Ако можеш да одлучиш дали ќе се заљубиш или не, тогаш не е заљубување. Не постојат ружни, зашто во нечии очи тие се најубави. Најголеми инвалиди се луѓето кои си поставуваат сопствени граници. Тоа што ние не го прифаќаме(групи,класа ,раса и др) не значи дека не постои љубов меѓу различностите.
Во животот биди сигурен дека некогаш ќе грицкаш семки ,и ничим изазвано ќе се заљубиш....
Се додека можеш да го контролираш наводното заљубување, не си заљубен.
И најголемите кралеви се вљубувале во проститутки и селанки.
Повеќе ги користеле за сексуална рекреација отколку што се заљубувале а и сигурно не се заљубувале во рандом селанка туку во некоја со изразени...атрибути. And if then...а тука биле и харемите.
Постојат ружни и постојат луѓе во кои никогаш никој не се заљубил. Социјално невидливи. Дури мислам дека има многу повеќе такви луѓе отколку него што некој би помислил.
Еве еден пример за кој знам од прва рака поради познанство со оној на кој му се десило тоа. Типот си е ок и сето тоа, имал неколку дејта, бил покажан обостран интерес бла бла...арно ама после дознавањето на извесна последица поради учество во ратот 2001 (која не е веднаш видлива иако на долг рок не може да ја сокрие) интересот од женска страна некако исчезнувал... што значи дека свесно одлучиле да не се заљубуваат во него.
Не е работата во поставување граници туку си постојат одредени услови кои мора да бидат исполнети и кога ќе видиш нема ништо рандом во тоа. Зошто не може да е заљубување ако е свесно? Не правиме муабет за калкулации поради материјални побуди, тоа потпаѓа под други категории, станува збор за свесна одлука.