Јас со сестра ми се расправам многу за облека..ама чат-пат. Секогаш една ќе попушти. Не сум била во ситуација да се карам со неа ептен и да не правам муабет со денови. Карај се-мириј се секогаш правиме.
Ем така не` воспитале, ем таков карактер имаме.
Како помали се расправавме за компјутерот ама после секоја си доби свој и повеќе не се каравме.
btw. дедо ми е скаран со брат му ради куќата...Сакал да му ја земе цела и одеа по судови ова она, ама кога се замешаа од брат му децата се замешаа и татко ми и стрико ми, па така тој изгуби се и дури им плати. Многу е алчен човек, само за себе си гледа. Пијаница плус.. Проклетилок. Во двор кај баба ми јајца порано им фрлале за да чисти таа, жена со 3 мали дечиња. Баба ми оттогаш нема муабет со нив, а дедо ми од скоро.
Татко ми, стрко ми и тетка ми не прават муабет со нив пошто пијаницата зборувал да не му одиме на свадба кај ќерката и тогаш плус се скараа.
И од страна на мајка ми, со една прва братучетка нејзина се нешто потскарани ради некои имоти во Преспа. Ама пак ние „победивме“ и зеде дедо ми плацови и си ги подели на мајка ми и сестра и`. Па сега тие лути се.
Сепак јас не се замарам многу, со сите роднини едно ЗДРАВО имам, со најблиските си се имам и ај чао
Иначе како се се реши-никако. Ако се разбрани луѓето ќе си седнат со фин муабет, ако не-нека трчаат по судови. Татко ми и стрико ми се премногу сложни и никогаш не се искарале, за се` си помагаат и се` си делат..на татко ми му дадоја стан, а на стрико ми место за да направи куќа и никој не се лутеше-зошто тој добил повеќе од нас
Сеедно ни беше