Бремена пред бракот - во минатото и сега?

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Ако двајца се сакаат , дали е битен еден лист хартија на кој пишува дека се во брак? Кога луѓето имаат чувство за одговорност ,тогаш децата треба да се одгледуваат од двата родители и да бидат семејство. Но секогаш има секакви ситуации и секој како си милува, така нека си прави. Трудна невеста не значи дека некој е приморан за брак. Во животот секој има избор и одговорност. Само тоа треба да се почитува. Бракот се склопува, се расклопува(разведува),но најбитно е човекот да се чувствува среќен, дае свесен што прави и да е одговорен за постапките.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EliBo

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
Во Македонија се си *** пиперот па и традиционалните навики, и преку нив и менталитетот. Тоа што пред некоја декада беше незамисливо сега е секојдневие.
Блазе си им на оние кои склучуваат бракови во (заради) случај на бременост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and EliBo

The High Commander

Староседелец
2 мај 2012
206
131
1,043
123
Абе како беше оној вицот....
Како запросуваат женските?
- Љубави, трудна сум :igra

Бременост пред брак не е идеална ситуација ама не мора да биде ни катастрофа. Некогаш таа може да биде оној неопходен поттик за двајца луѓе конечно да се решат.
На машките мислам малку повеќе им е потребно тоа.

Проблемот со бременоста пред брак, како што спомна Електра, е што ги става луѓето што не се спремни под притисок да се земат.
 
Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
Во минатото имало причина зошто на вонбрачната бременост се гледало со сомнеж. Од една страна, чувањето до `првата ноќ` значело каква таква гаранција дека ликот кој го склепал бебето е навистина татко на тоа дете. Од друга страна, жените биле економски зависни од `набавувачот` на средства а.к.а работникот на нива, кројачот, рударот.... со што вонбрачната трудноча стекнала негативен статус во општеството, станала голем ризик, како за мажот така и за жената.
Али времена се мењају...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: EliBo

EliBo

Нов член
30 јуни 2013
16
13
3
Ако двајца се сакаат , дали е битен еден лист хартија на кој пишува дека се во брак? Кога луѓето имаат чувство за одговорност ,тогаш децата треба да се одгледуваат од двата родители и да бидат семејство. Но секогаш има секакви ситуации и секој како си милува, така нека си прави. Трудна невеста не значи дека некој е приморан за брак. Во животот секој има избор и одговорност. Само тоа треба да се почитува. Бракот се склопува, се расклопува(разведува),но најбитно е човекот да се чувствува среќен, дае свесен што прави и да е одговорен за постапките.

Денес сме доволно разгалени и се заучваме така дома и кога ќе се мажиме или жениме тешко ни паѓа неразгаленоста и одговорноста и не сме учени да трпиме и ајде развод со оправдување погрешен избор. Погрешен избор а сами сме го одбрале парнерот сме биле во врска одредено време за да видиме дали е за нас или не за разлика од порано кога се земаа по слика и некако успеваа да го одржат бракот за цел живот. А денес на толку слобода шо ја имаме секој 3 брак завршва со развод. Јас стално велам поарно дечковци ке менвам дури не го најдам тој шо сметам дека можам да го поминам животот отколку мажи. Малце офтопик ама навистина жалосно. Како шо тргна дискусијата требаѓе да ја крстам темата „Значењето на бракот денес“
 
MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
Абе како беше оној вицот....
Како запросуваат женските?
- Љубави, трудна сум :igra

Бременост пред брак не е идеална ситуација ама не мора да биде ни катастрофа. Некогаш таа може да биде оној неопходен поттик за двајца луѓе конечно да се решат.
На машките мислам малку повеќе им е потребно тоа.

Проблемот со бременоста пред брак, како што спомна Електра, е што ги става луѓето што не се спремни под притисок да се земат.
Јас го запросив маж ми така...Сонце трудна сум...:giggle
Во врска бевме 11 години и никако да се решиме на тој чекор...а бременоста беше повод конечно да се решиме на тој чекор ...така и бидна...
Пред тоа се плашевме (особено маж ми) дека нема да успееме, дека нема да се снајдеме во улогата на родители, ама се’ течеше така спонтано и се’ ни’ доаѓаше така природно што мислам дека сега ни’ е далеку поубаво и многу сме поисполнети, поинтимни, поблиски и поврзани отколку во периодот кога бевме во врска...
 
