1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Телема

Дискусија во форумот 'Религија' започната од Abraxas, 10 јануари 2013.

  1. Idiot

    Idiot Староседелец

    Зачленет на:
    5 март 2013
    Мислења:
    317
    Допаѓања:
    231
    А што треба да те води? Вербата? Ако не се раководиш спрема волјата цел живот си го утнал.
     
  2. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Им го честитам денот на жената на сите припаднички на понежниот пол, и им го посветувам овој текст во чест на правата кој станаа реалност далечната 1909 со кој практично новиот еон почна да станува реалност.
    Повелете:

    Први што ти е волја и тоа нека биде целиот закон
    Природата на жената била искривувана, надежите на нејзината душа изигрувани, нејзиното природно задоволство ограничувано, нејзиниот ум бил труен и сето тоа е правено за да се надрзнуваат исцедените непца од сенилните банкари и амбасадори.
    Зошто машките инсистираат на „невиноста“ кај жените? (спознајте кои мажи од текстот што следува)
    1. За да ја задоволат сопствената суета;
    2. За да си дадат најмногу шанси: a) да не подлегнат на венерични болести; b) да ги пренесат на потомците своите благородни особини;
    3. За да ја задржат моќта над нивните робови со знаењето кое го поседуваат;
    4. За да можат што подолго да ги држат во послушност со одвраќање од блудење. Сексуално задоволената жена е најдобриот помошник; незадоволна или разочарана жена е вистинска душевна чума;
    5. Во примитивните општества за да се заштитат од препад и неверство;
    6. За да го прикријат својот притаен срам во областа на сексот;
    Што велиме ние телемитите за жената?
    Ние не им ласкаме и не ги залажуваме жените; ние не ги потценуваме и не ги малтретираме. За нас жената е самостојна, апсолутна, оригинална, независна, слободна, самоопределена, точно онолку колку што е и мажот. Секој маж и секоја жена е Ѕвезда вели Законот.
    Ние не го осуетуваме Нејзиното Движење, на Божицата! Ние не полагаме никакво право над Нејзината волја; не го одвраќаме Нејзиниот развоен пат за да господариме со нејзините желби, или пак да ја одредуваме нејзината судбина. Ние не бараме ништо повеќе освен да и ја понудиме нашата сила.
    Книгата на Законот вели: Нека пред мене застане жената опашана со меч!
    Добредојде ти, Жено, те поздравуваме како Ѕвезда! Добредојде на лумпување и веселба! Добредојде во борба и на гозба! Добредојде на бдеење и победа! Добредојде во страст и громогласна смеа! Добредојде на трпеза и в кревет! Добредојде на тажење и смрт!
    Ние телемитите сме оние кои вистински ја сакаат и почитуваат Жената, кои ја сметаат подеднакво безгрешна и бесрамна како што сме и ние самите; а оние кои што велат дека ја презираме, се оние кои бегаат од замавот на нашите сабји со кои ги раскинуваме зарѓаните окови од нејзините нозе!

    Љубовта е закон љубов под волја
     
  3. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Пролетната рамнодневница е период кој ние телемитите го сметаме за почеток на новата година.
    Многу успеси и достигнувања до сите мои браќа и сестри, до сите пријатели и сите останати слободоумни луѓе.

    93! 93/93
     
    На Idiot му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Liber Al II
    38. Прослава за трите дена на пишувањето на Книгата на Законот.
    На 8-ми Aприл 1904 година, пророкот на новиот еон го прими првото поглавје од книгата на законот.
    93 /93 93
     
  5. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    За вториот ден:
     
  6. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    За третиот ден од пишувањето на книгата на законот!
    Liber AL III
    1. Абрахадабра; награда на Ра Хоор Кут.
    2. Постои раздор кој наближува кон куќата; постои збор непознат. Волшепството е мртво; се е ништо. Внимавај! Држи се! Воздигни го волшепството на Ра-Хоор-Куит!
    3. Сега нека биде прво разбрано дека јас сум бог на Војната и Одмаздата. Остро ќе постапам со нив.
    4. Изберете остров!
    5. Утврдете го!
    6. Засејте го со воена машинерија!
    7. Јас ќе ви дадам воена машина.
     
  7. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Бидејќи, идеологијата на ова движење е прави што ти е волја, еве мене ми е волја да му кажам на дотичниот апостол, дека неговиот аватар со величење на едноокиот црв, ми е доволна причина да му кажам:
    Им се ближи крајот!
     
  8. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Тек смо почели! ;)

    Се што те повредувало било она кое не си го познавала, како што тоа бледнее од тебе ќе знаеш како никогаш дека се е едно. И пак, таа кажа:
    Јас давам незамисливи радости на земјата: сигурност, не верба, за животот, над смртта.
    Ова си го знаела. Времето кое ги јаде своите деца нема моќ над оние кои не сакаат да бидат деца на Времето. За оние кои се познаваат себеси како бесмртни, кои живеат во вечноста, свесни за Нуит, на нејзиниот престол на кочијата на сонцето, нема смрт каква што луѓето ја нарекуваат смрт.
    Во целиот универзум темнината се наоѓа само во сенките на една груба и проста планета, каква што беше за миг; самиот универзум е поплава од вечна светлина. Значи исто така смртта е можна само преку несреќа; си се скрила себеси во сенката на твоето грубо тело и, сметајќи го за стварност, си треперела. Но, кругот се врти повторно; сенката одминува од тебе. Разложувањето, и вечната екстаза се во бакнежите на Ну. Бидејќи како што си го прифатила за свој Законот на Слободата, како што си живеела во Светлина и Слобода и Љубов, така си станала и Слободен Човек во Градот на Ѕвездите.

     
  9. True_Blood

    True_Blood Upright

    Зачленет на:
    18 февруари 2012
    Мислења:
    1,132
    Допаѓања:
    2,396
    Мхм, сте почели вие одамна, алчни и корумпирани дебили, шо пафтаат со гомила пари, а скриени како пиз*и.
    Новиот поредок од освестени интелектуални индивидуи, свежа и млада крв со хоризонти подалеку од својот нос ќе ви ја скрати таа моронска ненаситност.

    Бај д веј извини што изложив мислење во прво лице еднина, зашто реално драг мој пријателе, ти далеку си чак и од ножните прстиња на Илуминатите. Али да им бидеш фан, при здрава свест многу зборува за тебе.
     
  10. Abraxas

    Abraxas Староседелец

    Зачленет на:
    10 јануари 2013
    Мислења:
    1,079
    Допаѓања:
    788
    Дијалогов се сведува на изгубени во преводот, но како би било поинаку кога ти своите ставови си ги изградил врз теории на заговор. Не сум јас фан на никакви Илуминати како што ти ги замислуваш.
    Илуминатите се ред кој постоел кратко време во Баварија и денес се спомнуваат во манифестот на О.Т.О како дел од идеологијата на Редот.
    Законот на Телема е закон на новото време, закон на Слободата, Животот, Љубовта и Светлината, а не поредок кој би го поробил човештвото.
     

Сподели: