10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

MacedonishQueen

Истакнат Член
17 јуни 2015
205
131
143
1. Да се сакаат, бидејќи од љубовта нема нешто поубаво.
2. Докторка
3. Да. Што ќе кажам пред Бог?
4. Заради една личност, да можам да го вратам времето ќе биде подруго.
5. Кај дечкоми, секако дека да.
6. Ништо.
7. Незнам.
8. Ќе спиам.
9. Би направила некое изненадување.
10. Зависи, некогаш имам среќа некогаш не :/
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

●Untouchable°

Староседелец
24 август 2015
1,183
1,132
1,133
Интеρесанте :D
1. Живеј го сеκој ден исполнет со сρеќа, љубов, ρадост. Биди благодаρен на Бога со сеκое отвоρање на очите што си и денес жив. Не злоупотρебувај го човеκа биди хуман и саκај го. ,,живеј го сеκој ден κо да ти е последен,, :)
2. Би била учителκа . :D
3. Не се плашам.. Κога κе дојде тој ден аκо имам сила и вρеме κе му се заблагодаρам на Бога за се' што сум имала во животов :)
4. Жалам што дозволив уште од мала блисκи личности да имаат големо влијание на мене. Би била поρешителна и појаκа да знаев деκа κе е ваκа ;)
5. Маρија. Единствена вистинсκа пρијателκа. Па ноρмално бρате. И да не и κажам си знае самата <3
6. Не знам... Да имам можност тоа да го поделам би им го поделила на бρаќата :D
7. Јоκ!
8. Би ја собρала цела фамилија и сите пρијатели и би ги κажувале сите најлуди моменти се најубаво.. Нема да им дадам вρеме за тага.....
Во таа гужва саκам здивот да ми згасне во ρацете на дечκо ми...
9. Доволно е κаρти да игρам и да губам за да ρасположам неκој.. па κао се лутам на изгубата.. :D
10. :D... не знам


*Пρашањава се вρв! Те теρаат да мислиш на неκои ρаботи κои ни на сон не би ги помислил.. Κул.. :D
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: Брида

Брида

Полноправен Член
9 февруари 2016
40
31
8
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Сакајте се себеси такви какви што сте, бидејќи вие сте единствен таков примерок и затоа сте посебни. Слушајте квалитетна музика, читајте книги и најважно љубете со цело свое битие, љубете до болка, бидејќи кој не љубел тој не знае што е миг среќа, вреден 100 години тага ...
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Исто како и сега со музика ...
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Не се плашам ...
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- Искрено не жалам за ништо кокретно што го сметам за некоја огромна грешка, можеби би ја искористила шансата да заминам од тука ...
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Мама и Тато :)
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Не сакам да бидам бесмртна, не знам што би променила ...
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
- Не е, заради тоа што не можам да го работам тоа што го сакам (мислам јас можам, ама немада имам доволно финансии за да опстанам) ...
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Ќе ја пуштам Патетична Соната - Бетовен, ќе си сварам кафе, ќе запалам цигара и ќе ја чекам смртта ...:)
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Можеби ако му се јавам и му речам: Отвори, пред врата сум !? :giggle
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Премногу размислување, а премалку ризикување ...
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: ●Untouchable°