Слобода...ама и слободата треба да има граници!
Колку и да ми се објаснува, никогаш нема да го прифатам фактот дека е сосема нормално еден прч да шета пред мали деца по тенка гаќа преку која му се отсликува природното богатство, притегнато на средина и притиснато ко на џам! Ево децо, биологија у живо, буљете и восхитувајте се на лампионот на вашиот настанок.
А она пусто, мало дете, ко за беља, баш таа висина е, за тет-а-тет (нерелевантен израз) да се најде со Божеството звано Плодни Пендрак.
Ма дома...ма на плажа...ма не ми е гајле, постојат прикладни шорцеви и крај. Безвеза ми е муабетов, со оглед на временскиве услови надвор, ама и една таква слика е доволна да ми го изреволтира мозочево.
И не мешам политика, сите ми се исти ташак, ама подеднакво ми се несфатливи сликине со партиски пиунки под кои пишува „Жена во политиката значи“...е?
Ама нели рамноправна сакаше да биде таа жена, што тогаш мора да се потенцира оти е жена? Па женине во НАСА толку не се посраа со своите позиции.
Не знам дали само мене ми се коси со логиката, ама нема врска, знам само дека јас би радо во кујна отколку во штаб.
И као на плоштад „Собир на жени на ТАА и ТАА партија“, па секоја посебно сликана кај што става донација во кутија, за после да ја отворат истата, и пак, меѓусебно, со по некој денар плус од загорен, залутан шетач што видел жени на куп, си ги поделат парите и се тепаат за промоциите на Авон и Орифлејм.
Барам логика, ама јок...нисам паметна.
Ми се шета на дождов, та ми се умира. Нема ништо поубаво од дожд во мрак...и магла.