10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Y1K991

Parleur
1 март 2012
6,278
9,120
1,683
По кратко мислење и подолго одбегување на темава се решив да одговорам на неа. Јебига.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?

tumblr_mljd2pYlJi1rd316eo1_500.gif


2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
-Мапирање на ВМ и ОСМ

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
-Не се плашам. Сите ќе умрат.

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
-Изигравав патриот и не заминав Романија.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Нигде.Не.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
-Се по список.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
-Не. Ако е по моја мерка, тогаш би бил или криминалец или политичар на власт.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Ќе спијам најверојатно. Барем ќе умрам наспан.

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
N/A

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Ум, пари, добар сон.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy and escape

Mameha

Староседелец
9 јуни 2013
365
819
1,103
Вселената
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- What's up Bro?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Би пишувала книги, Истрага на местото на злосторството.
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Не се плашам од неа. Човекот треба да се плаши од луѓето, не од смрта.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- Сум му верувала повеќе на луѓето и сум била добра повеќе отколку што треба. Па...тоа време помина биди ГАД и секој ќе те цени у денешно време...
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Кај моето милениче.
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Би одлетала во вселената.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
-Воопшто НЕ!
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Би изела многу многу чоколада, би јадела не прекинато дури да дојди полноќ хахаха
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Би му подарила една цврста прегратка.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Среќа
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina and Y1K991

Badgirl

Староседелец
4 јануари 2013
1,477
3,258
1,133
30
Najubaviot grad ------> SKOPJE :D
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Па споделете ги вашите одговори/размислувања ;)

Ајде шефе да ги слушнеме(прочитаме) и вашите/твоите одгвори :zelen
 

Makedonec

Модератор
Член на администрација
15 јуни 2014
1,473
1,200
1,133
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
дружете се и правете добро само така ќе се чувствувате подобро
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
медицина
пеење

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
па секој од нас се плаши на некој начин
сепак тоа е најлошата работа за еден жив организам

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
тоа што бев премногу добар кон некои луѓе кои мојата добрина ја користеа за некоја нивна цел
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Во прегратките на моето семејство
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
едноставно ќе се грижам се да биде подобро
сепак јас сум тој кој ќе може да им помогне на идните генерации

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
да
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
би избегал на Водно или би седел на тараса и би слушал музика
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
доволно е да му овозможам вистински да се насмее
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
времето и парите
 

Prashina

Староседелец
28 јуни 2013
1,367
3,061
1,133
Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Ширете добрина и љубов меѓу сите луѓе
Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
медицина

Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
НЕ

За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
Потрошив време на луѓе коу не го заслужуваа ниту моето време ниту мојата љубов. Нема да му давам толку време од својот живот никому, освен на детето свое.
Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Таа личност не знае , но мислам претпоставува а не му се верува.
Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
Не сакам бесмртност

Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
Не
Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Би водела љубов
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Би го гушнала од срце
Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
взаемна љубов во вистинска смисла на зборот
 
Последна промена:
  • Ми се допаѓа
Реакции: steel

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Нема да ви паднат рацете ако помогнете на беспомошните!
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Со социјална работа и политика тоа и сакав ама ете немав среќа :/
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Од мојата не се плашам, ама се ежам од туѓата, не можам да прифатам дека тие што сум ги знаела, сум се дружела и живеела со нив веќе ги нема.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- Најмногу жалам што уште како мала погрешно се поставив спрема моите и сега како резултат на тоа тие си прават што сакаат со мојот живот, а јас буквално немам право да се спротиставам. Се трудам и ќе продолжам да се трудам да променам барем нешто но тешко иде.
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
-
Во суштина немам никој кај кој би можела да истрчам и да го прегрнам, тргнувајќи од моите дома чим они не ми веруваат и не ме подржуваат не очекувам тоа некој друг да го направи.
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Ништо не би менувала само би го завршила тоа што веќе сум го почнала, а после тоа би почнала да си ги исполнувам сите мои желби една по една.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
- Добра си е земјата, ама народот не ми чини.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Би тркнала до првата слаткарница и би си порачала три парчиња захер торта па се надевам дека до полноќ би изела барем по пола од секое парче торта. Мислам дека нема ништо подобро од слатка смрт. :)
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Па мислам дека насмевката, позитивните муабети, мисли итн секому му го разубавуваат денот, бар мене ми го разубавуваат па по таа логика пробувам и јас некому со тоа да му го разубавам денот.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
-Мојата тврдоглавост, инаетот и пребрзото донесување на заклучоци.
 

steel

Полноправен Член
27 декември 2013
17
5
13
28
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Бидете позитивни, потрудете се да се пронајдете самите во себе.Доколку го остварите тоа ќе бидете среќни, пред се за самите вас а потоа и за другите.
Не бидете ограничени-тоа е само поради стравот кој го имате од непознатото.Зголемувајте ја надежта бидејќи таа е оружјето со кое ќе го постигнете сето она за кое копнеете.
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
-научник,кловн,професор.... нешто со кое ќе можам да напредувам (да бидам исполнет и каде ќе можам да создавам насмевка-среќа)
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
-можеби
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
-не жалам за ништо , само биди позитивен и учи :D
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
-my parents
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
-би го искористил времето за да дознаам за се што досега не сум знаел
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
се она што ни е дадено, па макар и грутка земја би можела да биде совршенство .. за земјата е повеќе од она што ми треба.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
би го правел она што ме прави среќен
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Simple ... само подарете насмевка!
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Момент
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Prashina

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
1. Сите ќе умрете!

