Вчера имаше ждрепка за трета рунда ФА Куп.
https://en.wikipedia.org/wiki/2017–18_FA_Cup#Third_Round_Proper
Од позначајните:
Ливерпул - Евертон
Нотингем - Арсенал
Јунајтед - Дерби
Тотнам - Вимблдон
Сити - Барнли
Нотингем Форест го нема веќе лордот, го нема ни Хенри Ленсбури како бивши топџии. Таму е останат Траоре кој играше на Емирати пред 10 години, дете на Арсенал што го сфаќаше многу лично ривалството со Тотнам па еднаш заврши зад решетки оти го фатија со боксирач на White Hart Lane. Штета што не доби некоја голема шанса во Арсенал. Беше дел и од срамниот пораз од Јунајтед 8-2 и од тогаш не го видовме на Емирати.
Бентнер тукушто дал гол вс. Вардар (Мирафци) во Скопје за некаков скандинавски клуб каква чест имала тревата на градски да ја гази екс играч на Арсенал. Од друга страна пак, во ЛЕ навистина имаше монголоидни тимови како Вардар кои залутале таму и спротивно на очекувањата, со херојски напори и по цена на голема саможртва успеале да се надминат себеси и да освојат еден цел БОД
Со тоа им одговорија на сите оние циници кои предвидуваа нула бодови и симнување на Динамо Загреб како најлош тим во групна фаза на еурокупови евер.
Што знам, подобро да си обезбедеа место во историјата наместо вака нивниот настап никој нема да го памети, интересно но за Вардар-Мирафци ќе беше подобро да имаа нула него еден и да останеа запишани засекогаш
Ееееее бод !
Вилшер-Бате Борисов 6-0 инаку, а можеше да биде и двоцифрено за еден гол не успеаа да го стигнат Ливерпул против екс-совјет противници
Ин совјет раша д гол скорс ју (автоголот од Бате за 4-0)
Со Нотингем лани играа таму во ЛК беше 1-4 или така нешто, знам Џака даде некој гол од 30м.
Недела со Саутемптон, незгоден домаќин за Арсенал ама и онака не се тоа што беа.
Ливерпул-Евертон се очекува Алардајс/Шекспир да направат зулум на Енфилд, испадна дека Куман навистина бил причината за мизеријата на Евертон