10 провокативни прашања: како ќе одговорите вие?

Lena

Poétesse
12 октомври 2012
4,155
7,687
1,183
земјата на чудата
Arkantos
те цитирам:

"8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Прво би ги гушнал децата, а ондак секс со жена ми... да умрам со стил мајкуму"

Најпаметно:)
 

84 sk_Y ^_-

Староседелец
21 ноември 2012
595
825
1,093
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?- Дека мирот и слободата се најбитни и дека никој не е ништо повеќе или помалку од некого .
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?-Би се занимавал со архитектура .
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?- Да , на поинаков начин но сепак се плашам , има причина за страв пошто разликата е кој порано кој подоцна - зошто ние да бидеме во тиа кои ќе ги снема порано , нормално да посакуваме за повеќе искуство и убави моменти .

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?Жалам затоа што нанекои луѓе премногу сум им дозволил , дека сум се поставил многу скромно и дека многу често верувам на другите и лесно ја отварам мојата душа .
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?Таа личност веројатно спаѓа во тоа мое - " се' "
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?- Би живеел доста похрабро и би си зел повеќе за слобода .
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?Паа и не баш.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?- Би наоѓал причини за сме и среќа и би се мсеел најсилно што можам .
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?Мислам дека би била доволна само една ес-ем-ес порака .
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Малку повеќе од мојата животна среќа .
 

Марија

Poétesse
14 април 2012
1,146
2,491
1,123
Скопје
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Па споделете ги вашите одговори/размислувања ;)

1. Сакајте се себе си и сите околу вас, љубовта и храброста заедно отвараат многу врати. Во продолжение би одбрала добри 15тина секунди од некоја моќна песна и би ја пуштила во прилог : )
2. Би била писателка. Всушност писателка би била секако :D
3. Да се плашам, не од сопствената.. од онаа на оние кои најмногу ги сакам...
4. Не жалам за ништо. Ништо преважно.
5. Би истрчала кај мама и тато, сестра ми, другарките.. кај него.. сите знаат колку ми значат : )
6. Не сакам да сум бесмртна ако луѓето кои ги сакам не се истотака.
7. Понекогаш да, понекогаш не.
8. Очајно би се обидувала да си остварам некоја неостварена желба : )
9. Посакан пријатен ден, подарена насмевка, сварено кафе, направен муабет...
10. Нема потполна среќа : )
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: melpomena

Mystique

Староседелец
18 јуни 2012
753
1,413
1,103
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Па споделете ги вашите одговори/размислувања ;)

1. Би ја отфрлила таа можност.
2. Би отворила прифатилишта во сите краеви на светот за потполна грижа за деца со пречки во развојот. И да ги немам сите пари на светот ќе се стремам да го работам истото.
3. Да се плашам , но не од својата туку од онаа на моите најсакани. Единственото нешто кое ме загушува до болка е таа помисла и тој страв.
4. Жалам што за многу битна работа ја излажав мојата мајка. Лекцијата е научена. Не си ги лажете родителите , не дека не знаат дека лажете , туку ви дозволуваат да мислите дека не знаат, само затоа што веруваат дека на крајот ќе се покаете и ќе ја научите лекцијата.
5. Ако изгубам се што имам, тогаш тие кон кои би истрчала во прегратка не би биле тука. А сигурно дека знаат колку ми значат.
6. Цело мое постоење би барала начин да станам смртна. Бесмртноста е повеќе проклетство отколку благослов.
7. Ние ќе одговориме „Не“ само затоа што луѓето во неа се оние кои нечинат... Прашајте ја земјата дали сме и ние по мерка...



8. Ќе плачам по 3 мин во прегратката на секој од моите најсакани.

9. Само ќе се шегувам на сопствена сметка. Гафовите се дел од моето секојдневие,и затоа сум секогаш добар материјал за некој тажен и намуртен да се изнасмее во гласови.
10. Мојата совест.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: street_chic

Viktor k

Староседелец
4 мај 2012
827
537
1,103
34
Скопје
1.Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале? Водете љубов , а не војни!
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале? Снимање на филмови.
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв? Не се плашам од тоа нема бегање.
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес? За погрешниот начин на одбрано образование.
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи? Кога би изгубил се што имам би истрчал маратон , а после ќе му ја мислам што понатаму.
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни? Најверојатно ништо.
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка? Воопшто не е! Би променил многу работи ама тоа е.
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?Ќе се напијам арсен.
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому? Да му кажете колку ви значи.
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа? Парите.
 

