1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Развод: да или не?

Дискусија во форумот 'Семејство' започната од Elence, 21 февруари 2012.

  1. escape

    escape Староседелец

    Зачленет на:
    20 октомври 2012
    Мислења:
    2,183
    Допаѓања:
    2,248
    ^покрај тоа во последно време како да е во мода да се земаат ради "бебе". Разбирам истиов случај да се случи кај пар кој со години е заедно ама овие што по неколку месеци се знаат, прават бебе и завршуваат со брак не знам не можам да ги разберам. Т.е разбирам живееме во општество каде гласот на комшијата е побитен од сопствениот живот, каде гордоста на фамилијата е пред среќата на децата па најверојатно од тие причини да не бидат засрамени како и да не ги засрамат блиските се одлучуваат за брак со личност која е знак прашалник каков сопатник ќе биде во животот? А замисли со истата таа личност треба да воспитуваш и дете. Секоја чест на тие што одат против општеството но многу малку ги има. Зашто си го уништуваат животот и си кратат години од животот кои би можеле многу подобро да ги проживеат? Сите грешиме знам ама зашто повеќе претпочитаме да се казниме со живот што не го сакаме отколку да се соочиме со тој што го имаме?
     
  2. ●Untouchable°

    ●Untouchable° Староседелец

    Зачленет на:
    24 август 2015
    Мислења:
    1,186
    Допаѓања:
    1,131
    Ρазвод.. Да!
    Аκо нема излез, физичκо и психичκо малтρетиρање, невеρство, не знам .. Неодговоρност κаκо ρодител, незаинтеρесиρан за ич ништо. .
    Па ниκој таκва будала не може да тρпи. Κаρпа да е κе пуκне.
    А за κомшиите @Ita во пρаво си.. Нивните пρедρасуди. Ама κој ги шиша бρе! И ја на 16 год дечκо дома донесов κаκо можеле ρодителите да ми дозволат вρсκа, па и дома сум го носела.. Κој што саκа неκа збоρи. Аκо ја гρешам за мене гρешам не за нив.
    Ај да не одам оф топиκ да се вρатам на главната тема. Ми остама делот за детето, κаκо после ρазделбата на ρодителите?
    -Фино и лепо κе си се напρави договоρ меѓу нив κој ден κој да го гледа κај да спие бла бла све ρедум. За се' се има ρешение.
    На детето моρа ρодителите да му доκажат деκа тоа не е толκу стρашно деκа таκа моρало да биде немало излез и деκа аκо биле заедно само детето κе било уште поρазочаρано и деκа таκа κолκу толκу го добива она што му тρеба од двајцата : )
    Се навиκнува човеκ на неκој ρаботи. Κе се помиρи и можеби полесно κе е со одρедено вρеме. Баρ ја таκа мислам : )
     
    На escape му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MoonFairy

    MoonFairy Староседелец

    Зачленет на:
    28 септември 2012
    Мислења:
    1,276
    Допаѓања:
    1,897
    Договор постои помеѓу разумни луѓе кои обострано сакаат развод... Кај нив е лесно да се договорат за се’... цивилизирано се разделуваат , споразумен развод, физичка делба, сето тоа поминува мирно и безболно...па и договорот со детето или децата...останува пријателска атмосфера меѓу родителите, комуницираат и се договараат во врска со децата...
    Но постојат многу случаеви, каде разводот не го сакаат двете страни и тој развод е жив пекол и трае со години...
    Се инволвираат службите за социјални грижи, полицијата...тоа се страшни трауми за децата...тука нема договор...
    Познавам дури и случај каде таткото кој го гледаше дететто секој втор викенд без никаков проблем, заради инат или не знам што го киднапирање сопственото дете, мајката си го немаше видено детето 1-2 години, се влечкаа по судови, по полиции, социјални грижи и конечно по еден куп маки и трауми си го врати девојчето назад.
    Знаеш како велат, ако имаш дете со некого, цел живот си мажен/женет со него....сакаш или нејќеш секогаш ќе ти биде присутен во животот...
     
    На Аркантос, Prashina, Saladin и уште 1 член му се допаѓа ова.
  4. rain-bow

    rain-bow Истакнат Член

    Зачленет на:
    21 ноември 2014
    Мислења:
    174
    Допаѓања:
    79
    Ако нема друг излез и јас сум за. Јас мислам дека причина за развод пред се е непочитување на личноста. Луѓево избрзуваат, мислат дека се што лета се јаде, дека ете многу се сакаат, па мед и млеко ќе им тече во бракот. Ама не е така. Тек тогаш се откриваат правите лица. И ако не знаеш како да си ја наредиш за да ти биде убаво, ќе почнеш со кавги и префлање на партнерот. Сите си имаме некој табиет, па така треба да научиме и кога треба да замолчиме за на крај да не излеземе ние повредени. И секако, и во бракот секој партнер има свој живот. Друго е физичкото и психичкото насилство, неверство итн..тоа не оправдувам и нема никакво оправдување.
     
  5. incule

    incule Староседелец

    Зачленет на:
    5 јануари 2015
    Мислења:
    731
    Допаѓања:
    121
    Поради изневерување или несогласност ја сум за,немам ништо против,ако е така подобро за бракот,подобро да се спречина врме,отколку да се трпи
     
  6. WolfGirl

    WolfGirl Староседелец

    Најактивен член

    Зачленет на:
    21 јуни 2016
    Мислења:
    201
    Допаѓања:
    120
    Доколку единствен начин за двајца сопатници да функционираат некако е разводот ДА ! Нема потреба некој да трпи физичко и психичко насилство , диктатури , неверства итн . Ако двајцата сопружници сметаат дека подобро функционираат поединечно , а заедно само си наштетуваат ( односно едниот нанесува штета на другиот ) тогаш , разводот е најдобрата опција . Некогаш ваквиот избор треба да се направи баш поради децата . Подобро да порасне со разведени родители , отколку со родители кои се во брак а секојдневно има расправии , викање , напнатост и нервоза . Постои договор за се .
     

Сподели: