Затоа што менталниот склоп ни е заминат на едно поинакво ниво. Затоа што веќе нема праг на толеранција.
Неверства, кавги, несогласувања имало и за време на нашите баби, само што тогаш најважно било влијанието на комшиката Менка и срамот шо ќе пукне ако каже што ја мачи.
Сега не смееш да ја погледнеш попреку, а камоли да повишиш тон. Следниот момент куфери се пакуваат, се исплакува цела сесија кај мама на телефон и пут под ноге. Мажите го прават се ова само без сесијата кај мама
Друг фактор според мене е избрзувањето.
Кога ќе научат нашиве потенцијални младожеЊи дека од љубов и од воздух само не се живее и дека моронските реклами на Владата у стилу мама ќе купи креветче, твоите ќе купат количка се наросување Вениш на здрав мозок, можеби ќе биде поинаку.
Основање на семејство е светост. Ако го сакаш да го имаш треба да си кадарен да го издржуваш.
Пошто Снежана или Пепелашка од бајките во кои живееш дека љубовта е вечна нема да дојдат да ти донесат леб за тебе и твоето дете, ни па духот од лабмата нема да изгради покрив над глава...
А кога ќе почнат вистинските проблеми, кога ќе ти се плеснат од фаца реалните тешкотии ондак почнува и почетокот на крајот...
Затоа би требало малку да се размисли, не дека ако е се совршено нема да пукне тиквата, ама барем поголеми се шансите спокојот да се задржи онолку колку што треба.
Малку од претерување, малку од избрзување, од вистинска мака ама разводите се дешаваат...за жал се почесто.