Just Perfect

Активен Член
3 април 2013
137
120
43
Додека секојдневно размислувате за финансиските проблеми, проблемите дома, на работа и на факултет, за своето незадоволство, диетата која треба да ја почнете... разбијте ја монотонијата и одговорете ги овие неколку провокативни прашања, кои ќе ве наведат барем за момент поинаку да размислувате за животот.

1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?

Па споделете ги вашите одговори/размислувања ;)
1.Да престанеме со глумата и цела таа фарса.
2.Меѓ.транспорт
3.Ни најмалку,и онака сите еден ден ќе умреме.
4.хм...не знам..мислам дека сеуште нема такво нешто.
5.Кај две особи..знаат..
6.уф... би ми било досадно..но сепак би смислила нешто ваљда..првично сигурно би била разочарана
7.Не баш...
8.Текила на екс би пиела најверојатно и би си смеела како луда
9.хм...насмевка
10.Моите постапки!
 

Хоуп*

Proton
4 април 2013
2,410
4,218
753
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
- Водете љубов не војни.. Целта не секогаш ги оправдува средствата.

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
- Со многу работи.. Нешто со деца, животни или стари луѓе.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
- Да, но ако размислувам на таа тема нема да најдам решение да ја избегнам.. Како и да е сите не чека иста судбина.

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
- За изгубените личности, за тие што веќе не се на овој свет.. За пропуштените шанси поради гордост или неодговорност, Но, ништо не би променила. Сепак е лекција и памет за друг пат.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
- Немам таква личност. Можеби баба ми...

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
- Ништо посебно. Би оставила да си тече се спонтано.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
Татковината е наша втора мајка-така не учеле и така сум си ја сфатила. Срамота е да се жалам.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
- Многу малце време да направам нешто. Ваљда со некоја чашка шток, некоја пролеана солза и цигара би ја дочекала смртта.

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
- Прегратка.

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
- Мрза
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Y1K991 and street_chic

MoonFairy

Староседелец
28 септември 2012
1,335
1,964
1,133
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
Make love, not war!!

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
Би отворила кафе/книжара и би уживала во двете нешта што ги сакам, кафето и книгата.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
Не се плашам од сопствената смрт, се плашам од смртта на блиските...

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
Хм, најмногу жалам за едно нешто и на жалост не може никако да се промени тоа...

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
Кај мајка ми и кај уште една личност.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
Ќе престанам да се нервирам.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
Не е.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
Ќе имам незаборавен секс.

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
Да кажам само два три збора.

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
Многу работи. Мојата огромна толерантност пред се’...
 

Roxelana

Староседелец
13 март 2013
134
277
1,063
Скопје
1. Кога би добиле можност да се обратите на целиот свет во 30 секунди, што би кажале?
* Луѓе, сакајте се!

2. Ако ги имате сите пари на светот, а сепак мора да работите, со што би се занимавале?
* Би пишувала книги, можеби би била режисер или едноставно би спроведувала некои
истражувања за помалку познатите предели во светов.

3. Дали се плашите од смртта? Ако се плашите, има ли причина за страв?
* Животот е убав, не сакам да умрам - ми се живее !

4. За што до сега најмногу жалите во животот? И како би ја промениле таа лекција денес?
* Жалам за тоа што бев толку глупава. Дозволував да си играат со мене како сакаат.
Бев премногу ранлива, попустлива. Ама ај, ја научив лекцијата.

5. Да речеме дека утре би изгубиле сè што имате. Кај кого би истрчале во прегратка? Дали таа личност знае колку ви значи?
* Во прегратките на најблиските. Тие личности за мене се СЕ.

6. Што би промениле ако сега дознаете дека сте бесмртни?
* Буквално ништо. Би го живеела сосема истиот живот.

7. Дали земјата во која живеете е по ваша мерка?
* Дефинитивно, да.

8. Треба да умрете на полноќ. Што би правеле во 23.45?
* ...Навистина не знам...

9. Што е тоа што можете да го направите денес за да му го разубавите денот некому?
* Едноставно на личноста ќе и дадам до знаење дека ми значи и дека сум среќна
што е присутна во мојот живот.

10. Што мислите дека стои меѓу вас и потполна среќа?
* Трпеливост. И само тоа.