Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Колку пати неделно вежбате?

  • Еднаш неделно

    Гласови: 8 6.8%
  • 3-5 пати неделно

    Гласови: 62 52.5%
  • Секој ден во неделата

    Гласови: 28 23.7%
  • Не вежбаам воопшто

    Гласови: 20 16.9%

  • Вкупно гласале
    118

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Земи трчај,вратило, склекови и стомачни... батали теретана, на 14 години премал си за хемија... остај го Трајче тој е алхемичар ги кажува само позитивните страни.;)

Бодибилдинг може да се започне од 14 години па нагоре.


тогаш немора протеини да зима уште сега ако не сака, ама може да ја јаде потребната храна, пилешко посебно стек, ориз, риба, варени јајца, без жолчките нормално овошје и зеленчик, многу шеќер и сол не...
инаку не е страшно да вежбаш уште сега, деца и за натпревари се спремаат на овие години...
Ако се придржуваш на природниот и правилен начин на исхрана и вежбаш ќе бидеш топ

Ги мешате брзините малку, продуктите кои ги наброја: пилешко, риба, варени јајца имаат протеини, тие се основен материјал за градење/зачувување на мускулната маса.

Не знам како може според вас протеинот да е хемија, тоа ти е исто како да пиеш млеко, или да ги конзумират продуктите кои ги наброја погоре Kitty , прашокот од протеинот е направен по хемиски процес, но е 100% природно.
Замислете се малку дали конзумирате цедевита, или шумечи таблеби, ако е така тогаш и тоа е хемија.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Бодибилдинг може да се започне од 14 години па нагоре.




Ги мешате брзините малку, продуктите кои ги наброја: пилешко, риба, варени јајца имаат протеини, тие се основен материјал за градење/зачувување на мускулната маса.

Не знам како може според вас протеинот да е хемија, тоа ти е исто како да пиеш млеко, или да ги конзумират продуктите кои ги наброја погоре Kitty , прашокот од протеинот е направен по хемиски процес, но е 100% природно.
Замислете се малку дали конзумирате цедевита, или шумечи таблеби, ако е така тогаш и тоа е хемија.

Земањето протеини не е лошо, но доколку се плаши детето нека почне со природна исхрана прво.
 

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Знам за здрава храна и знам дека најдобро е преку неа да се слабее и се тоа, но неможам бидејќи сум единствен во четиричлена фамилија кој сака да користи здрава храна. Еднаш пробав со здрава исхрана и издржав еден месец, но многу беше тешко, моите за појадок јадат бурек, ова-она, јас пијам јогурт или јадам овошје зеченчук и сл. Јас имам 14 години неможам да живеам сам. Мислев да одам средно во Скопје и таму да си седам, но не ми даваат моите бидејќи нема да излезам од кафиќи и нема книга да отворам. Да можев да запишам средно во друг град и да си живеам сам со некој пријател ке беше друго.
Знаеш што, вољата е најбитна, ако си решен да постигнеш некоја цел, ќе си ја поставиш пред тебе и ќе ја постигнеш..
Сепак ти сега си почетник и сакаш само за тебе да си вежбаш, доволно е малку од малку да внимаваш на исхраната и во тој случај земај некои протеини, сепак уште сега сигурно нема да стануваш професионален билдер за да се преоптеретуваш толку..(y)
 

Hkakashi

Староседелец
13 јуни 2012
1,543
1,697
1,133
27
Куманово
Земањето протеини не е лошо, но доколку се плаши детето нека почне со природна исхрана прво.

Да ви кажам дека искрено, не ми е страв да пробам, страв ми е од некои последици, а и да земам ке мора сам да штедам ако побарам пари за некој протеин ова-она ке мислат дека се дрогирам :rofl
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Kitty

Kitty

Староседелец
26 март 2012
2,673
6,921
1,153
Cabo San Lucas
Да ви кажам дека искрено, не ми е страв да пробам, страв ми е од некои последици, а и да земам ке мора сам да штедам ако побарам пари за некој протеин ова-она ке мислат дека се дрогирам :rofl
хахахаа те сваќам за дома, е да се си бара пари. Е па собери пари и купи си некое помало пакување..ти одоколу припремај ги прво дома, дека тоа се витамини , протеини:rofl
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Изговори што ги слушам сега... Жешко било за вежбање, ќе дојде зимата, па ладно било за вежбање и се така...

Нема утре, не постои друг ден, друго годишно време, постои само денес... Секој успех започнува со само еден мал чекор.


521299_446219905389189_198351676842681_1654413_1079398084_n.jpg
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: WomanInRed

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Кој производ колку шекер содржи. Мислам дека информацииве ќе ви бидат од корист

250743_402436669794477_1606950935_n.jpg



292534_388672284518089_17331584_n.jpg
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,557
1,133
Досега мислам дека нема некој/а поставено прашање во врска со целулитот, а знам дека многумина поготово женските си имаат проблем со него, исто така и кај машките се појавува. Неколку совети кои ќе ви помогнат да го намалете и објавете војна.

Избегнувајте го белиот шеќер, знам дека многумина од вас го конзумираат повеќе од колку што треба во денот. Доколку пиете кафе, а неможете да го замислете без шеќер, белиот заменете го со кафеав, или натрен.
Конзумирајте повеќе риба (печена/варена) или туна во масло по можност да се вари. За несреќа немаме во Македонија туна без масло.
Конзумирајте јаткасти плодови (бадеми, лешници, ореви) каде што ги има здравите масти омега 3.
Конзумирајте повеќе витамин Ц, кое го има во лимоните, пиперките, јагоди, брокула и тн.
Исто така помага и зелениот чај кој преку денот може од него да пиете по две шолји.

И најважно од се да се пие поголемо количество ВОДА, и по можност јас исто така би препорачал на сите да се има физичка активност во текот на неделата најмалку 3 пати.
 

DanielMkd

Нов член
23 јуни 2012
5
4
3
33
За добро тело ко прво потребно е да се избегнуваат мрсни работи,да се конзумира лесна и здрава храна...што повеќе вежбање и трчање и да се пие колку е можно повеќе вода во текот на вежбањето :):)
 

LMFAO

Истакнат Член
8 април 2012
381
301
63
Пред 1 недела зедов Орбитрек Елит ,

47083_orbitrek_elite_big.jpg


Вежбам со сите напори по 30 мин. дневно, и немам некој видливи резултати, а се потам многу. Колку време треба да вежбам, и на кое ниво за да има резултати во поскоро време? Јас до сега вежбам на најлесното ниво, оти на другите нивоа не можам да издржам ни 5 минути. А, и ако има некој некоја кратка и ефикасна диета, нека ја сподели, она што ми го дадоа во пакетот со Орбитрек не мислам да го држам.