10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Аркантос

Romanticist
23 август 2012
2,352
3,850
1,153
Летс сии...
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Ќе молчам, немам што паметно да кажам.
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Би отворил ресторани и хотели каде што ќе се служи бесплатно јадење и каде што ќе може бесплатно да се преспие на секаде во светот. Затоа што нели ги имам сите пари на светот што значи другите умираат за јадење. Што ќе ми такво богатство.
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Се плашам да умрам прерано. Не сакам да го завршам животов пред да видам некои работи. Има причина за страв... убаво е да се живее.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- За тоа што се залажував дека алкохолот е совршено сретство за решавање проблеми. Не бил. Како би го променил тоа? Би се вратил на мои 16 години и секоја капка алкохол што ќе ми биде понудена со плукање би ја одбил.
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Мора да изберам една личност? Не можам... повеќе се, 7 личности се....
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Би престанал со режимов на исхрана, бидејќи највероватно тогаш нема да имам проблем со Дискус хернија.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
- Можеби неблагодарно. Ама не.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Прво би ги гушнал децата, а ондак секс со жена ми... да умрам со стил мајкуму
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Да ја најдам гитарата долу во подрум. Време е за прајват парти.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Ништо. Јас и потполната среќа од пред неколку години сме наголемите другари на светов.
 

Nightmare_f

Истакнат Член
19 февруари 2012
1,359
2,207
423
Дома пред Пц
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Па споделете ги вашите одговори/размислувања ;)

1.Живејте слободно без некој да ви го диктира животот и не се замарајте за ништо :)
2.Кулинарство и мода
3.Јесте. Не сум размислувала многу за неа, ама коа ќе си дојде сама па и неможеш многу што да сториш.Нормално е да се плашиш.
4. Не жалам за ништо, што и да било како и да било, така требало да биде...идемо даље
5.Кај 2 личности.Да, знаат што ми значат...се на светов.
6.Би им покажала на смртницте колку е убав животот, и дека треба секој ден да го живеат ко да им е последен.
7.Не е по моја мерка, ама едноставно убоо се осеќам коа сум дома и затоа кај и да одам дома си се враќам.
8.Би се јавила на една личност да ја потсетам дека сеуште ми значи како првиот ден.
9.Да бидам ептен позитивна и оптимистички расположена, и да му угодувам на секој можен начин.
10.Стравот.
 

The Tramp

Филмохолик
17 февруари 2012
3,368
4,941
1,173
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Hello, world. :D

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- со она што го сакам.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Се плашам и имам причина за страв.

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- Најмногу жалам што не живеам во некоја друга држава. Можам да го променам ова со заминување во друга.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Кај најблиските. Веројатно знаат.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Ништо. (facepalm)

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
- Ако се мисли на држава, не е по моја мера.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Би пишувал тестамент. :rofl

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Да тропнам некоја глупост со што ќе насмеам некого.

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Многу нешта. :rolleyes:
 

Aleksis

Jukebox
4 април 2013
1,443
2,543
1,133
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
-Life is beautiful!!
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
-Би отворила некое пабче каде што ќе уживам по цел ден со пиво во рака!
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
-Понекогаш да,понекогаш не! :)
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
-Јебига жалам за некои работи...и веќе ги променив!
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
-Кај 3 личности...нормално дека знаат!
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
-Ќе се нервирам,неќам да сум бесмртна!Уствари како да одговорам на ова прашањеее...:unsure
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
-Категорично не! :)
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
-Би запалила џоџо и би пиела пиво за последен пат! :D
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
-Доволна е само една насмевка!
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
-Мојот глава,уствари тоа што е во неа ! :)
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида and Lena

violetmoon

Модератор
Член на администрација
11 декември 2012
2,662
5,747
1,153
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Уживајте во секој миг од вашиот живот бидејќи е навистина краток......а останатите 25 сек. би молчела.:giggle

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
Хммм нешто во доменот на археологијата можеби.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
Да се плашам и имам причина,празнината која би останала во срцата на моите најблиски.

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
Има една работа за што навистина многу жалам,ама можеби некогаш и ќе добијам втора шанса за истата.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Кај моите најблиски и најсакани....и често им покажувам колку ми значат.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
Не би сакала јас да сум само бесмртна,а останатите не.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
За жал не.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Би ги гушкала моите најблиски и би им кажала дека ги сакам најмногу.

