Родители хомосексуалци

Дали сметате дека хомосексуалците треба да имаат право да посвојуваат деца?

  • Да, го имаат тоа право.

    Гласови: 6 33.3%
  • Не, во никој случај. Тоа е против природата на човекот.

    Гласови: 9 50.0%
  • Немам определен став на оваа тема. Нивен живот-нивна работа.

    Гласови: 3 16.7%

  • Вкупно гласале
    18

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
Мајката жена и мајката геј... Мислиш на еден од геј мажите за оваа вторава?
А ако е мајката геј жената лезбејка, тогаш што ја прави поразлична и помалку способна да гледа дете од оваа другава?
мајката геј мислев на геј брак каде еден од мажите глуми мајка
колку и да се труди не може да биде она што би била една жена едноставно тоа не може да се опише таа мајчинска врска

Кога-тогаш секој дознава дека постои хомосексуалност, без разлика на родителите.

Болдот: тука проблемот е во тие деца кои си даваат право да навредуваат друго дете. Тука проблемот е во нивното воспитување, култура и карактер. Башка, многу деца се навредувани од други деца од разни причини, тоа не е ништо ново. Него, подобро ли е тоа дете да биде нарекувано и исмеавано како п***р или како сираче? Отфрлен од сопствените биолошки родители? Непосакуван?



А што е со хетеро луѓето кои не можат да имаат деца? Зошто пак они да го имаат правото на посвојување кога не можат да создадат свои деца?
тоа е најтажното што има деца кои домашно не се воспитани немаат никаква култура па своите фрустрации и нервоза ги истураат врз помирните деца
сеедно дали ќе го нарекуваат геј или сираче тоа ќе го повреди детето
сепак и во минатиот пост напишав тажно е тоа што кај нас се уште луѓето имаат затапени сфаќања за некои работи кои не се табу тема во Европа
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Чисто овака информативно ме интересира, дали некој од вас, вие тука што сте против геј популацијата, има социјализирано подолго време со истите?
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
Ако гледаме на таа страна дека детето не смее да живее со геј родители само зошто може да го за***ваат во школо, тогаш ајде нека се абортираат и дебелите и помалку убавите деца и во краен случај и оние со посебни потреби зошто и тие понатаму низ животот ќе бидат жртви на исмевања и ќе бидат омаложувани и понижувани... Во текот на животот, сите ние сме биле еден вид жртва на таквите исмејувања. Некој бил и понизок од другите, некој бил и повисок... Сме биле џуџиња и жирафи, и голмани зошто немало подебел од нас да брани. Ама таков е животот, луѓето се сурови и ништо не е совршено. Се трпи се, ништо не е болка за умирање па не е ни оваа. Никаков муабет од надвор не е побитен од тоа да си легнеш дома среќен и задоволен зошто и од какво и семејство да потекнуваш, луѓето секогаш ќе најдат причина да те омаловажат и потценат.

*Добро сега ова со абортусов, не можат да се абортираат пошто не можеш да знаеш колку убаво ќе ти биде детето и која тежина ќе ја достигне, ама се разбравме што сакам да кажам во случај за тоа да ми се фати некој :D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: BlackTulip

Метаморф

Истакнат Член
5 декември 2014
299
334
173
28
Зошто во претходните постови оспорувате дека геј фамијлија не е добра фамилија?Само хетеро е?Ако само хетеро пар може да направат добри родители од нив,зошто тогаш има деца отфрлени на улица,и зошто некој геј пар да не им пружи живот полн со љубов?Менталитетот на Балканот е лај*о,тоа е факт.
Па кога ќе видам постови од типот геј луѓето одат у пекол и такви ми ти срања...кој кажа така,некој поп со 4-то одделение?Или кафе со Исус пиевте па уз муабет ви спомна?Скријте се вие што плукате по геј популацијата,и црквата и владата посрана нека ви се скријат.
Познавам купица геј луѓе и можам само да кажам дека не сакам да ги изгубам од животов,прво духовно се по развиени од хомофобите подржувани од црквата и владата.Срамота.
 

