувани.
За вадење на умник имаш две варијанти: Амбулантско вадење и операција (со локална анестезија). Во зависност од РТГ снимката хирургот ќе одлучи. Штом тебе веќе ти никнал, ако се решиш да га вадиш најверојатно ќе биде амбулантски. По вадењето ќе имаш болки, ама ништо што не се решава со кафетин или вентор, затоа што сепак се работи за траума на тоа место.