Љубовта и разликата во годините

Lillian

Истакнат Член
7 април 2013
198
263
163
Се согласувам дека нема граници ама има понатака многу аномалии кои се појавуваат во врската или бракот.Во понатамошниот живот испловуваат на површина.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Electra and Saladin

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,518
1,183
Big Sur
Дека љубовта нема граници се сложуваат и 80 годишнине старци кои секоја година си купуваат 6-7 годишни невести.

Ако си се пронајдат и ако се среќни заедно, нема мене или било кому зошто да ни пречи.
Но, иако зависи од индивидуалната (не)зрелост и спремноста за компромис, јас навистина не гледам како на моја возраст би ме привлекол, да речеме, 40 годишен човек. Едноставно не ги гледам луѓето на таа возраст ко потенцијални партнери и знам дека би биле два различни света. А не гледам ни како човек на таа возраст мене би ме гледал како адекватна партнерка кога самиот е во период кога би можел да има деца кои би биле приближни на мојава возраст.
Ние женските правиме огромна грешка што во партнерот неретко бараме некаква татковска фигура.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and Ucitelka

JaMi

Староседелец
22 февруари 2012
6,527
14,438
1,683
Таму каде што треба
Хм, дали тоа значи дека ова што го има на видеово го подржуваш? Одам многу оф топик ама ме интересира ептен...?

Инаку, ми се чини дека видеиово нема баш баш многу голема разлика. Таа има 16 тој 19 ама е нездрава врска (брак). Таа уште не завршила средно тој уште мрсулите си ги брише од маичка...

Правила е дека нема правила.
Во љубовта и војната нема правила ...
Дека љубовта нема граници се сложуваат и 80 годишнине старци кои секоја година си купуваат 6-7 годишни невести.

Ако си се пронајдат и ако се среќни заедно, нема мене или било кому зошто да ни пречи.
Но, иако зависи од индивидуалната (не)зрелост и спремноста за компромис, јас навистина не гледам како на моја возраст би ме привлекол, да речеме, 40 годишен човек. Едноставно не ги гледам луѓето на таа возраст ко потенцијални партнери и знам дека би биле два различни света. А не гледам ни како човек на таа возраст мене би ме гледал како адекватна партнерка кога самиот е во период кога би можел да има деца кои би биле приближни на мојава возраст.
Ние женските правиме огромна грешка што во партнерот неретко бараме некаква татковска фигура.
Тоа веќе не е љубов,тоа е веќе од интерес...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Lena

Ucitelka

Нов член
2 ноември 2013
9
1
3
37
Со оглед на фактот дека мажите покасно созреваат од жените(некој ич не созрева :rofl ) повеќе сакам врски со постар од мене па и 10 год.нека е разликата. Сум била со помал и навистина беше детенце во однесувањето. Се разбира има разлика кога девојката е 17 и кога е 27 год. Не е исто
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
Љубовта , како и смртта не ја бираме. Ни се случува, без разлика дали сме спремни или не. За разликата на годините немам коментар, затоа што ако вистински се вљубиме, фразата никогаш нема да ни се случи станува наша сопствена глупост. Обично секогаш се случува тоа што мислиме дека никогаш нема да ни се случи.
Барем мене секогаш ми се случува така. Нека се биде погодено меѓу двајца, па годините да бидат единствен проблем со кој ќе се справат.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ucitelka and Butterfly^^

Butterfly^^

Истакнат Член
7 јануари 2013
239
271
373
Се согласувам дека љубовта не познава граници. Но ние се вљубуваме во карактерот на личноста. Мене од секогаш ме привлекувале по зрели личности , а не знам зошто сите мислиме колку постар партнер толку позрел.Познавам многу постари луѓе од мене кои се однесуваат многу недолично за своите години. Сакам да кажам битно е каков е човекот од внатре и дали заслужува да го сакаш , а не неговите години..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Ucitelka

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Љубовта , како и смртта не ја бираме. Ни се случува, без разлика дали сме спремни или не. За разликата на годините немам коментар, затоа што ако вистински се вљубиме, фразата никогаш нема да ни се случи станува наша сопствена глупост. Обично секогаш се случува тоа што мислиме дека никогаш нема да ни се случи.
Барем мене секогаш ми се случува така. Нека се биде погодено меѓу двајца, па годините да бидат единствен проблем со кој ќе се справат.


А камиказите? philosoraptor.jpg
Секогаш бираме, не сум слушнал некој така да си седел, си грицкал семки и ничим изазван се заљубил...секогаш се работи за избор, само зависи на кое ниво на свеста се одлучува... зошто во ружните луѓе и инвалидите никој не се заљубува? Затоа што никој не сака да се заљуби во такви лица.
Или во некој од различна раса, класа, група...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Boyle and existence

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,366
3,059
1,133
А камиказите? philosoraptor.jpg
Секогаш бираме, не сум слушнал некој така да си седел, си грицкал семки и ничим изазван се заљубил...секогаш се работи за избор, само зависи на кое ниво на свеста се одлучува... зошто во ружните луѓе и инвалидите никој не се заљубува? Затоа што никој не сака да се заљуби во такви лица.
Или во некој од различна раса, класа, група...

Ако можеш да одлучиш дали ќе се заљубиш или не, тогаш не е заљубување. Не постојат ружни, зашто во нечии очи тие се најубави. Најголеми инвалиди се луѓето кои си поставуваат сопствени граници. Тоа што ние не го прифаќаме(групи,класа ,раса и др) не значи дека не постои љубов меѓу различностите.
Во животот биди сигурен дека некогаш ќе грицкаш семки ,и ничим изазвано ќе се заљубиш....
Се додека можеш да го контролираш наводното заљубување, не си заљубен. :)
И најголемите кралеви се вљубувале во проститутки и селанки.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Како мислите дека нема граници? Озбилни сте? :/
Добро, може дека јас сум зачленета у дежурниот хејт клуб па некако не можам баш да ги преџвакам тие Росалинда фрази, еве не знам...

Се има граница, се има една црвена линија која едноставно не може да се помине.
И некое мочле од 17 год. може да се „заљуби“ во некој 34-35 годишен искастрен момак, евентуално женет нели, кој поминал низ сито и решето и знае со две-три речи да заведе некоја збесната тинејџерка без проблем и нели тоа е тоа. Љубов е.
За неа он е единствен, прекрасен и вистинскиот, за него младо мевце и карта до носталгичните денови коа лумпувал по цели ноќи и што сега? Се десило де, љубовта не познава граници. Нека се растураат бракови, нека се траќа малава од земја, нека кубе коси, нека им предизвикува инфаркти на родителите све у име љубави...
И еве да завршат заедно, за некоја година она па ќе кука и плаче ама оти думка деца и пере веш, а он си шета и понатаму, ќе се кае што кога требало да биде дете она си била заљубена...дрн дрн...
Ова само рендом пример, има и полошо.