А сега да продискутирам малку за коемнтираното, иако сите одговори ги имам спомнато претходно тука. ,,Македончето" во никој случај не се чувствувало инферироно. Прво, социјалниот статус. Призната националност, еднаквост и рамноправност, јазик прогласен за државен јазик... да не потсеќа на темелите на нешто? Можеби ЕУ? Економски - спомнав неколку пати низ претходните коментари. Уште го немаме постигнато економскиот развој од 89'. Иако планот и анализата на социјалистичката економија потфрли, сепак не е за потценување фактот што голем број на фабрики и фирми имало во во Македонија. На жалост денес дали само неколку го преживеаа нејзиниот распад, Алкалоид , Витаминка а гледам пред згаснување е и ОХИС. Чист пример за капацитетот и работењето на тие фабрики се и голем дел на железничките пруги од Усје, Железара и сл. кои биле поврзувани до самите фабрики за побрзо и помасовно доставување на материјалните добра а сега служат како лежечки полицајци. Од безбедносен аспект не коментирам. Задолжителната војска, капацитетот на ЈНА, спремноста и напреднатоста на армијата, пример тенкот M-84 кој се покажа од круцијално значење за ружење на режимот на Хусеин. Бесплатно здравство, бенефиции во образование и уште многу други. Пред фактите и Боговите молчат, велат.
Но крајните факти говорат и дека социјалистичкото уредување на Југославија не издржа и колабира.
Истовремено, сево ова што го зборуваш е ОК, но е толку типично за социјалзимот, и доброделата што тој ги нудеше „на голем план“. А што е со индивидуалната слобода, креативноста, желбата за напредок?
Тие речиси и да не можеа да дојдат до израз, затоа што, нели, социјализмот на сите им дава еднакво, и тоа треба да е доволно за сите (независно што ти лично си мислела за тоа, па и ако ти пречело дека соседот твој дреме дома, додека ти „рмбариш“, а ги има истите бенефиции како тебе).
Човекот е најсреќен кога лично ќе го достигне тоа што го посакувал, и кога сиот негов потенцијал ќе излезе на виделина. Во едно такво „застарено“ уредување тоа не беше можно.