Во последно време, многу слабо излегувам и кога го правам тоа, си идам во маало, на кафе со убави луѓе, на места каде што ми е пријатно.
Ова за цените, скапо е, ама не мора да ве видат во Центар дека пиете кафе не?
Во главно, ми пречи кога келнерите се понашаат како да си дошол да им бараш пари на заем, а они имаат три рати кредит неплатено и маж/жена во затвор.
Не ми пречи, ама ми е крајно дебилно кога некоја сред бел ден иде на кафе, а се напудрила, накитила и дотерала ко Галичка невеста: маскенбал едишн.
И секако, мизеријата од екипи кои мислат дека кафичот е нивен, а сите останати дојдени исклучиво да ги слушаат како се смеат, и изиграваат кловнови.