Последен гледан филм со рецензија

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Only you (1994)
normal_Only_You_(1994).jpg

Не сакам многу многу вакви лимонатки, ама филмов ми е ептен онака интересен, убаво склопен, без лигавштини и патетики.
На панаѓур, 11 годишната Феит преку Ouija board открива дека името на нејзиниот “суден“ е Дејмон Бредли.
Многу години подоцна, на денот на нејзината венчавка, по грешка добива повик од човек кој го носи тоа име. Верувајќи дека тоа е судбина, ја откажува венчавката и лета за Италија во потрага по Дејмон.
Дали ќе налета на вистинскиот и дали ќе заврши со тој кој наводно и’ бил суден, ќе видиме.
Лесно и интересно. Одлична екипа: Мариса Томеи, Роберт Дауни Џуниор и Били Зејн. (y)
Admit it.... Ironman was on the role.

Настрана типов, филмчево од денешна гледна точка е просек. Добро можда малку има смешни моменти, ама више није то што је било.
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,054
1,183
MV5BMTU1NzM5NjE0M15BMl5BanBnXkFtZTcwNTY2MDA2OA@@._V1._SY317_CR4,0,214,317_.jpg


Трето полувреме, па и во кино- мераци. Искрено не очекував многу од филмот, предобро е осмислен и многу ми се допадна. Пак би го гледала, го препорачувам на сите. Кој како иѕлаваше беше со цвени очи и се бришеше, не ми се веруваше дек на филм со фудбал ќе си пуштам солзи.:D
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: warr, Gemini and МиГ 21

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Warrior
Многу добар филм, интересна приказна за двајцата браќа кои се среќаваат после долго време и се наоѓаат во ринг за да си ги одмерат силите. чиста 10ка
warrior-1.jpg
 

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Бидејќи не најдов соодветна тема за ова ќе напишам тука иако се чудам како овие тв драми незаслужиле да бидат снимени како филмови едноставно нешто премногу кавалитетно светско а наше!
Мост ( ТВ драма)
Од ова можело да се направи соодветен хорор филм! Приказната е следна Кобен изградил мост , но на неговите внуци и синот остава аманет по неговата смрт никој да не поминува по мостот! Какви методи ќе се применат и што се ќе се случува ве оставам да видите затоа што нема да ви е интересно ќе ве потикнам да го гледате со тоа што ќе се прашувате дали е вистина дека мајсторите соѕидале жива девојка да го изградат мостот или не ? Дефинитивно требало да го направат како филм и тоа хорор со оглед дека актерите не се толку експонирани освен Јордан Симонов и Кирил Андоновски екипата ме изненади ! Моја оценка се на се 9/10 вреди да се погледне!

Парадоксот на Диоген ( Тв драма)
Според делото на Томе Арсковски и со легендарна актерска екипа пред се на чело со Ристо Шишков уште едно феноменално тв остварување ! Сега не се сеќавам многу на книгата за да тврдам дека се е индетично преставено , но дефинитивно е ремек дело кое некогаш е снимено! Премногу поуку , премногу прашања , а пресудата е оставена да ја донесете вие како гледач на се тоа! 9/10
Штета што не се филмови пак ќе кажам :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,025
9,656
1,683
Normandy
Pan`s Labyrinth
Драма - фантазија. Се случува веднаш по граѓанската војна во Шпанија (40тите) со победа на Франко. Наводно мајка и ќерка се доселуваат во едно упориште на франковисти (таткото е мртов), мајката трудна од капетанот кој им го нуди овој тип на азил за цена на идното новороденче. Во мелницата, опкружени со послуга, тие се на милост и немилост на капетанот кој лови сето она што преостанало од републиканците (партизани). Но една вечер на девојчето се појавува богомолка која го води во свет скриен од суровата реалност... кај чудовиштето Пан - кој и` нуди задачи за да повторно се врати во својот фантастичен свет. По некое време во реалниот свет се дознаваат некои тајни кои ја ставаат нејзината егзистенција на тенок конец, both real and surreal. Понатаму не раскажувам. Ми се допадна како голем обожавател на филмовите на Тим Вартон (овој не е) како и на книгите на Карлос Руиз Сафон. Строга препорака за redhead и Марија да го гледаат.
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Ко обожавател на делото на Гиљермо дел Торо, морам да се надоврзам на Saladin. :)
Pan's Labyrinth е следбеник на The Devil's backbone (El espinazo del diablo), двата се поврзани со војната и подеднакво добри, така да, ако го гледате едниот, обавезно мора да го изгледате и другиот, феноменални се ко и секој друг негов филм.
Нешто што обожавам кај филмови од шпанско говорно подрачје, е што тотално те наведуваат до еден заклучок, да мислиш си го сфатил филмот, за на крај да те треснат од земја кога ќе покажат што навистина се случило.
Ми се чини дека имаше и трета приказна овде, ама никако да се сетам, поодамна ми се гледани филмовите.

И да не сум оф топик, последен гледан ми е Џони Инглиш двојката, го ископав негде по компјутер.
Лимонатка, ко и во првиот дел, Џони ко Џони, со својата глупавост и на комичен начин се справува со криминал.
Имаше така некои сцени на кои се насмеав, но во глобала беше провидно и очекувано, како што е и целата поента на филмот, да те насмее и да ти одмори мозок. Со една 6ка ќе мине. (y)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Saladin

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
Larry Crowne
Искрено повеќе очекував од филмов според инсертите ама што е тука е :)
Станува збор за романтична комедија , романтика има , но комедија нема во никој случај!
Глевниот лик Лари кој го глуми Том Хенкс ја губи работата затоа што нема завршено факултет. По сите обиди да пронајде работа нема друго решение освен да запише факултет. Таму ќе ја запознае госпоѓата Тионг која ја глуми Џулија Робертс , професорка која се појавува пијана на предавања... што се ќе им се случи погледнете добар е за тепање време. 6/10
 

Electra

Неонка
Член на администрација
Админ
16 февруари 2012
3,103
7,519
1,183
Big Sur
Sinister [2012]
sinister-poster02.jpg


Спуки, ама предвидлив.
Тој е продуцентот, па ако сте го гледале Insidious, отприлика знаете што да очекувате + помешан со Amityville Horror од 2005. Мене таков впечаток ми остави.
Фамилија се доселува во куќа чии претходни сопственици умреле под неразјаснети околности, па понатака е јасно што може да следи. Ако сцените каде одеднаш изрипуваат секакви чуда може да ги сметаме за страшни, тогаш ок, но во целост, концептот не е нешто од што би ги наполниле гаќите.
Сепак не е лошо доловено, кој е по хорор, може да ви се допадне.
7.5 / 10
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: мимис