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Да делам насмевки,ширам позитивна енергија и да поделам некоја лента аналгин гратис:zelen.

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Би рекла дека потполна среќа нема,ама таа што ја имам ми е доволна.
 

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,796
1,153
29
Битола
1. Бидето тоа што се и не му дозволвајте на никој да ве менва зошто ова е само ваш еден и единствен живот !
2. АКТЕР дефинитивно
3. Да се плашам..најголемиот страв мие
4. Некои лоши работи шо ми се случиле во минатото, едноставно не се променва
5. Кај 4 личности
6. Нема ништо да променам, бесмртност супер звучи иначе
7. НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ НИКАКО
8. Би ја е*ел таја шо ја сакам
9. Многу добро умеам да ги смеам луѓето шо ги сакам така да можам одма секој да го насмеам
10. Па искрено многу работи
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MATEJA and Брида

Luckky

Upright
22 февруари 2012
2,636
5,812
1,153
32
Western Sky, Land of Oz.
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Да се стават во кожата на нивниот најголем непријател за тие 30 секунди, да молчат и да размислат како е. Сепак и не сме толку различни после се.
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Хуманитарни кампови, центри за истражување, фондови за екологија, центри за згрижување, антидискриминаторни работилници и така натаму.
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Да. Иако е дел од еден природен циклус донесува болка на сите тие што те сакаат и ценат. Само поради нив.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- Највеќе жалам за мојата недоверба во луѓето. Би сакала да сум способна повеќе да верувам.
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Фамилијата. Единствените што ќе се покрај мене и во подеми и во падови.
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Би се ослободила од клише начинот на живот што ни се наметнува. Учи, работи, омажи се, плаќај кредити и камати итн. Ќе се посветам на изучување на секоја тема и проблематика што постоела, постои моментално и најверојатно ќе постои.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
- Да. Ретко можеш да најдеш толку изнамачена а толку горда земја. Толку задушена во проблеми а толку весела. Толку сиромашна а толку богата. Толку мала а толку голема до недоглед.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Ќе ги отворам сите мои албуми со слики и ќе пробам да се присетам на сите оние моменти во животот кои ме направиле среќна. Не оние типичните, родендени, свадби и прослави, туку напротив оние рандом случки од на улица, школо, одмори, излегувања ..
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Да го сослушам. Стигнавме до степен кога сите кукаме и се жалиме како ни е, но ретко кој е тука да замижи за своите проблеми и да проба да го сослуша и разбере другиот.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Јас, само јас и никој друг.
 

Anakin

Истакнат Член
23 август 2012
869
977
203
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?- You fuckin fuckin cunts..fuckin fuckin cunts ...you do not deserve anything !!!
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?- Би ја заштитила природата од уништување и веројатно така би ги потрошила сите пари/ би се занимавала со еколошки прашања
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв? Да се плашам, секој ден и секоја ноќ , има ли нема ли сепак се плашам!
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес? Не жалам за ништо(секако дека постојат работи ) , ама не гледам така на животот и се прифаќам себе си , односно знам да живеам со себе си !
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи? Многу ми е гајле ако загубам, ако сеуште имам кај кого да истрчам ништо друго не ми е битно .
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни? Ќе се намирам малку .) прашање 3 нема да ме тангира .)
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка? Апсолутно да (ако збориме за почвата и местоположбата ) :^)
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45? Ништо, ќе паничам ..глупо прашање
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому? Знам мене што би ми го разубавело денот(nod)
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа? Клише прашање ама ај...како и да е , среќа за мене е сега овој момент !
 

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Доста беше војни..да се сакаме и почитуваме сите!!без разлика на вера,националност....
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
Фотограф
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
Се плашам од смртта затоа што не знам се случува после тоа...
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
За некои работи што направив..кажав..
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Моите најблиски...
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
Би ја искорисита секоја минута со најблиските,бидејќи јас сум бесмртна,но не и тие...
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
Не
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Би читала вицеви,би се сетила не некои среќни моменти..кратко речено би била расположена.
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Да и кажам на личноста колку многу ми значи и ја сакам...
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Јас сум потполно среќна...но ете..можеби одговорот е и затоа што сум баксуз...:)