1. Еј...супер што го посетуваш Црнобело форумот. Слободно регистрирај се и приклучи ни се во дискусиите!

Premier League 2017/18 (FA Cup, Carabao cup, Championship)

Дискусија во форумот 'Спорт' започната од existence, 13 септември 2017.

?

Кој ќе освои титула?

  1. Манчестер Јунајтед

    11.1%
  2. Челси

    11.1%
  3. Ливерпул

    33.3%
  4. Манчестер Сити

    11.1%
  5. Арсенал

    33.3%
  6. Тотенхем

    0 глас(а)
    0.0%
  7. Некој друг, ќе наведам во одговор

    0 глас(а)
    0.0%
  1. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Ипак не е све готово со Обамејанг. Дортмунд сакаат да си донесат првин замена, им беше понуден Жиру но го одбија тој предлог, па сега се преговара да се направи триаголник со Челси т.е. Жиру во Челси, Батшуаи во Дортмунд, Оба во Арсенал. Од Арсенал па не сакаат да го засилат Челси, ама ако не го дадат нема да дојде Обамејанг.
    Што е до мене одма би го дал Жиру на било кого само да се отараси клубот од него. Чистка е потребна и тоа голема.

    Стариџ од Ливерпул во ВБА, Делофеу во Вотфорд, Лукас Моура во Тотнам.
     
  2. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Штета за велшаните Њупорт Каунти, тоа ќе беше главна вест евреите испаднале од 4.лигаш :D
    Жиру во Челзи, чудно после толку сезони, ама морало така пошто Бундес е такво дно што никој не сака да оди таму дури ни на позајмица (освен во Баерн).
    И нормално, наредна сезона Жиру дава голови вс. Арсенал, mark my word :kafe
    Требаше некој касап од тие Јовил да му поткрши нога на Санчез, тоа ќе беше најјако деби евер.
    Кога сме кај индиосите, Уљоа се вратил во Брајтон, симпа играч за разлика од чилеанскиот ретард.

    Вечерва Михтаријан изгледа ќе дебитира со Свонси, баш да видиме што ќе покаже, секакво губење бодови во Велс ќе биде бламажа, три бода мора да се освојат за да се задржи барем илузија за топ 4.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Аршавин му има асистирано на Жиру :pusi



    Ок, сега нема повеќе да го има Жиру да биде омилен кривец помеѓу фан базата на Арсенал :zelen, каков таков 105 гола и 36 асистенции, после Вилшер беше најлојален на клубот и даваше максимум од своите сидрашки можности, не се бунеше ако е резерва па и цела сезона, 5,10,15 мин на крај како што треба така, не правеше срања за договори и уцени за разлика од Озил кој сега потпиша за 300К а пола утакмици е дух, Санчез месијата кој правел тешки срања и ја труел атмосферата цело време, самобендисан дебил, само што не се ширеа муабетите пред да замине пошто ете, Венгер ќе го оправал :unsure
    Штета што нема повеќе играчи кои играат со жар за клубот, беа двајца, сега ќе биде еден.
    Така да сега нема повеќе да смета лојалниот сидраш, сега Лаказет ќе го причекаме да влезе во форма :)

    Лаказет веќе почнува да наликува на флоп, фактот што ќе биде резерва после пола сезона во клубот а беше донесен како најскап евер зборува нешто. Се надевам дека овој новиот ќе биде подобар, и дека има помалку лимитации од Лаказет (и за двајцата фан базата беше/е еуфорична).
    Една нога има Лаказет, се мести на десна ептен очигледно и споро и го блокираат, ограничен слично како и Жиру само што имаа/т различни лимити.
    Никакво подобрување не е од Жиру, само што е помлад.

