Што сте тренирале до сега

Jack123

Истакнат Член
25 јули 2016
28
8
303
24
Што имате трениранио до сега и кој спорт ви се бендисал најмногу што сте го тренирале

Фудбал
Кошарка
Џудо
Ракомет
Хмм мислам дека имаше уште некој само неможам да се сетам
 

Beauty&Beast

Староседелец
11 септември 2015
739
808
1,103
Аикидо (клик) ;)

Најдоброто и најкорисното нешто што го имам усовршено досега, после долги години тренинзи и напорно вежбање.
Никогаш не знаете кога ќе ви потреба оваа вештина во самоодбрана, а доколку сте тренирале Аикидо, ќе знаете се' што сте способни да направите во непредвидена ситуација.
Аикидото е Јапонска боречка вештина и техника, со која што сте способни во 2 чекора, па некогаш и 1 чекор, буквално да го неутрализирате противникот, па дури и да го убиете (зависи кој зафат ќе го искористите) ... на пример некој манијак со болен ум, што би ве нападнал и силувал (особено е добро да знаат Аикидо девојките).

За среќа досега не сум се нашла во таква ситуација, да треба да ги искористам Аикидо зафатите и техниките ... али секако во пракса сето тоа знам како изгледа, и сите зафати ми се истренирани и доведени до совршенство од долгогодишното напорно тренирање.
Во реална пракса (од туѓи лични искуства), Аикидо во комбинација со огромен адреналин, прави вистински чуда :)
 

Saladin

Unbaised
Член на администрација
17 февруари 2012
6,024
9,655
1,683
Normandy
Џу-Џитцу
Слично мислење делам со @Beauty&Beast
Многу работи и техники ми имаат помогнато во секојдневниот живот.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Beauty&Beast

Altaïr

Shinigami
23 јули 2012
5,855
2,674
1,683
Han Wavel
Кошарка од 6 до 20 години, цели 14 години не знаев за ништо друго буквално. :)
Сите почнале фудбал да тренираат, јас не ни познавав некој што тренирал фудбал, околу мене немаше никој со фудбал, така да си решив кошарка ќе си тренирам. Откако почнав на школо па се до 20 години се будев во 4 сабајле и одев доле во двор и до 6 ќе си шутирав на кошот, сам, после тоа тргнував на школо. Немаше ден а да не останам до кај 10-11 навечер да играм кошарка, ќе се вратев од тренинг и право доле, некогаш и на дожд ќе играв. Еднаш се сеќавам беше декември, снег имаше, јас си шутирав ко луд, поминуваат луѓе ме гледаат, а мене ич не ми беше гајле. Тренинг на затворено во топло, и после тоа одма надвор на снегот. Не ни знаев дека постојат спортови кои се играат со нога, кога видов како играат фудбал си мислев дека нешто не е во ред со нив, мислев дека спортот било кој, се игра со рака. Безброј утакмици, турнири и слични дружења, смеење, ама џабе. Секогаш предност имаа татини синови со длабоки џебови, се водеше битка за богатите синчиња иако истите не знаеа ни да шутнат правилно. Полно добри играчи се откажаа баш заради тие неправди, требаше да се плаќа за да играш во прв тим, местото не ти следуваше ако си добар, ти следуваше ако платиш. 14 години поминаа без резултат, барем имав полно дружби секаде и со секого. Никогаш нема да заборавам кога реков дека е доста, не дека не бев добар, бев, ама неправдата беше подобра од мене. На таа утакмица многу што ги познавам изгубија.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: escape

Kisserboy

Староседелец
6 март 2012
2,451
3,795
1,153
28
Битола
Ракомет, не се каам затоа што за мене овој спорт е повеќе од спорт, емоција, борба, снага, желба, радост, жал се ми е ракометот :D
 

escape

Староседелец
20 октомври 2012
2,285
2,372
1,153
Skopje
www.facebook.com
Еве @Harley Quinn можеш да го ангажираш @Saladin (wave);)
Иначе фудбал 100 години и уште тренираме само поручек 3та лига Мјаууу :cool::cool: :kafe
Како бе 3 та лига, не беше 2 ра?
Иначе јас почнав со модерен балет (несвојствено за мене) имав многу разгалена учителка па се откажав, па одбојка многу кратко и на крај кик бокс и од ова и светот да се преврти нема да се откажам
 

Ghtalpo

Староседелец
27 февруари 2012
2,656
3,335
1,153
Рукомет и џудо а желба останам за бокс