2. Ќе продавам пуканки.

3. Многу се плашам, ноќе не можам да заспијам од што ми е страв.

4. Најмногу жалам што не го собрав албумот за светското :( уште не можам да се помирам со тоа.

5. Кај никој нема да одам, никој не ме сака мене. :(

6. Ништо.

7. Не ми се допаѓа земјата, сакам да живеам на марс.

8. Ќе одам во веце, сакам да умрам со весник во рака.

9. Ништо, јас сум баксуз, можам да расплачам некого.

10. Прозор и челични решетки.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

malo

Староседелец
Најфотограф
13 септември 2012
1,280
2,070
1,133
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Да не си го трошат животот барајки задоволства кои кратко траат, да се посветат на градењето на сопствената среќа. Да не се откажуваат од нештата што ги сакаат. Да шират љубов, да ја примаат љубовта која им е дадена. Да се хранат здраво. Да не ја уништуваат природата. Да не се занимаваат со политика.
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
Ке продолжам да изработувам накит, да сликам... Потоа, ке се занимавам со нутриционизам или некоја друга алтернативна медицина, ке готвам во ресторан за здрава храна, ке произведувам здрава и органска храна, ке згрижувам невдомени кучиња и мачиња, ке свирам на гитара во бенд...
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
Не се плашам од смртта.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
Жалам што многу време потрошив на погрешни луѓе, но не би променила ништо бидејки и од нив научив добри лекции.
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Кога ке размислам... Баш тие личности се се што имам во животот. Не знам што би правела ако ги изгубам.
6.
Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
Себе. До некаде можам да се помирам да живеам вака уште 30-40 години, но цела вечност -не.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
Незнам...
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Ке се молам да не се родам повторно како човек.
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Да останам насмеана и позитивна цел ден.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Мојата мрзеливост.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Outrider

Outrider

A Witty Cat
Член на администрација
23 мај 2013
5,405
5,905
1,683
Disco
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?

- Нема задгробен живот, пробајте да си го средите предгробниот бидејќи времето лета, не правете срања кои не сакате да ви ги прават вас, државата е арамија и убица што значи ако си ја сакате исто како да сакате манијак, не се сфаќајте себе си премногу сериозно освен ако не е лајф ор дет ситуација, не седете на цименто...

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?

Позеленување на пустините со помош на перманентна култура, решавање на енергетските прашања, фабрика за изработка на картонски кутивчиња во кои би имало по 25.000 евра а кои би се делеле на сиромашни по светот, конструкторско биро за авиони, суперпроводници, возови со магнетна левитација, воведување на индустриски хемп во производство на широк спектар производи, финансирање на анархистички револуции, акции за ерадикација на политичари, олигарси и клептократи по светот со нималку суптилни средства, инвестирање во уреди за детекција на психопати и социопати од најмала возраст и нивно гпс-чипирање за да можат да бидат следени 24/7 низ животот заедно со забрана за општествено делување...и нов лап-топ на кој конечно ќе инсталирам Убунту.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?

- Не се плашам, тоа е тој циклус на животот, свесноста за смртноста не значи паника и хистерија, напротив.

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?

- Има неколку ствари, во 1/4 од ситуациите јас сум бил идиот и сум заебал а 3/4 било околина/услови на кои не сум можел да влијаам. Бидејќи немам временска машина џабе е да се мисли на тоа, а лекциите се сосема добро научени.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?

- Нема таква личност, барем не би имало во такви услови. Ако човек изгуби се` сите ќе му станат странци, најблиските инклудед.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?

- Се надевам дека нема да ме стрефи инфракат или шлог.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?

- Земјата во која живеам е по мерка на глупави морони.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?

- Житан блу цигарче, ако тоа се дешава во Франција, Белгија или Швајцарија... ако не, може и Лаки Страјк... со кафенце со многу шеќер и крем во него

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?

- Многу малку, секако може на најблиските да им се каже некој арен збор или нешто така...

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

- 25.000 евра би ме усреќиле многу и ветувам дека нема да ме искварат, за другото важи формулата за среќа на Егдар Алан По која се состои од четири точки а која е сосема точна. Пештерата на Едмонд Д`Антес или некој опат Фариа би биле пожелни :zelen
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: MoonFairy, Aleksis and malo