Има повеќе имиња што се спомнуваат ама Анчелоти некако најсериозно делуваше. Се спомнуваа и Јоаким Лев, Брендан Роџерс, Анри едно време го спомнуваа, Артета исто демек желба на стариот бил.
Вечерва можно е и да нема утакмица затоа што Сити донеле одлука да тргнат денес, а временските услови во Англија не се баш добри и постои можност да биде службено 3-0.
Meanwhile на протестите во Скопје:
Отвори ја прикачената датотека 32287
Добра финта е ова со Венгер аут trope на најрандом места
Аман со тој Роџерс ццц, каков баксуз, после онаа бламажа со Зенит пред некој ден не знам дали е погоден за клуб како Арсенал, ама изгледа тоа е судбина, трите клуба кои најмногу ги ценам сите да бидат водени од ликот, нестварно нешто
Артета може ќе излезе како арсеналовскиот Мојс (кој беше желба на Фергусон) Ама ок, нека поднаучи занает во Сити, којзнае...
Очекувано, потоп уште во прво полувреме. Нема веќе морал кај играчите, а се` потешко ќе биде да се носат големи имиња кога не играш во европски натпреварувања и играш очајно. Очекувам и Милан да го исфрлат Арсенал и конечно Венгер да замине. Ако беше толку до играчите ете годинава се сменија многу работи, дојдоа и заминаа многу играчи но играта остана иста дури и полоша. Ете ги пример противниците Милан, до пред да дојде Гатузо скроз истиот тим играше катастрофално, ама дојде Џенаро и смени многу работи како тренинг, тактика, им го смени цел мајндсет, почна да ги носи во ред и се крена моралот и истиот тим два месеци нема примено гол. Истото им треба и на Арсенал, некој ригорозен тренер ко Конте или Гатузо, да ги притисне малку и да поработи со нив наместо стариот со неговата филозофија да им остава на играчите да биле креативни.
За играта сношти, ја гледав до пеналот на Обамејанг и после немав желба да ја гледам ич. И Маринер не можам да го гледам кога суди, критериумите му се заникаде. Не го кривам воопшто за поразот, далеку од тоа, само ме нервира многу кога судија нема концизни критериуми и некогаш остава скоро ќотек да паѓа за да свирне фаул, а некогаш и без контакт жолти дава. Тактички катастрофално, тим без храброст и со уништен дух. На почеток се понадевав дека можеби и имаат некој гнев да ги држи за да се борат ама брзо ми пропаднаа надежите. Белерин скроз ми е нејасен, тренира нафрлање од страна, тргнува во напад, добива топка и... враќа на Кошчелни. Озил е новиот Санчез, влече топка, прави вишок и ја губи или додава на одбрана. Неколку пати наместо да додаде на Обамејанг додека овој беше во трк за контра, Озил стигнува до средина на терен и враќа назад. Микитаријан има убави идеи ама штета што нема со кого да ги реализира, сите мртви по терен. Велбек... Јаја Саного No.2. Не ми е јасно само како Џака заслужува место пред Вилшер. Мустафи не е за коментар, дечкото си има некоја фалинка и мисли оти е Неста у најдобри денови па прелетува на сите страни со клизачи стартови само што за разлика од него Неста беше корисен играч. Мертезакер врати се! Би ги трампал Чемберс, Мустафи, Белерин и Монреал за да го вратат Вермален од Барса. Паскал Сиган и Сквилачи беа подобри од овие сега. Катастрофа невидена се веќе, не знам во кој правец ќе иде клубов ама не ми иде накај арно работава.
Како си редат порази ццц, после поразот од Брајтон останува уште од Милан да испаднат и официјално да се заокружи најлошата сезона откако го пратиме Арсенал
Џака мора да е вонбрачен син на Венгер, нели имаше некои афери со љубавници, нема друго објаснување, не го седна на клупа ниту еднаш две сезони скоро, на сите фронтови го игра секоја минута, Вилшер требаше да се докажува со играње во ЛЕ и ЛК овој си има загарантирано место па макар и да сруши рекорди во грешки.
Сендерос и Џуру фалат во оваа екипа а Чех последно време е послаб од Маноне и Алмунија
Диаби да влезе со штаки на терен ќе биде покорисен од пола екипа.