Работно искуство

Nighty

Староседелец
24 февруари 2012
727
1,181
1,103
*Работев две години хонорарно во преведувачката компанија Нексус (Nexus), бев задолжен за преводи на емисии и документарци што се емитуваа на каналите Discovery и Animal Planet. Ме препорачаа од факултет поради високиот просек и одличното познавање на англискиот, и третманот од страна на Нексус беше одличен. Финансиските услови беа беспрекорни за студент како мене, и месечно заработував од 200 до 500 евра, во зависност од тоа колку епизоди ми доделуваа за преведување. Ми се допаѓаше и тоа што си работев од дома, односно од Нексус ми праќаа само Word-скрипти преку мејл, а јас потоа ги симнував епизодите од серверите на Дискавери и АП, ги гледав и преведував според скриптите. Нормално, требаше да испочитувам краен рок за праќање на преводите. :)
Година и пол се’ беше во најдобар ред, и често дури и ме форсираа и „опсадуваа“ со многу материјали за краток период, зашто беа задоволни од тоа што го сработував. Но последните шест месеци веќе почнаа силно да се чувствуваат последиците од НЕспроведувањето на законот за задолжителни македонски преводи, па така од компанија почнаа постепено да кратат на материјал, а и да се „ослободуваат“ од хонорарците, еден по еден... Токму јас останав како последен хонорарец, зашто од мене беа и најзадоволни од постигнатото и работата, и ми праќаа колку-толку скрипти се’ до ланскиот ноември. Оттогаш, ни мејл - ни ништо... Знам дека и многу вработени со договор си заминаа од компанијата, и дека сега опстанува како компанија во сенка... за жал. :(
Но тоа е, кога нелегалните српски/хрватски преводи пак наголемо ни чукаат на врата, а ние со отворени раце и ју-носталгија ги прифаќаме. :)
*Имам работено и во американската стопанска комора на Македонија, или скратено АмЧам. Преку факултет и таму ме пратија, и се задржав 2 месеци на пракса. Работев како преведувач на нивните официјални документи и закони, и како толкувач на неколку конференции од меѓународен карактер. И тоа, севкупно, беше едно непроценливо и одлично искуство во кое и вработените одлично се поставија кон мене. Јас им овозможував преводи и толкувања на ниво, кои тотално ги исполнуваа нивните потреби, а за возврат бев третиран еднакво, како дел од нив. :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: redhead and Selma

Caci

Истакнат Член
15 февруари 2012
876
1,104
393
30
Струмица
прошлата година бев во Струмица преку работа ... и ми резервирале апартман во хотел Централ - а јас сум така малце "болен":banghead по електронските игри на среќа ... и се симнувам од кола и што да видам :nerd
скалите за влезот во хотелот и влезот на астрата ги делеше само еден зид од еден метар ...и 7 дена ги поминав во склад на хотелот ... работно :p - абе шоу (party)
Цаци верувам имаш представа за која астра и хотел зборам :sreken

Знам за каде зборуваш :D уживанција било за тебе ;)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: 4FUN

melpomena

Енигма
3 март 2012
8,210
17,754
1,673
На сигурно
прошлата година бев во Струмица преку работа ... и ми резервирале апартман во хотел Централ - а јас сум така малце "болен":banghead по електронските игри на среќа ... и се симнувам од кола и што да видам :nerd
скалите за влезот во хотелот и влезот на астрата ги делеше само еден зид од еден метар ...и 7 дена ги поминав во склад на хотелот ... работно :p - абе шоу (party)
Цаци верувам имаш представа за која астра и хотел зборам :sreken
Абе шоумен
Шо има муабетов со темава :D
и плус не само астра,и сенатор и алехандер ти се сите на куп таму,на 100 метри растојание
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kiril

4FUN

Староседелец
3 март 2012
897
1,988
1,093
Абе шоумен
Шо има муабетов со темава :D
и плус не само астра,и сенатор и алехандер ти се сите на куп таму,на 100 метри растојание

како нема ... па спомнав дека сум бил по работа(nod) :D
знам и за сенатор ... и таму два три пати тркнав ... а за третата - немам појма која е и каде е (shake)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Јас имам работно искуство од скоро 5 години...како Пи Ар..
нема многу да влегувам во детали..ама супер ми е...
 

Kiril

Активен Член
24 јуни 2012
181
127
43
35
Струмица
во Струмица мислам дека Ројал се викаше... сега е затворено веќе...

Да Ројал е затворено уште од лани.


А инаку имам доста работно искуство на повеке места. Како дистрибутер на леб и помошник пекар. Се дружев и со археолошлките места (ископини) во Струмичката околина едно цело лето со четкиче и мало ашовче при истражувањето, пронаоѓањето и ископувањето на археолошките предмети, Имам 1годишно искуство како такси возач :) (и сите улици ги научив во Струмица) И сега работам како комерцијалист во Rauch фирмата за дистрибуција на Браво сокчињата :) Убаво е. :) :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Caci

TIGERWOMAN31SK

Истакнат Член
3 јули 2012
822
697
93
искуство што беше тоа у оваа држава? бараат да си искусен уште одкако ке се родиш,не сум задоволна катастрофа е.не даваат шанса за било каква работа.работам обезбедување,го сакам ама се се прави било која работа да ја одсакаш.