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Не знам кој е поголем “грев“...
Да бидеш геј пар и да посвоиш дете?
Или да бидеш немарен родител (кој го запоставува и малтретира сопственото дете или нема да му обезбеди за еден достоинствен живот), ама биолошки родител и плус хетеро?
Не знам како сексуалниот избор на поединецот, станува репер за тоа каков родител е?
На тоа ли се базира родителството?
Тоа е критериумот?
Сексуалната ориентација?
Значи ако е геј по автоматизам е лош родител и детето е осудено на пропаст....
Битно е да е хетеро така, без разлика каков е по нарав, само да е хетеро....Апсурд.
 

Struggler

Староседелец
19 јануари 2013
1,755
1,002
1,133
Џабе им турате лажна надеж на лујџето кога во Македонија сме конзервативци отепани, колку сакате и да се лупат во гради и изигравате хипстери.

Кога за еден развод се дознава со брзината на светлината и се смета за нешто страшно (демек не е ), но комшиите одма вадат разни верзии и те гледаат со подруги очи... што би преостанувало за хомосексуалците?

Немам ништо против, но ако имаат колку толку совест нека не земаат на душа некое детенце...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: diva orhideja

BlackTulip

Староседелец
15 март 2013
628
790
1,103
Џабе им турате лажна надеж на лујџето кога во Македонија сме конзервативци отепани, колку сакате и да се лупат во гради и изигравате хипстери.

Кога за еден развод се дознава со брзината на светлината и се смета за нешто страшно (демек не е ), но комшиите одма вадат разни верзии и те гледаат со подруги очи... што би преостанувало за хомосексуалците?

Немам ништо против, но ако имаат колку толку совест нека не земаат на душа некое детенце...
Секое чудо три дена трае. Флале плукале по нешто што не им одговара, и тоа ќе помине.
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Ајде доста со тоа што е правилно што не е правилно. Природа е, не е од вчера, одсекогаш било и ќе се случува. Со целава технологија и 21 век и филмови, знаења литература уште ли ќе се поставува тоа прашање. Да , правилно е. Да, нормално е. Да, сакал или не процентуално пола од твоите пријатели блиски/ далечни се геј или бисексуалци.
Кој може да суди за дете одгледано од геј фамилија и да каже како е или како се има чувствувано тоа дете. Кој од сите нас може да знае како е, па да каже дали е лошо или арно.
И убаво прашање погоре постави Хоуп, што може стрејт мајка што неможе геј мајка?? Што може стрејт татко што неможе п***р татко ??

Ако половина популација не беше стрејт ќе изумреше хомо сапиенсот одамна :)
It`s more like 1%
 

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Кога-тогаш секој дознава дека постои хомосексуалност, без разлика на родителите.

Болдот: тука проблемот е во тие деца кои си даваат право да навредуваат друго дете. Тука проблемот е во нивното воспитување, култура и карактер. Башка, многу деца се навредувани од други деца од разни причини, тоа не е ништо ново. Него, подобро ли е тоа дете да биде нарекувано и исмеавано како п***р или како сираче? Отфрлен од сопствените биолошки родители? Непосакуван?



А што е со хетеро луѓето кои не можат да имаат деца? Зошто пак они да го имаат правото на посвојување кога не можат да создадат свои деца?

Би било преседан, настрана дали детето ќе расте ок, има и успешни причи меѓу геј посвоители има и хорор причи каде геј посвоители ги силувале и изнајмувале посвоените деца, проблемот е во преседанот.
Едно се хетеро парови кои поради здравствени причини неможат да направат свое потомство а сосема друго особи кои не сакаат да имаат секс со различен пол. Ако се прифатат гејови како категорија која може да посвои онда би требало да можат и особи кои не се во брак, особи кои немаат средства ама сакаат деци, особи на кои омилен филм им е... инаку повторно имаме дискриминација.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy