-Еј како помина на свадба?
- Ја откажаа.
- Зошто?
- Па не била трудна
Ова како мал вовед во темата, дека и јас мислам најголем дел од браковите се случуваат поради тоа што останала трудна. Од најголем дел од случаите што ги знам лично, така се имаат земено, а некои дури и разведено, пошто се знаело тоа дека не било нешто најдобра врска, не си се погаѓале, па ај сеа ќе се земеме ради бебето, ама ни тоа не ги спои (напротив). Исто така ги знам и такви кои се во мн долги врски и сеуште размислуваат дека се премногу млади да се врзат (30 години, да “млади“ сте ептен
) и сеа демек ако недај Боже остане трудна, еее суперрр, спремни сме на брак, ај ќе се земаме. Е па да ме извините, тоа мене ми нема логика. Ако некој ти е се во животот, ако сметаш дека си ја пронашол сродната душа, зошто да не си створите мало, љубовно катче за уживање? Па сеа децата може и нешто покасно да дојдат. Али влечкање по не знам колку години, за мене е само доказ дека човекот до мене или не е дсеуште созреан или не ме сака доволно. А да не почнувам да зборувам за помалите (од по 16-17 год), ужас. Кога успеала дечко да фати, па и трудна да остане, па ќе ми изиграваат родители и семејство, уште не знае името да си го каже