    Со Свонси и официјално беше допрено дното, надиграни скроз од фенерџија, не паметам полоша утакмица од Арсенал никогаш, значи буквално толку години како ги гледам, каков Баерн, монголоидни аматерски потези, Челзи и М.Ј. изгубија ама попусто. Озил губи топка на 30м од гол и се врти накај судија и праи фаци наместо да се обиде да ја врати (гол1) она со Чех не ми се верува уште дека се деси Венгер стана му се развика на Бељерин пошто остави топката да излезе во аут а немаше тотално никаква потреба за тоа, најблизок од Свонси беше 15м од него, лагано можеше да врати на Мустафи или кој и да беа пред 16м :unsure (гол2) а Монреал ќе избацува топка со макази :facepalm2на 25м од свој гол на тежок дожд :D и само му ја сервира на тој ликот од Свонси, Мустафи асистираше на тој џинџерот кој го даде третиот гол :facepalm2 си се провлече типот низ 4 арсеналови играчи ццц...
    Автоасистенција :facepalm2

    Очигледно се прави ремонт само ќе видиме што ќе испадне, ако не се освои ЛК или ЛЕ дефинитивно ќе биде најлоша сезона од кога е дојден Венгер, значи 22 години.

    Тотнем го силуваа Мурињо :unsure
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  4. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Минатото коло Ериксен против Јунатед го даде третиот најбрз гол во историјата на ПЛ, само 11 секунди и потоп.
    Санчез е одвратен за гледање веќе. Деновиве испливаа сите глупости што ги правел. Се карал со сите во соблекувална, се степал со Кошчелни на тренинг, ги навредувал некои играчи и никој не го сакал воопшто во клубот ама Венгер го чуваше тоа затоа што никогаш не нападнал и не дозволил да излезе такво нешто во медиуми како што и би требало да прави секој тренер (за разлика пример од Мурињо или ќелавицата на Сити).
    Денес Арсенал против Евертон :cool: Ваква игра немам видено со години од нив. Откако замина Санчез сите се поопуштени. Четири гола за 30 минути и тоа све голчиња убави. Микитаријан 3 асистенции, принцот Велшки хет трик, Обамејанг деби со гол. Второ полувреме стивнаа, Чех се повреди и не додржа да дочека 200-ти clean sheet.

    Манчестер Сити колку само сакав да загубат денес од Барнли и за малку ќе загубеа. Судиите ги искинаа Барнли, жолти картони за ништо добиваа. Убав гол даде и Данило од Сити за водство кога заспа одбраната и не очекуваа шут од 20тина метри.

    Едвај чекам да видам како ќе се покажат со новиот состав Арсенал против посериозни противници.
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    [​IMG]

    Ремзи прв хет трик, дали тоа значи дека некаде ќе избие епидемија? :kafe

    Затоа викав дека има ствари кои не ги знаеме, нешто беше чудно подолг период ама не претпоставував дека Санчез бил причината и дека бил такво гомно, порано во Ливерпул имаше такви срања од канибалот, Венгер е премногу мек и толерира претерано, добро што излегоа во јавност глупостите барем.
    Озил од друга страна и покрај флегматичноста бил ок во односите со соиграчите и правел ок атмосфера. За другите не знам макар да освен нив и нема некој светски играч-ѕвезда-его, ок Чех донекаде ама тој ми делува како професионална особа.

    Михтаријан пријатно изненади, во М.Ј. некако не оставаше некој впечаток, макар да со Мурињо како менаџер и не е чудо, се гледа дека го знае фудбалот, технички е страшно поткован и може да има resurgence на кариерата во Арсенал, горе долу е профил на играч на кои се крепеше Арсенал низ ерата на Венгер. Се надевам Санчез да флопне или некој како Хут или Мегваер да му влезе со две нозе и да испадне трансферот неочекувано во полза на Арсенал :zelen. Ако ништо друго ете Џака, и онака не го бидува за друго ама за месарење да, денес му влезе на Волкот бе со отворена копачка :facepalm2:patosна Олд Трафорд може да го искрши Санчез :cool:

    Утре ќе е ептен битна Ливерпул-Тотнем а наредно коло и решавачката за било каков приклучок на Вембли, Тотнем-Арсенал. Ако таа ја добијат, тогаш со малку среќа е можен приклучок кон топ-4. Ако загубат, сезоната во ПЛ ќе биде готова и ќе можат слободно да се концентрираат на ЛЕ.

