Повеке работа и претварање на негативната енергија во пари
![Се смее :D :D](/images/emoji/laugh_animated.png)
Да да,баш кога имате изобилство на негативна енергија пробајте го рецептот,ако не вроди со плод во првите неколку пати,ке вроди во наредните.
Баш како во приказната кога таткото пред да почине му кажал на синот дека во лозјето има закопано злато.
Го прокопал синот неколку пати,и бербата била богами солидна таа година.
Тоа е едниот рецепт.
Гласна музика,по некоја солза.
Седенка со пријателите со опуштен муабет,па дури може и чашка до две алкохол.Понатамошните не се бројат.
Доста често во такви ситуации знам да се изолирам на тишина,читајки некоја книга или едноставно размислувајки со затворени очи.
Со надоагањето на негативната енергија уствари тогаш дури го осекам уморот и земам слободен ден,за да не настрада околината.
![Зелен :zelen :zelen](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Еве уште еден добар начин за ,,празнење,,на негативна енергија