Драга AjGelgirl24 со најдобра намера, сфативме дека секој има право на свое мислење, всушност тоа одамна го знаеме. Ама ако мислиш само да го искажеш истото а да не дискутираш со различно од твоето, тогаш тоа не се прави на форум. Aко некој има поразлично мислење и те како можеш повеќе да научиш, пробај да размислуваш во таа насока па да видиш до каде ќе те доведе.
Да, Библијата, Куранот, Талмудот итн се одлични книги со одлични морално-филозофски сфаќања. Но на тоа остануваат. Изборот на Обама, е нормална работа. Зошто човек би требал да биде делен по расна основа? Дали ако кажам дека утре САД ќе има и Кинез за претседател, јас сум пророчица? Едноставно нема основа. Ако човештвото се стреми кон претопување на расните,половите и верските разлики и создавање на меѓусебен соживот тоа е разумен и нормален избор. Обама победи дека според граѓаните им нуди подобра перспектива, а не дека е дел од некое си пророштво.
Морам и за ова да те цитирам. Дали тоа ги прави сите автори на дистописки романи пророци? Орвел, Хаксли, Мур, Етвуд, Ловри итн? Па случувањата кои моментално го тресат светот со прислушкувања, заплашувања и тоталитарност не е токму тоа за кои тие пишувале во своите книги пред 40,50,60 години?
Од друга страна, што правиме со оние луѓе што не веруваат во Библијата? Дали и за нив се приближува Судниот Ден?
Не го наметнувам моето мислење, напротив крајно го почитувам твоето туку ме интересира твоето гледање на овие прашања. Затоа и сме тука, да развиеме дискусии.
Во врска со темата, мислам дека се имам изјаснато. Не верувам дека постои задгробен живот. Енергијата го движи човечкот организам, по настанувањето на смртта, таа го напушта телото, а тоа се распаѓа и тоа е тоа.