    Само со кои играчи ќе играат во ЛЕ, продадоа пола ростер :unsure Ајде со тие швеѓаните било како, ама наредни фази ќе има и потешки противници, ќе мора со прв состав да игра.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Не дека не се надевав на реми меѓу Тотнам и Ливерпул затоа што на Арсенал највеќе им одговара тоа ама вчера криминал беше тоа на крај што го направија судиите. Првата утакмица на Палас поклон пенал им дадоа за изедначување и со право Рафа збесна.
    На Енфилд дупло од тоа. Првиот гол на Ванјама беше голчиште и нема збор, мрежа скина човекот. Ама после тоа два пенали за 5 минути криминал. Али дефинитивно ми стана најомразен лик во ПЛ. Линискиот судија два пати виде пенал ама затоа не виде офсајд и во двата случаи, она што му е првично работа. ВАР пример ова ќе го решеше едноставно, пред двата „контакти“ имаше офсајд и толку. Катастрофа се судиите во Англија веќе. Оној кртот Мос едвај се движи по терен веќе некој ден ќе папса среде утакмица, Дин не го коментирам, Оливер е божја казна да ти суди утакмица од што нема никаков авторитет на терен, Маринер никаков критериум не дава па така обичен фаул може да биде жолт картон додека клизач со отворена копачка да му биде чиста ситуација.
     
    На Outrider и Makedonec им се допаѓа ова.
  7. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Нови играчи, стари проблеми. Прво полувреме се држеа добро, второ почеток и падна концентрацијата и тотален распад во одбрана на Арсенал. Спарси можеа и 3-0 ко ништо да направат од глупавите грешки на одбраната.
    Голот на Кејн според мене беше фаул, скокна врз Кошчелни и се одрази од него плус три сомнителни офсајди за Обамејанг. Си ја заслужија победата евреите, второ полувреме три додавања не сврзаа Арсенал. Сега веројатно недостижно е 4-то место па ќе се оди на освојување Лига Европа со што би се обезбедил директен пласман во ЛШ наредна сезона. На лето здравје двајца одбрана, двајца средина и едно крило и може да разговараме за конкурентност, а не со Џака и Елнени и Шкодранот во одбрана. Јас би загризал и за голман затоа што Чех го тепаат годините веќе, испукана пушка е тој.
     
  8. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    Денешната мизерија е на Венгер за жал, како само му текна да го игра Михтаријан лево а Озил десно и да излезе со дефанзивна формација, што ќе му завршеше еден бод, исто ко ниту еден, требаше да се притисне од почеток, евреите се најранливи на тој начин, ете Мурињо проба со дефанзива се усра, Клоп второто полувреме (ок и судиите) не успеа, значи никакво оставање да доминираат во твоја половина, еден Дембеле ги доминираше :facepalm2 со М.Сити се виде дека Тотнем се распаѓаат со пресинг и притисок а и првата на Д Гроув кога Арсенал победи 2-0 беше таква, и сега Венгер нешто ќе прави експерименти со Елнени sweeper нешто као :facepalm2 а еднаш ги доби Тотнем на начин на кој се добиваат, шо демек Вембли као дома играле, небаре е Вајт Харт Лејн и ајде ќе се браниме, контри нешто. Ерменецот не може да нафрли со лева, не знам што прават во стручен штаб, со Евертон си играше по десно и растури. А где је Ремзи?:eek:
    Пристапот никогаш не бил помек вс. Тотнем, како да не играа со најголемиот ривал во нивната историја него со рандом клуб како Фулам, очај.
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.
  9. existence

