Се согласувам дека нема граници ама има понатака многу аномалии кои се појавуваат во врската или бракот.Во понатамошниот живот испловуваат на површина.
Потполно се согласувам.љубовта нема граници и не брои години...
Хм, дали тоа значи дека ова што го има на видеово го подржуваш? Одам многу оф топик ама ме интересира ептен...?
Инаку, ми се чини дека видеиово нема баш баш многу голема разлика. Таа има 16 тој 19 ама е нездрава врска (брак). Таа уште не завршила средно тој уште мрсулите си ги брише од маичка...
Тоа веќе не е љубов,тоа е веќе од интерес...Дека љубовта нема граници се сложуваат и 80 годишнине старци кои секоја година си купуваат 6-7 годишни невести.
Ако си се пронајдат и ако се среќни заедно, нема мене или било кому зошто да ни пречи.
Но, иако зависи од индивидуалната (не)зрелост и спремноста за компромис, јас навистина не гледам како на моја возраст би ме привлекол, да речеме, 40 годишен човек. Едноставно не ги гледам луѓето на таа возраст ко потенцијални партнери и знам дека би биле два различни света. А не гледам ни како човек на таа возраст мене би ме гледал како адекватна партнерка кога самиот е во период кога би можел да има деца кои би биле приближни на мојава возраст.
Ние женските правиме огромна грешка што во партнерот неретко бараме некаква татковска фигура.
Љубовта , како и смртта не ја бираме. Ни се случува, без разлика дали сме спремни или не. За разликата на годините немам коментар, затоа што ако вистински се вљубиме, фразата никогаш нема да ни се случи станува наша сопствена глупост. Обично секогаш се случува тоа што мислиме дека никогаш нема да ни се случи.
Барем мене секогаш ми се случува така. Нека се биде погодено меѓу двајца, па годините да бидат единствен проблем со кој ќе се справат.
А камиказите? philosoraptor.jpg
Секогаш бираме, не сум слушнал некој така да си седел, си грицкал семки и ничим изазван се заљубил...секогаш се работи за избор, само зависи на кое ниво на свеста се одлучува... зошто во ружните луѓе и инвалидите никој не се заљубува? Затоа што никој не сака да се заљуби во такви лица.
Или во некој од различна раса, класа, група...