Два дена пробувам да го најдам документарецот и не ми успева но ќе го најдам... дотогаш бидеќи вчера не можев да да пишувам еве сега со помалку емоции но сепак не може да помене без нималку горчина од се...
8 Август, ден како и вчера Среда. Договорени сме со братучедми од Скопје да дојде Прилеп и одручекта да одиме во селото каде што е роден дедо ми (на мајками татко) Локвица во Порече на селска слава, таму сме најавени и не чекаат... Договорот е паднат претходно. Ние сме на пазар и продаваме, братучедми иди околу 11 а во 14.30 има автобус за М.Брод...
Пазарниот ден во Прилеп започнува, Ние сме на тезга околу 7.30, робата е тука и бедеќи е летна сезона нема многу, планот како по стандард тогаш се да се продаде до 12.30-13.00 и заминуваме да се спремаме па на патување...
Лето како лето, бидеќи е жешко народот излегува порано и се прибира пред да фати жештината. Низ градот нема многу од муслиманите од околните села. Не ме прашувајте како се препознаваат, кој е од прилеп и се движи низ градот по пазарни денови во 1 од 1001 случај може максимално да погреши дал некој по изглед/ говор/ гестикулација/ начин на движење и друго е не потекнува од Десово, Црнилиште, Дебреште, Лажани, Житоше ... Тука нема промашување... Тие што се малкуте на брзина пазарат и ги снемува, си заминуваат, така е веќе неколку месеци до тој ден од почетокот за глупостите уште во танушевци... Пладне иди и се е мирно. Ништо невообичаено до пред 13 часот кога си заминуваме, пазарот и илјадниците народ што се движат низ него го оставаме ист како и претходните неколку месеци после стартот на заебанциите низ Македонија. Ближи 14.30, од дома тргнуваме пештки за на автобуска, тоа е околу 15-20 минути одење. По пат ништо чудно, нема ништо невообичаено, поминување низ чаршија, пазарот е прикрај поради огромната жештина. Паметам температурата беше близу 40. Се качуваме во автобус и заминуваме, до Суводол со него, по пат се слуша радио, се прај муабет во автобусоти се е вообичаено како за тоа време, слегуваме па тргнуваме пашки во надеж дека брзо ќе помини нешто за да не префрли до Локвица, така и се случува, налетува такси се качуваме и пред 16.00 веќе сме сместени кај брат на дедоми кој за славата е дојден од Тетово. Дедото спремил ручек за гостите па ај седнавме, и некое пово почна да летнува кога ѕвони мобилниот на брат ми.
Се јавува пријател негов од Битола.
Пријателов - “К**** шо прајте бе во прилеп што е ова што слушаме на телевизија дека гори некоја џамија и некои дуќани низ чаршија?“
Брат ми сио прашалници - Шо зборуваш бе зошто, не сум јас во прилеп шо се десило ?
Пријателов - “Е па немаш слушнато пред нецел саат кажаа во Тетово отепеле 10 војници и сите прилепчани биле... сега низ прилеп горела демек џамијата кај сато, некоја слаткарница и некоја телевизија што имало приватна, можи и друго ама толку разбрав па сега ти се јавувам тебе ако знајш поточно ама ти ете не си дома...“
Братми ни прераскажува што кажал пријателов и сите ние прашалници, дедото тв нема во куќава но одма поита да го пушти радиото да проба да фати некоја станица. Пуштаме македонско радио, има музика но набрзо почнуваат вести, и вистина како што реше пријателов, прва вест во месноста карпалак убиени 10 македонски војници, сите од прилеп и прилепско. Втора вест во Прилеп спонтано се собира и младо и старо во чарчијата и има неколку дуќани оштетени и запалени а и чарши џамија е во пламен и пошарната служба пробува да го изгаси огнот... Како за инат вечерта нема сигнал на телефоните, ниту мобилните а ниту фиксниот од кај дедото, Пробуваме да завртиме дома, кај роднини пријатели ... јок, во Локвици таа вечер наспроти Пантелемон нема никаков сигнал, одсечена е од се телефонско... Вечерта поминува тмирно, поминуваме и во две други куќи од роднини, атмосферата не е како за селска слава, се е тмурни и неволно, никој ништо нема информација плус а секаде се врти истиот муабет што бил на радио/тв, нови информации нема...
Утрото решаваме да наместо по планот преседиме до ручек си замеме порано а наместо од Локвица вечерта да одиме право за Прилеп да смениме и одиме во селото од таткоми Ропотово. Таму се чичко ми и бабами (лесна им земја сега :.( ) па да имаме две ноќевања надвор од градот. Така и бидува, најдуваме таксиста кој ќе не префрли до Ропотово што е некаде на пола пат од Локвица до Прилеп. Типот не остава на сред село. До кај чичкоми има 10мин одење. Жешко е пекол, часот е околу 13.30-14.00 но уште по пат се е некако мирно и тивко. Празник е, Пантелемон, луѓето не се на нива или бавча ама не се и по дворовите околу од патот до куќата каде одиме. Се е некако чудно но што е работата. Уште по пат правиме маубет дека прво што ќе прашаме кога стигниме дома е што се случува во селово...
Стасуваме...
Чичко ми седи на тараса пред врата и не пречекува со неговото тогаш препознатливо за сите групи на дечишта што ќе му се претрараат пред очи “Кај сте бе чеченци!!!“
а ние “Еве сме дојдовме од Локвица а што е работава низ село кај се луѓето ?“
Следуваат три секунди тишина и тогаш...
-Не слушнавте ? Дарко од Зенговци го отепале во Тетово...
Мрак...
________________________
Другите загинати не ги познавам... Ама Дарко Зенгоски (Зенго е прекарот на Татко му) го знам, беше 10-12 години постар од мене. Таткому сеуште живее три куќи после куќата од чичко ми. Беше женет но немаше сеуште деца. Работеше со таткому во македонија пат и немаше ден а да не помини кај чичкоми на кафе, пиво или нешто слично... беше добар човек и чичко ми му имаше многу помогнато а и и тој него секогаш кога требаше човек за некоја работа ако беше слободен идеше уште на прв повик. Ми беше стар роднина, на татко ми му беше 4то колено братучед по некои дедовци кои пред 100 и повеќе години што биле браќа. Бидеќи живеат во исто село а и не многу далеку не се заборавиле роднинските корени а за пријателството и да не правиме муабет... Ама... Ама кобно беше тоа утро кога тргна конвојот за Тетово преку Карпалак...
Друг нека им суди на виновниците, ние обичните смртници не можеме тука ништо...
Се извинувам што на моменти задлабочував во детали на приказната но морав бидеќи ми е врежана во срце секоја секунда од тие крвави денови 2001ва и ќе ја памтам до крајот на животот... фала ако ме прочитавте, поздрав и секое добро...
Слава им...