Последен гледан филм со рецензија

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Death Race. Главна улога - Jason 'Badass' Statham. (inlove)
Кога сите затвори ќе се преполнат со криминалци, почнуваат со работа приватни затвори кои работат за профит. Во најозогласениот затвор каде што се најопасните криминалци, директорката организира автомобилски трки до смрт, кои одат во живо на интернет и со тоа го зголемува профитот. Кога најдобриот возач загинува во една трка, таа прави сè што е во нејзина моќ за да доведе нов возач како него за да не опадне гледаноста на трките. И успева во тоа.
Одличен филм за тие што сакаат акциони филмови, со многу пукање, експлозии и убиства.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
A little bit of Heaven-Комедија,Романса,Драма
An irreverent young woman who uses her humor to prevent matters from getting serious has a life-changing visit with her doctor.
 

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,019
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
The Midnight Meat Train

MidnightMeatTrainMoviePosterUSA.jpg


Доста језив филм. Еден сериски убица секогаш после полноќ чека еден воз во метро да се испразни и да го нападне и убие последниот човек на него. Тој е всушност месар по професија и своите жртви ги "средува" како животни и ги беси на кука. Еден фоторограф (го игра Bradley Cooper) сликајќи во доцните часови ќе налета на овој убица и ќе почне да го следи и пополека, ќе открие што всушност тој прави. Да не откривам премногу, иако не ми се допадна крајот, односно поентата на дејствието, вреди да се погледне.

 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Anastasia (1956)
Anastasia-1956-Brazil-Front-Cover-3087.jpg


Ех, мојата вечна опсесија со Романови. :giggle
Филмот раскажува за мистеријата околу можното преживување на една од ќерките на последниот Руски цар Николај, но низ призмата на најпознатата измамничка Ана Андерсон т.е. Франциска Ж(Ј)анковска која умрела тврдејќи дека е Анастасија.
Баш ми се допадна како е доловен целиот план, вежбањето, учењето, преправањето, плус самата кинематографија си го прави своето. Тажно во секој случај. Препорачувам и те како.
 

Lepaa

Истакнат Член
2 декември 2012
985
1,704
393
Montevideo bog te video
Montevideo-Bog-te-video.jpg

Филмот е снимен по вистински настани и го следи составувањето на националниот тим од 11 талентирани фудбалери, меѓу кои и познатиот тандем Тирке и Моша. Тирке ја има таа среќа да го исполни својот сон како фудбалер, откако идниот селектор на тимот, ќе го примети како игра на калдрмите во Чубура. Кога ќе се уверат во неговите способности и уметноста која ја внесува во фудбалот, претседателството на клубот БСК ќе го вклучи Тирке во тимот, каде од почетокот ќе биде во судир со Шима, по што ќе станат многу добри пријатели. Соочен со финансиски проблеми, поради немање поддршка од кралот (поради тоа што хрватите не ипратиле фудбалери) тимот е разочаран што наместо нив предложено е да оди Бугарија. По пријателскиот натпревар со Бугарија, откако буквално "ги смачкаа", народот собира пари преку услугите на малиот Станоје (мало пријателче и поддршка на Тирке) кој им ги чистеше кондурите на гледачите и мали закани врз Бугарчето
emoticon-0136-giggle.gif
, одлучено кралството Југославија да оди на светско првенство во Уругвај.
И покрај тоа што главната тема е фудбалот и успехот на светско првенство, филмот претставува и мелодрама каде што и љубовта има големо значење, како и сиромаштијата, преживувањето на народот, културата, обичаите, пријателството, моралот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Sofija... and Slims

foREVer

Староседелец
20 март 2012
2,227
3,505
743
Saving Private Ryan, не знам ни по кој пат. И сè уште ми е еден од омилените.
Почнува со Денот Д, инвазијата на Нормандија во Втората Светска војна. После нападот, еден од преживеаните капетани добива наредба од началникот на армијата да го пронајде војникот Рајан и да го прати дома. Неговите тројца постари браќа загинале во истата војна, па началникот не сака мајката да остане и без четвртиот син. Капетанот Милер и седум одбрани војници тргнуваат во потрага по Рајан, жртвувајќи ги своите животи, за да спасат само еден.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: elizabetta

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
Последно што погледнав беа Taken 2 (2012) и Zodiac (2007)
Taken 2, продолжението на Taken од 2008, уште еден филм во кој Лиам Нисон крши кичми и го спасува семејството. Доколку го немате гледано првиот дел, не го гледајте вториов зашто се поврзани и може нема многу да разберете, ама па и нема што многу да се разбира. Во овој дел, Брајан (Лиам Нисон) оди во Турција (работно), му се придружуваат и поранешната жена и ќерка му, и ги киднапираат некои луѓе... Да не раскажувам во детали зашто со две реченици ќе го раскажам целиот филм. Добра актерска екипа: Лиам Нисон, Фамке Јансен, Меги Грејс. Оцена 6/10

