Не е контрадикторна, барем не колку христијанството (за другите религии не се дрзнувам да коментирам бидејки немам големо познавање)
Одговори ги прашањата и размисли дали твојот одговор, врз кој големо влијание ке имаат моралните норми наметнати од општеството во кое живееш и религијата исто, ке биде контрадикторен или не.
Ова ко наредба „Одоговори ги прашањата или гори во пеколот“
Ќе ти ги одговорам, според телемата.
Дали тие 5-6 батки имаат право да го соборат Петко? -Петко има право да ги убие затоа што му го ускратуваат правото да ја задоволи својата Волја.
Дали тие 5-6 батки имаат право да си ја задоволат својата волја соборувајки го Петко? - Имаат право. Тогаш секој кој ќе им попречи во нивната намера да ја остварат својата Волја имаат право да го убијат.
Кога истите тие 5-6 батки би го собориле Петко дали ке си стават ``грев`` на душа поради тоа? - Ако си ја оствариле Волјата треба да мислат на последиците кои ќе ги предизвикаат.
Дали мотивот ке ги оправда? - Мотивот е нивната Волја, тоа ги оправдува сите средства.
Дали би го оправдале Петко ако во своја одбрана го изнесе својот мотив? -Исто и на Петко мотивот е неговата Волја.
Дали би го оправдале Петко ако мотивот за стореното дело е одмазда? - Во овој случај не е, не ја извртувај приказната и овде. Јасно е опишано како и зошто Петко постапил така.