monika88

Истакнат Член
1 април 2013
453
645
193
36
Неготино
не ми е јасно зошто зборувате дека е од љубов ако не е е трудна девојката,па луѓе постојат и парови кои детето го направиле од љубов па се решиле за свадба.пример за мене ке кажам,планирам свадба во ноември и сега работеме на случајот да останам трудна,така да ќе бидам и јас бремена на мојата свадба некои 4-ти месец,и тоа нема да значи дека не правеме свадба од љубов,јас тоа го сваќам како уште поголема љубов штом сме создале нешто заедничко од нашата взаемна љубов
 
Strumfeta

Полноправен Член
20 јуни 2013
57
91
18
-Еј како помина на свадба?
- Ја откажаа.
- Зошто?
- Па не била трудна :rofl
Ова како мал вовед во темата, дека и јас мислам најголем дел од браковите се случуваат поради тоа што останала трудна. Од најголем дел од случаите што ги знам лично, така се имаат земено, а некои дури и разведено, пошто се знаело тоа дека не било нешто најдобра врска, не си се погаѓале, па ај сеа ќе се земеме ради бебето, ама ни тоа не ги спои (напротив). Исто така ги знам и такви кои се во мн долги врски и сеуште размислуваат дека се премногу млади да се врзат (30 години, да “млади“ сте ептен :x ) и сеа демек ако недај Боже остане трудна, еее суперрр, спремни сме на брак, ај ќе се земаме. Е па да ме извините, тоа мене ми нема логика. Ако некој ти е се во животот, ако сметаш дека си ја пронашол сродната душа, зошто да не си створите мало, љубовно катче за уживање? Па сеа децата може и нешто покасно да дојдат. Али влечкање по не знам колку години, за мене е само доказ дека човекот до мене или не е дсеуште созреан или не ме сака доволно. А да не почнувам да зборувам за помалите (од по 16-17 год), ужас. Кога успеала дечко да фати, па и трудна да остане, па ќе ми изиграваат родители и семејство, уште не знае името да си го каже (shake)
 
То е веќе би било планирано од ваша страна како шо рече сте создале нешто заедничо во име на вашата љубов и то е друго, ама шо стана со ваквите случаеви:
-Еј како помина на свадба?
- Ја откажаа.
- Зошто?
- Па не била трудна :rofl
Ова како мал вовед во темата, дека и јас мислам најголем дел од браковите се случуваат поради тоа што останала трудна. Од најголем дел од случаите што ги знам лично, така се имаат земено, а некои дури и разведено, пошто се знаело тоа дека не било нешто најдобра врска, не си се погаѓале, па ај сеа ќе се земеме ради бебето, ама ни тоа не ги спои (напротив). Исто така ги знам и такви кои се во мн долги врски и сеуште размислуваат дека се премногу млади да се врзат (30 години, да “млади“ сте ептен :x ) и сеа демек ако недај Боже остане трудна, еее суперрр, спремни сме на брак, ај ќе се земаме. Е па да ме извините, тоа мене ми нема логика. Ако некој ти е се во животот, ако сметаш дека си ја пронашол сродната душа, зошто да не си створите мало, љубовно катче за уживање? Па сеа децата може и нешто покасно да дојдат. Али влечкање по не знам колку години, за мене е само доказ дека човекот до мене или не е дсеуште созреан или не ме сака доволно. А да не почнувам да зборувам за помалите (од по 16-17 год), ужас. Кога успеала дечко да фати, па и трудна да остане, па ќе ми изиграваат родители и семејство, уште не знае името да си го каже (shake)
?
 
True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,390
1,133
Yellow submarine
Јас да имам покрив над глава, солидна работа и услови за гледање на дете, па дали ќе биде по свадба ( која искрено мислам и дека ќе ја немам, зашто целата таа замисла ми е глупа) или пред, некако ми е мање битно.
Еве јас сум во врска, која е идентична со брак, само што нема хартија да го потврди тоа.
Заедно живееме, заеднички правиме планови, заедно трошиме, создаваме...
Сме разговарале и за брак, да го заокружиме нели сето тоа и да почнеме да делуваме на едно следно ниво - деца, само најискрено не сме спремни од финански аспект. Живееме во изнајмен стан и ред други работи и сега засега сакаме да се сконцентрираме на тие приоритетни нешта.
Ама, ако останам бремена сигурно дека нема да гризам нокти, што ќе рече комшиката на тоа дека трудна се мажам.
Проблемот на ова поднебје си влече корени од пусто турско, таков ни е менталитетот, сјебан, и од тоа што ќе каже Стојанка ако направам ова и што ќе рече Спиро ако се деси тоа си патиме. Побитно ни е да не величат комшиите, золвите и јатрвите отколку вистински да бидеме среќни.