Нема правилен одговор на ова, иако е во право Arkantos, сѐ зависи од човекот.И од тебе и од него.Колку би била ти силна да се избориш за себе и колку би бил тој подготвен да те поддржува и поттикнува. Такви работи колку шо можат,толку и неможат да се предвидат. Факс можеш секогаш да завршиш, вистинската љубов некогаш е потешко да ја најдеш. Ама па некако не верувам во тоа дека човек само еднаш може вистински да љуби...Океј...затоа и прашав...7 години се ама и не се толку многу...
Проблем е како кај мене јас 18 тој 27.
Моабетите наредната година да планираме свадба и ја на 19 години да се мажам,без факултет со ова учење од средно и овој труд жал ќе ми биде да останам неписмена,а учев и се трудев зашто имам амбиции а тие не се да работам во некој колонијал за 8000 ...како демек една година после свадба ќе сум продолжела,лесно му е на него магистар си е...директор си работи плата си зема нормално и ја би сакала свадба после се средено ...инаку нас во врска ни е се океј,се разбираме и многу ни е фино...
Ама тука веќе доаѓаат и многу големи разлики....
Јас мислев дека се е така едноставно ама не е .Затоа не се залетувајте со големи разлики...колку и да викав дека годините не се битни.Битни се....и тоа не во вашата комуникација него во баш вакви моменти
Има многу и за и против, некогаш е најарно да се слуша срцето, колку и да се чини дека тоа шо го кажува е бесмислено.
Ама има и многу реални глупости, кои влијаат полека, ама силно.
На пример зависи кај живееш и кај ти е факсот.Ако ти е блиску, не верувам дека ќе ти биде тешко, иако едно е да се секираш само за учењето, а дома друг да ти го бери гајлето и за чистење и за перење и за пеглање и за ручек.... а друго е ти да се грижиш за сето тоа. Колку сака нека се напредни и полни со разбирање мажите, сепак се мажи и ми се чини дека се ретки тие шо безусловно поддржуваат и прифаќаат да си жртвуваат дел од своите удобности ко сопруг, за да може сопругата да се бори за своите цели. И пак, колку е некој спремен на такво нешто...незнам колку може од напред да се открие... додека не дојде во ситуација кога сопругата ќе му каже: ќе бидам дома само за викенди, морам да учам, а ти организирај се како најдобро ќе функционираш во тој период.... (пример само)
Дај боже да се смениле до толку работите,па да ги има многу повеќе кои ќе го прифатат сето тоа без многу паника и муртење.
Лично не познавам некој кој се жртвувал на таков начин за сопругата. Повеќето, да не речам сите, после стапувањето во брак се смениле скроз, дури до тој степен што еден ми кажал во очи - „епа шо сака таа? има најскапа дневна, најмодерна кујна, купатило со најскапи плочки... шо ѝ фали?“ Незнам шо ѝ фали, ама знам дека во моментот таа си подголтна, а јас си поќутев и илјада пати си се испцув шо не си го прегризав јазикот....
Знам и неколку кои завршиле факс откако се омажиле, една дури и магистрира, сега спрема докторат, ама факсот ѝ беше блиску, секој ден си беше дома, башка мајка ѝ исто живее блиску,па секој ден беше кај неа да ѝ помага колку што може (од чистење до готвење) ама секогаш брзаше да си оди пред зетот да се прибере од работа...
Издолжив многу
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Валјда муабетот ми е дека ризиците секогаш и секаде ги има. Можеби најбитно (сигурна сум дека е најбитно) да си начисто со себе и да знаеш до кај ти се црвените линии..