Lena многу љубави се роделе преку интернет...Онакви какви што зборуваш...Вистински...
Не биди песимист
Чао Фејсбук...
Мери, не сум воопшто песимистички настроена.
Никогаш и не сум била, само сум реална.
Љубовта не се родила преку Интернет.
Преку Интернет се родила заинтересираност на таа особа, некоја симпатија или привлечност.
Љубовта би се родила тек на првата средба.
Тогаш знаеш дали е љубов.
Да напишеш " те сакам" е многу лесно.
Да кажеш некому " те сакам" и да го гледаш во очи е сосема поинаку.
Не излегува така лесно од устата..и срцето како напишаното " те сакам"..