Проблемот со врските на помала возраст грубо земено лица на возраст од 16-25 е тоа што нема заеднички фокус, цел, причина која би одела подлабоко од сексот и забавата. Створен е вакуум во однос на поранешните времиња бидејќи `зрелоста` и финансиската независност се одложуваат за подоцна се повеќе со секоја нова генерација. И најголемата љубов ќе одумре без заеднички фокус, без работење на заедничка иднина. А баш тоа, заедништвото е она кое најмногу страда денес.
Ако денес е релативно најлесно да се дојде до секс од било кога - истовремено е најтешко да се создаде нешто заеднички без разлика дали тоа се деца, имот, кариера или било што каде подршката и взаемната потпора би биле најважни.
Потполно се согласувам со тебе, без заеднички фокус нема добра врска, добар брак и напредок во семејството.