Со филозофијава Венгер ги уништува играчите скроз. Џабе ти е да ги имаш Лаказет, Обамејанг и Озил па ете и Микитаријан кога играш со потпросечни играчи ко Ивоби, Велбек, Џака, Мустафи, Белерин, Чемберс. Со оние Остершунд едвај спасија глава, два гола за една минута. Оној Булд јас стварно не знам што ги тренира дефанзивците ама катастрофа се. Зонска одбрана не знаат да постават на корнер, не знаат да маркираат играчи, поставуваат блокови со погрешна нога, координација 0, офсајд стапици јок. Додуша и си заслужи Венгер, наместо да го продадеше Санчез за 65 милиони летото, сега ќе ги имаше и Волкот и Жиру и Кокелан на клупа, а со тие 65 ќе го купеше Обамејанг или Микитаријан. Плус не мораше да го продаде Шчезни за кило семки на Јувентус кога знаеш дека голманите се катастрофа. Чех има по 2 блескави партии во сезона кога знае да направи разлика што е премалку за тим што сака да биде на врвот, Оспина нема ни толку. Шчезни го набрка поради една лоша партија со Саутемптон (што и не беше само негова грешка за поразот затоа што цел тим беше катастрофа тогаш) и поради тоа што го фатил со цигара во вц одма после утакмицата веројатно за да се смири малку, па веднаш го мавна на позајмица во Рома и од таму во Јувентус. Ако во Јувентус што два пати стигнува до финале на ЛШ можеле да видат квалитет во него уште не ми е јасно како можеше Венгер да го шитне за кило семки и воопшто да не сака да го врати во клубот кога овој пред да потпише за Јувентус се врати во Лондон и буквално ги молел за нов договор. За жал ситуацијата е таква моментално, распад на целиот тим и се припрема терен за нова генерација. Порано тоа значеше шанса за младинците од школата од која излегуваа квалитетни играчи, денес излегуваат изгубени таленти ко Ивоби, Мејтланд-Најлс, Јаја Саного, Кемпбел... Јас се припремам за времиња во кои Арсенал ќе биде нешто ко Милан и Интер во Италија, од врвот па до дното.