Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација... | Црнобело Форум

Фитнес - прашања, одговори, заблуди, совети, мотивација...

Колку пати неделно вежбате?

  • Еднаш неделно

    Гласови: 8 6.8%
  • 3-5 пати неделно

    Гласови: 61 52.1%
  • Секој ден во неделата

    Гласови: 28 23.9%
  • Не вежбаам воопшто

    Гласови: 20 17.1%

  • Вкупно гласале
    117

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Средина на Февруари, помина Јануари, месецот со најмногу празници и сите си јадеме што ќе ни дојде при рака, многу калории, повеќе масти-напроти квалтитенти нутриенти, но такви се деновите, сега веќе нема изговори! Време е за влегување во форма за на плажа :) или некој со поголеми амбиции? Кои се вашите цела годинава? да си помагаме и да ги оствариме заедно...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Krofna

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Јас веќе една недела како вежбам редовно.
Најпрво се загревам потоа некоја вежба со тегови од по 1килограм и н акрај малку кардио. Од наредна недела одам во теретана.:D
Целта ми е да симнам некое килце и да имам убав рамен стомак.
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Супер!
Одлично е тоа што ќе почнеш во теретана, исто така голем број почетници пред да почнат со тренингот не се загреваат, би било убаво да ја задржиш таа рутина. Кардио може да правиш за почеток по 20-30 минути, веднаш после тежинскиот тренинг, или рано насабајле на празен стомак, и секако мора исхраната да ти биде прилагодена кон твоите потреби и твојата цел.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Elena, Bibi@ and Selma

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Браво! Секоја чест за вашиот чекор, штом почнувате да вежбате и да се храните поздраво и сакате да постигнете некоја цел, со тоа обрнувате повеќе внимание на себе си, повеќе се заксакувате и цените.
Запомнете резултати преку ноќ не се прават, само бидете упорни и имајте трпение.
Еве нешто што ќе ви помогне да го имате како основа, за се друго може да се обратите на темава
http://forum.crnobelo.com/threads/Правилна-исхрана-најважни-стостојки.301/#post-2797

Исто така најбитна е мотивацијата, поставувајте слики, видеа и цитати кои вас ве мотивираат.
http://forum.crnobelo.com/threads/Мотивација-видеа-песни-слики-и-цитати.219/
 

Selma

Ingenious
15 февруари 2012
4,366
7,053
1,183
Кога е препорачливо да се вежба пред јадење или некој саат по јадењето? :)
 

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Trajche Гледам дека си доста упатен во оваа работа, па сакам да те прашам дали има некоја добра комбинација на храна и суплементи ( како на пр. протеин) ?
 

Клара

Полноправен Член
17 февруари 2012
80
58
18
Си гласав во анкетата дека не вежбам воопшто :eekops:
Си викам ај од утре, ај од задутре и никако да почнам да вежбам. Некако изгледа немам доволно мотивација, мора да ја најдам :nah Не дека ми треба за слабеење, ама за затегнување дефинитивно морам. Не ја бива вака, симпатијата спортист.....јас ни Ц од спорт и вежбање :D
 

Trajche

Староседелец
13 февруари 2012
1,542
2,555
1,133
Кога е препорачливо да се вежба пред јадење или некој саат по јадењето? :)

Не знам како мислиш пред јадење, сигурно имаш најмалку 3 оброци барем дневно, ако се работи за кардио тренинг може да се прави на празен стомак насабајле, а доколку се работи за тежински, мора да имаш јадено, и се зависи од храната што ти е пред тренинг колку време и е потребо за да се свари, 1-1 ипол час, а може и 2.

Trajche Гледам дека си доста упатен во оваа работа, па сакам да те прашам дали има некоја добра комбинација на храна и суплементи ( како на пр. протеин) ?

Протеинот одлично ти доаѓа како дополнителни хранливи состојќи во дневниот режим на исхрана, се зависи од целта која сакаш да ја постигнеш, суплементацијата(додаток во исхрана) не и замена за оброк.


Си гласав во анкетата дека не вежбам воопшто :eekops:
Си викам ај од утре, ај од задутре и никако да почнам да вежбам. Некако изгледа немам доволно мотивација, мора да ја најдам :nah Не дека ми треба за слабеење, ама за затегнување дефинитивно морам. Не ја бива вака, симпатијата спортист.....јас ни Ц од спорт и вежбање :D

Секако дека мотивацијата е нешто најважно, мора нешто да те измотивира за да почнеш да вежбаш. Најчест изговор е почнувам од утре, но нема утре, има само денес ;)

http://forum.crnobelo.com/threads/Мотивација-видеа-песни-слики-и-цитати.219/

Преку темава ќе се обидеме сите да добиете некоја мотивација, инспирација постирајте ги вашите слики кои ве мотивираат, вашите идоли, нешто кон кое што вие целите..
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Bibi@ and Selma

Grim Reaper

Староседелец
14 февруари 2012
326
338
1,063
Here and there
Протеинот одлично ти доаѓа како дополнителни хранливи состојќи во дневниот режим на исхрана, се зависи од целта која сакаш да ја постигнеш, суплементацијата(додаток во исхрана) не и замена за оброк.

Дали би можел да ми пратиш линк или нешто слично за исхрана за качување на маса, со редовно вежбање во теретана со или без користење на суплементи?
Бидејќи имам вежбано скоро година дена во теретана, ми направија програма, но немав некои посебни резултати, освен дефиниција и мало покачување на мускулна маса...