    existence Boolean
    Член на администрација Админ

    Зачленет на:
    3 март 2012
    Мислења:
    7,391
    Допаѓања:
    9,099
    Рамзи беше повреден вчера затоа не го играше.
    Венгер да ги има играчите на Франција во Арсенал за прв состав и резерви да му бидат германците пак ќе заебе работа затоа што нема пристап кон модерниот фудбал. Не може да купуваш играчи кои давале по 20 гола на полусезона и да ги местиш на неприродни позиции па после да бараш место во топ4 во ПЛ. Се` се плашам дека и Обамејанг ќе го расипе како што направи со Лаказет. И двајцата се напаѓачи кои се целосна спротивност на Жиру кој чекаше сите да се вгнездат во 16-ник и да му нафрлат топка, и двајцата се со clinical finish и со голгетерски инстикт, poachers што би се рекло и не се од оние кои што чекаат на тацна само да пуштат нога и глава за да дадат гол. Се виде реакцијата на Обамејанг на голот против Евертон кога исплива во празно и наместо да ја рогне со сета сила (како што правеа Санчез, Волкот и редица други) виде дека голманот е веќе долу и само мирно ја поткрена топката.
    Вчера Озил беше пак во своето старо издание, наместо да пушта долги топки на Обамејанг тој одбираше да враќа назад или да си игра со Џака на 5 метри.
    Лошо ептен лошо, и формациски и тактички. На вакви дерби утакмици очекувано е малку повеќе физички контакти и додека Тотнам изгледаа спремни на тоа, Арсенал делуваа ко да очекуваа тренинг сесија да имаат, толку млитаво и бездушно делуваа. Чех спаси неколку топки инаку ќе беше потоп ова.
    Единствени тројца играчи на кои не би им замерил вчера беа Чех, Кошчелни и Вилшер кој мислам дека би плаќал ако треба за да игра за Арсенал од што го сака клубот.

    Инаку малку познат факт е дека Тотнам имаат топџија кај нив
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Outrider му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Outrider

    Outrider A Witty Cat
    Член на администрација

    Зачленет на:
    23 мај 2013
    Мислења:
    4,725
    Допаѓања:
    5,266
    И сега ќе го казнува Арсенал на секоја утакмица Кејн :kafe
    Не знам како била приказната со него, ама интересно било со Салах кога тренирал како тинејџер, тренерот го викнал и му кажал да си бара друга професија пошто фудбалер не бидувало од Салах, да не се занесува повеќе, да си фати некој занает :patos и пред некој месец Салах го пронашол типов и му платил карти, смештај и превоз него и на цела негова породица на Енфилд да дојде да го види "антиталентот" на дело.

    Poacher е лик како Чичарито или како што беа Инзаги и Солскјер, инаку секој квалитетен напаѓач има poaching инстинкт но poacher како таков е играч кој се мота наоколу и собира отпадоци или се наоѓа на право место во право време.
    Не е до Венгер тоа, центарфор го игра како што играл и во Лион, Лаказет има една нога и се мести на неа, тоа можеби не било толку очигледно против Бастија или Ажаксио ама во ПЛ многу потешко тоа ќе оди. Ќе видиме што финиш има Лаказет, со Тотнем промаши две јаки шанси, една беше сам имаше време да се намести на волеј ја запука во трибина а втората кога излезе пред Љорис. Има време, може ќе се подобри и ќе влезе во форма ама кога новодојден играч му зема место не остава многу простор за оптимизам.

    Оспина фати жив пенал со тие швеѓаните, тоа цел град од каде што доаѓал тимот го собирало на Д Гроув плус би останале празни места :unsure интересни се егзотични мечеви на вештачка трева со некои бизарни тимови, ерменецот две асистенции, ај може наредно ќе се падне некој како Милан или Борусија па ќе има раја на трибини ова она...општо чудна атмосфера беше како тренинг утакмица...:unsure
     
    На existence му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели: