Развод: да или не?

MissChievous

Ingenious
17 февруари 2012
5,085
7,018
1,683
Huntington Beach, California
silence-all-i-want-to-say.tumblr.com
Поради афери, нетолеранција, недостаток на посветеност, недостаток/не допаѓање на секс, недостаток на привлекување, недостаток на комуникација, малтретирање, високи очекувања...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: emzzy

Hip.Hop_MKD

Староседелец
15 февруари 2012
2,204
3,933
743
Иначе ако бракот е неподнослив, фала богу треба да се одлучи на развод што побргу тоа подобро за да имаат време да продолжат со животот и двајцата бивши партнери, но да се внимава доколку имаат деца, за тоа да биде помалце болно за нив. Децата на такви родители може подоцна да се затворат во себе или да бидат агресивни.

P.S. Baronessa Темава да се префрли во Дом и Семејство.
 

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Затоа што менталниот склоп ни е заминат на едно поинакво ниво. Затоа што веќе нема праг на толеранција.
Неверства, кавги, несогласувања имало и за време на нашите баби, само што тогаш најважно било влијанието на комшиката Менка и срамот шо ќе пукне ако каже што ја мачи.
Сега не смееш да ја погледнеш попреку, а камоли да повишиш тон. Следниот момент куфери се пакуваат, се исплакува цела сесија кај мама на телефон и пут под ноге. Мажите го прават се ова само без сесијата кај мама :giggle

Друг фактор според мене е избрзувањето.
Кога ќе научат нашиве потенцијални младожеЊи дека од љубов и од воздух само не се живее и дека моронските реклами на Владата у стилу мама ќе купи креветче, твоите ќе купат количка се наросување Вениш на здрав мозок, можеби ќе биде поинаку.
Основање на семејство е светост. Ако го сакаш да го имаш треба да си кадарен да го издржуваш.
Пошто Снежана или Пепелашка од бајките во кои живееш дека љубовта е вечна нема да дојдат да ти донесат леб за тебе и твоето дете, ни па духот од лабмата нема да изгради покрив над глава...
А кога ќе почнат вистинските проблеми, кога ќе ти се плеснат од фаца реалните тешкотии ондак почнува и почетокот на крајот...

Затоа би требало малку да се размисли, не дека ако е се совршено нема да пукне тиквата, ама барем поголеми се шансите спокојот да се задржи онолку колку што треба.

Малку од претерување, малку од избрзување, од вистинска мака ама разводите се дешаваат...за жал се почесто.
 

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
Дека не сме зависни од мажите ,за да мораме да трпиме секакви идиоти поради материјалните срества , во високо развиените земји секој втор е разведен така да ништо страшно :kafe
 

Македонец

Староседелец
14 февруари 2012
315
440
1,063
Дека не сме зависни од мажите ,за да мораме да трпиме секакви идиоти поради материјалните срества , во високо развиените земји секој втор е разведен така да ништо страшно :kafe

каква врска имаме ние со високо развиените земји. ако ти стапуваат во брак со кучиња ке го оправдуваме тоа и ние ?
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avona Vi

True_Blood

Upright
18 февруари 2012
1,133
2,389
1,133
Yellow submarine
Абе во некои случаеви е страшно.
Мене ми е малку смешна твојава изјава, демек пошто на Запад секој втор е разведен, што да не и кај нас. :unsure
Па да уствари, тие разводи најчесто завршуваат со трауми за децата.
И далеку од тоа дека подржувам лош брак, само за да се заштитат децата, мислам нема логика во тој случај тие би биле најповредени, би растеле во напната и трауматична средина, ама па да се понашам као разводот да е обична пролетна кивавица што ќе дојде и пројде...ми е стварно ноу сенс!
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bum-Bum

Minella

Активен Член
15 февруари 2012
171
171
43
Pust ostrov
каква врска имаме ние со високо развиените земји. ако ти стапуваат во брак со кучиња ке го оправдуваме тоа и ние ?
Јас само дадов како пример , нормално дека кај нас не е висока стапката зошто све и сешто мораат жените да трпат , насилство , неверност , но боље развод него ли некој да те малтретира и да бидеш нечии роб
 

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
Доколку е од оправдани причини ( малтертирање, долго неверство ) се согласувам за развод, но доколку е од некои банални причини, воопшто не, секоја кавга и било која ситуација, може да се реши со разбирање... затоа да не се избрзува многу со донесувањето на таа одлука за развод, или за одењето од дома на еден од партнерите... а честите причини за развод се, незрелоста, неразбирањето, непочитувањето, неверството... најмногу е жално за децата, бидејќи тие најмногу патат, а кога родителите се разведуваат не размислуваат ни малку на децата... :nah
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Minella