Најпрвин.
Не си прај со умот барјам од седење и со пиење на шејкови, диетален леб и не знам ти што дека ќе ослабиш. А верувам дека внесуваш и друга храна освен диетална, а таа внесува калории. Тие калории односно енергијата треба негде да се изнесе/истроши.
Па затоа би те посоветувал да ставиш акцент на вежбањето, а на втора важна точка да ти биде исхраната. Најпрвин почни да трчаш, не мора да се форсираш како почетник... еве да речеме, почни со 3 круга,па така секој изминат ден зголемувај ги круговите. Имаш јаже почни да скокаш на него, ако ти е срам да одиш во теретана, имаш интересни вежби на јутубе за жени кои што би ти помогнале во ослабувањето.
Ова не се прави преку ден/недела па и месец... Треба издржливост, желба и упорност!
Со среќа!