Ок , повторно ќе кажам нема проблем .
Прво немам ништо против било кој , кој што сака нека биде и кој што сака нека прави , негов живот - негов избор.
Второ далеку од тоа дека се полоши од хетеро психопати... не навлегувам повеќе во психологија затоа што јас сум економист и подетално можам да зборувам за тоа , постојат мн хетеро психопати и за различните видови психологии прашајте психолог.
Мојот став за тоа беше дека родители можат да бидат мајка-жена и татко-маж а не двајца личности од ист пол и ова е вистината . Ги нарекувам психопати бидејќи се зависи од психата на човекот , и двајца луѓе со таква психа и ставови можат да бидат нормални , далеку од тоа но да бидеме реални каков пример ќе бидат за едно дете ? Во каква личност ке порасне тоа ? Ке земе пример од „родителите“?? И потоа ке биде пример на „своите деца“ ?? ОК и да не е вака , како ке биде прифатено од околината ?? Кого ќе нарекува мамо а кого тато ?? Сакате пифатете сакате не но ова е вистината.
Сосема разбирам што сакаш да кажеш, но тука лежи зајакот.
Постојат многу полоши и поиспревртени ставови, но не гледам како сексуалната определба влијае на тоа.
Не го сфаќам болдот. Каква психа и ставови? Еве ние што поддржуваме хомосексуални бракови и семејства, веројатно ги делиме истите ставови со нив, па и нас не сместува тоа во психопати? Какви се тие психопати што можат да бидат нормални? Психопатијата баш постои ко појава за да се опише сето она што се смета за надвор од границите на нормалата.
Бракот и семејството треба да се заедници кои се градат на основа на љубов и компатибилни карактери, не пол.
Ако го одгледуваат детето правилно, ако истото се меша и со „нормални“ семејства и му се укажува зашто неговите родители се од ист пол, не гледам како тоа дете ќе се развие во испревртена личност. Напротив, хомофобната околина е таа која може лошо да влијае со своите ставови и неприфаќање зашто знае да е многу остра и речита, но дома, секој добар родител си го пази и разгалува детето. Психопатијата не бира сексуална определба.
За пример пак ќе го земам Фрицл. Човек со многубројно, „нормално“ семејство кој со децении си ја силувал ќерката заклучена во подрум и му изнародила деца/внуци. Каде е овде грешката? Него околината 60ина години го сметала за нормален, фамилијарен човек.
Таа околина секогаш за секого ќе најде замерка, тоа не зависи од воспитувањето на детето, туку од културата и толерантноста на околината.
Ако не е дете на хомосексуалци, ќе е дете на т.н. пропалици, радодајки, глупаци, дедо му оној бил, мајка му онаква...исто е.