Zodiac, доста интересно филмче кое ми го привлече вниманието и седнав да го изгледам пред тв. Во некој американски град (не му го паметам името), се појавува сериски убиец кој напаѓа млади двојки и тоа откако ќе ги нападне, мажот преживува, а жената умира. Тој се нарекува Зодијак и испраќа шифрирани пораки во најчитаните американски весници, да ги објават инаку тој ќе убива уште луѓе. Еден цртач за еден од весниците кого го интересираат загатките се заинтересира за решавање на случајот... Актерска екипа на место: Џејк Гиленхал, Роберт Дауни Џуниор, Марк Рафало...
2 и пол часа напната приказна, и крајот му го посраа. Да не го зезнеа крајот ќе му дадев и 10ка, вака чиста 8-ца :)
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Трето полувреме
Покрај цел скептицизам мислев дека не вреди да се погледне мило ми е што го видов и ме убеди во спротивното :)
Како што вели самиот трајлер : Приказна за еден клуб и за една забранета љубов! Во самиот филм има доста скриени пораки , симболка и цел концепт од почеток до крај е феноменален. Самиот поччеток е смешени и тоа доста за потоа да премине во еден сериозен филм со праката која ја чуствувам сеуште бори се за она што го сакаш без оглед на се. Погледнете го ако не сте го гледале најубавиот македонски филм некогаш снимен 10/10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Slims

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Zodiac, доста интересно филмче кое ми го привлече вниманието и седнав да го изгледам пред тв. Во некој американски град (не му го паметам името), се појавува сериски убиец кој напаѓа млади двојки и тоа откако ќе ги нападне, мажот преживува, а жената умира. Тој се нарекува Зодијак и испраќа шифрирани пораки во најчитаните американски весници, да ги објават инаку тој ќе убива уште луѓе. Еден цртач за еден од весниците кого го интересираат загатките се заинтересира за решавање на случајот... Актерска екипа на место: Џејк Гиленхал, Роберт Дауни Џуниор, Марк Рафало...
2 и пол часа напната приказна, и крајот му го посраа. Да не го зезнеа крајот ќе му дадев и 10ка, вака чиста 8-ца :)
Дај му 10, зошто Зодијакот всушност навистина постои, а филмот е базиран на вистинската приказна за убиецот, не би било фер да го пеправат во хепи енд. Најголемиот дел од пораките и ден денес никој не успеал да ги декриптира, истите дури и кружат по интернет во очаен обид да се дознае неговото име кое го скрил во едно од писмата, зошто се верува дека типот е уште жив и е во своите 80ти години од животот. (nod)

Он топик, The Recruit (2003)
Recruitmovie.jpg

Со оглед на актерската екипа составена од Колин Фарел и Ал Пачино, очекував многу повеќе акција и пресврти, но сепак и не беше лошо колку што беше споро. Да ги компресирале тие 120 минути во 90, би било поефективно.
Џејмс, сакајќи да дознае семејна тајна, е на прагот да стане агент на ЦИА, но првин мора да помине низ неколку тестирања и тренинзи за да се докаже пред неговиот ментор Валкер. Гледајќи ги неговите способности, Валкер го праќа Џејмс на мисија да открие кој од групата потенцијални агенти е всушност шпиун за друга организација.
Резултатот...хм, ко и во повеќето вакви филмови, на моменти предвидлив, на моменти води во спротивни насоки, но токму тоа е и поентата која Валкер ја споменува често: Nothing is as it seems.
Цврста 7ка, чисто поради малата акција на крај.
 

Рушен

Активен Член
22 октомври 2012
181
124
43
Спајдермен 2

Од првиот дел Питер Паркер го каснува пајак и тој има невидени можности, се претвара во Спајдермен. Тој живее во Њурок и работи во еден весник како фотограф но има проблеми со тоа бидејки тој е Спајдермен и не може да го слика Спајдермен. Тој го спасува градот од многу лоши луѓе и им помага нан тие што се во невоља. Подоцна излегува Хичер мислам (неговиот поранешен професор) и тој прави направа за електрична енергија но доаѓа до проблем и Хичер станува чудовиште и се бори со Спајдермен. На крајот Спајдермен го убедува Хичер да ја исклучи машината бидејќи ќе го уништи Њујорк, тој се согласува на тоа и ја исклучува машината.

Најинтересното го раскажав, повеќе ме мрзи сега :)